Иднината на човештовото, и факторите кои го поттикнуваат или спречуваат развојот

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.346
Поени од реакции
29.812
Безмалку половина век од првите големи чекори за освојување на свемирот, развојот на вселенската технологија во голема мера стагнира. Вселенската програма на НАСА е толку занемарена што тие веќе подолго време немаат шатлови, туку плаќаат за да ги користат руските шатлови. Тие пак, Русите, и самите стагнираат - останувајќи во најголема мера да ја користат технологијата од стариот СССР.
Напредокот на вселенската технологија е оставен на приватниот сектор, кој не располага ни со 1% од ресурсите што ги располагаат големите велесили. Причина за ова е најбогатиот дел од човештвото, елтитата која не е ниту милионитиот дел од 1% од човештвото, но е елита која го поседува целото богатство, го манипулира економскиот систем, и сходно на тоа ги контролира настаните во светот. Затоа денес убедливо најмногу пари одат на водење војни, и развој на воена технологија. Затоа што луѓето кои мора да се грижат за сопствениот живот, не прашуват премногу за развојот на вселенската технологија, и за иднината на човечката раса.

Во исто време зачестено добиваме предупредувања од врвни научници како Стивен Хокинс, кој вели дека човештвото има добри шанси за изумирање - ако во следните пар векови не успееме да го диверзифицираме хабитатот на живеење (читај, да колонизираме други планети/системи).
Затоа што историјата не учи дека на одреден временски период, планетава циклично поминува низ катаклизмичен настан од поголеми размери. Апокалиптичен настан кој кога ќе се случи, изумираат над 90% од животинските видови. За оваквите циклично распоредени настани, зборуваат археолошките наоди кои на одредени периоди покажуваат значаен пад во бројот на дотогаш постоечките видови.

Можеби утре или можеби за неколку милениуми, никој не знае кога, ама факт е дека таков настан во иднина некогаш ќе се случи.
Едноставната вистина е дека такви катаклизмични настани се случуваат одвреме навреме. Тоа (до сега) не биле настани кои се опасни за самата планета, најмногу благодарение на заштитувачкото влијание на планетата Јупитер. Нашиот голем сосед со своето титански големо гравитациско влијание, прибира многу од постоечките астероиди. Уште поважно - Јупитер ги прибира кометите кои доаѓаат надвор од сончевиот систем (или од Оорт Облакот). Само пред неколку години бевме сведоци на фантастичен настан, кога на Јупитер паднаа големи делови од кометата Шумејкер Леви 9. Само еден удар од деловите на кометата во Јупитер, осолободи енергија најмалку 6 пати посилна од потенцијалот на целиот нуклеарен аресенал на сите војски на Земјата. Повторувам, 6 пати појако од целиот нуклеарен аресенал на Земјата, и тоа само тој еден дел - а многу такви делови од кометата паднаа на Јупитер!

Но таму не завршуваат можностите за апокалиптичен настан, реална опасност се и настани како супернова во соседството (или скраја да е, хипернова). Понатаму небески тела како т.н. „rogue planet“ (помош за превод? „непријателска планета“?), кои по сите наоди се релативно чести во вселенета, затоа што астрофизичките пресметки велат дека орбитите на планетите со дуални ѕвезди се толку нестабилни, да е можно цели планети да се исфрлат од орбита (а системите со дуални ѕвезди се и самите многу чести).

Од друга страна човекот е сосема спосебен и сам себе да се уништи. Кубанската нуклеарна криза е само еден од моментите кога светов (таков како што го познаваме) беше на работ на уништување. Помалку познат настан е „норвешкиот ракетен инцидент“, кога ракета за научни истражувања била лансирана од Норвешка а рускиот одбрамбен систем ја препознал како закана. Руските претседатели имаат куферчиња кои сами автоматски се активираат кога одбрамбениот систем детектира закана. Тогаш на Јелцин му било донесено такво активирно куферче, кое има директна контрола врз нуклеарниот арсенал, и тој на лице место одлучувал што да направи. На наша колективна среќа, и со оглед на тоа чива марионета бил Јелцин, тој решил да не активира нуклеарен одговор а во меѓувреме се разјаснила ситуацијата.
Ова погоре се само пар ситуации кои со пример покажуваат колку малку е потребно за да се случи катастрофа.

Затоа овој уводен пост го завршувам со мислата на Стивен Хокинс:
Верувам дека вселената мора да биде долгорочната иднина на човечката раса. Ќе биде доволно тешко да се избегне катастрофална несреќа на Земјата, во следните стотина години, не па за илјада или милион години. Човештвото не треба да ги чува сите јајца во една кошница, или на една планета. Да се надеваме дека нема да ја испуштиме од раце кошницата со јајца, додека не ја прераспоредиме содржината на повеќе места“.
"I believe that the long-term future of the human race must be in space," Hawking tells Big Think. "It will be difficult enough to avoid disaster on planet Earth in the next hundred years, let alone the next thousand, or million. The human race shouldn't have all its eggs in one basket, or on one planet. Let's hope we can avoid dropping the basket until we have spread the load."
http://bigthink.com/dangerous-ideas/5-stephen-hawkings-warning-abandon-earth-or-face-extinction

Веќе е сосема јасно дека целта е наместо руски гас , западот да се снабдува со катарски и саудиски ,кој цевковод мора да поминува низ Сирија. Сирија денес е Украина лани-место каде треба или нетреба да поминуваат гасоводи и нафтоводи
Добро би било повеќе луѓе да почнат да го разбираат ова.

Светот (на жалост) не е поле на културно натпреварување на народите. Туку е поле на геостратешко „натпреварување“ (читај војување) за моќ, ресурси, влијание, територии, технологии...
Треба да се свестат луѓето дека скоро сите ресурси на човештвото одат за војни и воени средства и технологии, кои се користат за обезбедување на моќта и владеењето на олигархиската светска елита.

Од друга страна врвни научници како Стивен Хокинс предупредуваат дека, човештвото има добри шанси за изумирање ако во следните пар векови не успееме да го диверзифицираме хабитатот на живеење (читај, да колонизираме други планети/системи). Но во последниов половина век и повеќе, на тоа поле целосно стагнираме - затоа што ресурсите ни одат на војни оружје, и воени технологии. :cautious:
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.186
Поени од реакции
18.000

Да но од друга страна човекот најголемите технолошки достигнувања ги имал за воени цели кои потоа се искористиле за цивилни проекти.

За жал човекот сеуште се однесува малце пософистицирано од племе на шимпанза, дури и хиерахијата ни е слична.
Еве и овде на форумов најголем дел се палат на алфа мажјаци, кој колку и какво оружје искористил.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.346
Поени од реакции
29.812
Луѓето се однесуваат онака како што еволуцијата ни ја профилирала психологијата. Тие што го користат тоа (преку социјалниот инжинеринг) се нашите владетели од сенка, светската олигархиска елита. Социјалниот инжинеринг само ги искористува веќе постоечките карактеристики на човечката психологија.

Никој не сака да гине во војни, но тие ни се наметнати одозгора - тогаш веќе се работи за преживување, нема размислување и филозофирање (тоа е привилегија на мирот).

Да но од друга страна човекот најголемите технолошки достигнувања ги имал за воени цели кои потоа се искористиле за цивилни проекти.
Ова е вистина само заради тоа што 99% од ресурсите на човештвото одат за воени цели. Тоа се само попатни ронки, кога ресурсите би оделе во мирнодопска наука - придобивките би биле неспоредливо поголеми. Непоимливо поголеми! (од аспект на денешнава неукост).
Но како и да е - па зарем човештвото треба да се задоволи со трошките од развојот на воената индустрија??

Најпосле каква придобивка има човештвото од сите тие силни воени технологии?
Придобивки има само светската олигархиска елита, која преку војни останува на власт. Мора да владеат за да можат да го експлоатираат човештвото. Всушност мора да владеат за да ја зачуваат моќта и богатството, не сакаат да им се случи некој пандан на Француската Револуција.
Но за човештвото тие се паразити, кои го спречуваат развојот и напредокот. Затоа пак прашувам каква придобивка има човештвото од развивањето на воени технологии?

Да одеа барем 50% од ресурсите на развој на мирнодопската наука, и вселенската технологија - сигурен сум дека сега веќе ќе имавме постојана база на Месечината и ќе беше во тек тераформирање на Марс, и ќе се планираа други поамбициозни потфати...
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.271
Ова е вистина само заради тоа што 99% од ресурсите на човештвото одат за воени цели. Тоа се само попатни ронки, кога ресурсите би оделе во мирнодопска наука - придобивките би биле неспоредливо поголеми. Непоимливо поголеми! (од аспект на денешнава неукост).
.........

Да одеа барем 50% од ресурсите на развој на мирнодопската наука, и вселенската технологија - сигурен сум дека сега веќе ќе имавме постојана база на Месечината и ќе беше во тек тераформирање на Марс, и ќе се планираа други поамбициозни потфати...
Истражувањата во воената сфера му дава замав и поттик на човештвото, најразвиени нации се они кои имаа најсилни и најопремени армии и кои не жалеа пари за воени цели.
Абориџаните во аустралија најголемо воено достигнување им е бумеранго кој го открија пред 20.000 години и ни банка не дадоа после за воени цели и ден денес живеат во пештери и се тепаат со дивите песои за некоја коска во пустината, пигмеите, хотентотите, масаите и купови народи по полинезија, филипини... застанаа со воен развој на ниво на лак стрела или копје и камен и денес живеат во бедни колипки со отворени огништа каде спие прди и кашла пола село.
А види ги Америка, Германија, Јапонија, Русија, Кина.... земји кои порано или сега вложувале и вложуваат огромни богатства во воена индустрија.
На месечината не ојдоа абориџаните туку американците, ескимите не планираат мисија на марс туку земји со силни армии и богата воена историја.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.346
Поени од реакции
29.812
^^
Бах, „истражувањата во воената сфераму даваат замав и поттик на човештвото“.... Лесно се гледа дека се работи за лошо скриена пропаганда. :cautious:

Замав и поттик за што?
Да се испотепаме самите, додека газдите ги држат узенгиите?

Гледај Анјштајн... Ајде вака да се обидеме: Шпанците пред да ја откријат ’мурика, прво мораа да го усовршат бродградителството - пред да имаат на што ги натоварат топовите.
Бродовите пред топовите... м’мхмм? Ти текнуе?

Понатаму, на Месечината нема доморотци. На Марс најверојатно исто така. Така да, нема да ни требаат „топови“ за во Сончевиот Систем. Само бродови и технологија за изградба и (евентуално) тераформирање таму каде тоа е можно (а има многу наговестувања дека Марс постојат изгледни можности).
За понатаму... Којзнае, но секако прво треба да го знаеш непријателот за да дизајнираш соодветно оружје. Пошто - не се сите шајки, па само со чекан да можеш да ја завршиш работа.

Сега како што стојат работите, олигарсите ги контролираат светските збиднувања, и СИТЕ ресурси одат на војни и воени средства (за олигарсите да ја задржат контролата). Но еве се приближуваме кон пола век неактивност во свемирот...
Од друга страна историјата не учи дека на одреден временски период, планетава поминува низ катаклизмичен настан од поголеми размери. Никој не знае кога, ама факт е дека некогаш ќе се случи. Тоа е еден факт, друг факт е дека ако таков настан се случи наскоро - човештвото не е спремно дури ни за преживување на видот, а за некаква евентуална евакуација воопшто нема простор ни за муабет.

Како и да е, сеа очекувам некој (пак) да извади некое рандом полуписмено обвинување за некаква теорија-на-заговор... Итн, итн. :coffee:
 
oти абориџаните не измислија струја или процесори или ракети... еве нешто поедноставно оти абориџани или ескими не открија бојлер или вокмен или најобичен апарат за филтер кафе?
каде се научните достигнувања на тие народи кои куршум немаат испукано на друго битие?
останаа во камено време, да беа сите како нив уште ќе не косеше чумата, до скопје ќе се одеше со коњска запрега а забар ќе беше локалниот ковач.
Сиот напредок во светот се случува по големите војни кога ќе се измислат еден куп напредни и корисни работи.
Ти мислиш дека вените научници седат и цел ден мислат и цртаат нови топови и пишчоли??
тие измислуваат нови ткаенини, нови системи за ладење нови системи за управување, нови материјали за изолација, нови погони, нови начини за комуникација....
 
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914

Да не беа војните, развојот би бил порамномерен. Да не биле војните во последните 150 години, сега би ги населувале погодните небески тела од Сончевиот систем. Барем ти одлично знаеш колку само бившојугословенските републики сега држави изгубија со војната? За постигнување на стопанското ниво од 1990 година потребни се 15 години со напредок на БДП од 12% (ти кажувам поскромна варијанта). А ние пресреќни сме ако имаме 3% годишен развој на БДП. Што значи ќе ни бидат потребни 50 години за да го достигнеме нивото од 1990 година. Дуплирај го тоа време затоа што после 50 си на нивото кое си бил, а уште 50 на нивото кое треба да бидеш. Еве 25 веќе поминаа и дури средината на 21 век за да бидеме на почетокот од последната деценија од 20 век. Правилно пресметај и ќе видиш дека без претерување вратени сме за 100 години, односно дури по 100 години ќе бидеме на потребното развојно ниво.
Но невозможно е без војни, таква е човечката природа. Освен благодатта Божја ништо друго не го скротува ѕверското во човекот.
Човекот во техничко-технолошка смисла го унапредува организацијата. Државната организација најчесто се создава од безбедносни причини за заштита од најразличен вид. Не само од грабањата на соседите туку и за заштита од студ, глад и слично. Просторите со вооедначена клима имаат помала потреба од организираност. Тие во текот на годината имаат еден ист постојан начин на обезбедување на храната и заклонот (Австралија-абориџините, Северниот пол-ескимите, добар дел од Африка). Просторите со променлива клима имаат потреба за неколкуте погодни месеци да се обезбедат за полошото време и тоа им наметнува потреба од поделотворно и поорганизирано работење. Но кога се стекне подобра организација и поголема материјална моќ тоа се пренесува во воена моќ. Во можност за напад и ограбување на соседот, односно полесно и побрзо збогатување. Централизираната моќ од една страна е позитивна за натамошниот развој, но од друга е и кочничар. Затоа што за да не биде надмината штом забележи дека други напредуваат им создава пречки и ги оневозможува да се развиваат.
Тоа е неспорно видливо низ целата историја и сега истото ни се случува. Најмоќните земји од последните 2-4 века имаат застој во развојот, а други земји кои до пред 2-3 децении беа многу сиромашни и презадолжени грабаат силно напред и ни се случува овој општ светски политичко-воен судир.
 
Raynor

Mr.Terrible
Член од
16 април 2014
Мислења
384
Поени од реакции
583
Добро би било повеќе луѓе да почнат да го разбираат ова.

Светот (на жалост) не е поле на културно натпреварување на народите. Туку е поле на геостратешко „натпреварување“ (читај војување) за моќ, ресурси, влијание, територии, технологии...
Треба да се свестат луѓето дека скоро сите ресурси на човештвото одат за војни и воени средства и технологии, кои се користат за обезбедување на моќта и владеењето на олигархиската светска елита.

Од друга страна врвни научници како Стивен Хокинс предупредуваат дека, човештвото има добри шанси за изумирање ако во следните пар векови не успееме да го диверзифицираме хабитатот на живеење (читај, да колонизираме други планети/системи). Но во последниов половина век и повеќе, на тоа поле целосно стагнираме - затоа што ресурсите ни одат на војни оружје, и воени технологии. :cautious:
Имаш право до некаде, САД ја укинаа Шатл програмата, за да отидат до вселената користат Руски превоз( Руски Ракети) баш и пред некое време имаше дебата, за тоа дали да се купат некои инсталации за вселенски летата од Русија...Иако се потпиша договорот, голем број на видни ликови беа против..И точно е дека вселената е запоставена од страна на САД, трошат 10 пати повеке пари на воениот буџет отколку остатокот од светот заедно...Овде нема интерес да се вракаат на Месечината,ниту пак експедиција до Марс.Единственото што Владата на САД ја интересира е како да си ја задржи позицијата на единствена светска суперсила ( позиција која е под сериозна закана од Кина и Русија). Така да они СЕ ке направат само да го спречат тоа, додатно на тоа е и Милитаристичкиот Воен комплекс во САД, кој де факто ја контролира владата. За овој комплекс да преживеее мора да има константно пазари ( војни) каде што ке го пласира своето оружје... Воглавно се согласувам, во последните 30тина години, немаме никаков напредок во вселенското истражување,и не би гледал на ова како теорија на заговор, туку како реален факт. Ресурсите полека се трошат, бројот на населението рапидно се зголемува...Не би ме чудело ако навистина третата светска војна биде за храна и вода...само за пример да споредам, во МК во најголем дел од градовите имаме чиста вода за пиење,е овде во САД на прсти се бројат стејтовите кои имаат чиста вода за пиење... Калифорнија која е пренаселена и има повеке жители од Канада се соочува со сериозен недостиг на вода воопшто.
 
LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
Извинете вака што ви се мешам од трето маало т.е. идам од трето маало и се праам петел тука но, морам да се сложам со некои членови. Уствари морам да го признаам/согледам фактот дека огромен дел од некои работи (рандом), пронајдоци, решенија за некои проблеми или новости се индиректен (во поголем случај директен) производ баш на таа воена машинерија па потоа се дел/влегуваат/воведуваат во употреба во цивилниот живот, обичните граѓани (оспособени според нивните портеби).

Ова го зборувам како батка кој многу добро ја знае историјата (квалфикуван) на милитаристиката и нејзиниот развој. ОК, до среден век - погоре не сум се интересирал многу ама истиот шаблон е - да не филозофирам туку може да се приложат факти (ве поканувам во Историја да се отвори таква тема, мада удира и на филозофија).

Еве, нека се последни примери (хронолошки ; напред - назад): интернет, видео игри и компјутер. (моментално најповрзано со нас)

Дискалмер; оваа мислење е ептен оф топик арно ама така, рандом (или сепак не) го постирам оти одите во таа насока... насока оф топик - во еден правец.
 
Ти во САД живееш?
 
Вон темата сме, ама никогаш не сум сакал да се изостави одговор на така опасните теории:
- за војните како носители на напредокот и
- пренаселеноста наметнува потреба да се требиме

Тоа се глобалистичко-елитистички теории. И штетни и невистинити и за нас обичните смртници целосно неповолни.

Ако горе споменатите глобалистички теории претежнат во умовите на луѓето, соодветен ќе биде и историски тек.
 
LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
- за војните како носители на напредокот и
- пренаселеноста наметнува потреба да се требиме
Се мисли на иновации во милитаристиката кои го промениле обичниот живот а не војните како носители на напредокот.

Каква пренаселеност вад да фак?
Какви глобалистички - елитистички теории ?

Поентата ти ја пишав погоре.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.346
Поени од реакции
29.812
Па нели ваквите акции како соборувањето на руски авион од Турција, се вовед во војна?
Доколку тоа го сакаше, Русија можеше да го искористи ова како casus belli за војна. Затоа не сте во право дека сме во офтопик, кога зборуваме за поврзаноста на војните и напредокот на човештовот (односно недостатокот од истото).

oти абориџаните не измислија струја или процесори или ракети... еве нешто поедноставно оти абориџани или ескими не открија бојлер или вокмен или најобичен апарат за филтер кафе?
каде се научните достигнувања на тие народи кои куршум немаат испукано на друго битие?
останаа во камено време, да беа сите како нив уште ќе не косеше чумата, до скопје ќе се одеше со коњска запрега а забар ќе беше локалниот ковач.
Сиот напредок во светот се случува по големите војни кога ќе се измислат еден куп напредни и корисни работи.
Ти мислиш дека вените научници седат и цел ден мислат и цртаат нови топови и пишчоли??
тие измислуваат нови ткаенини, нови системи за ладење нови системи за управување, нови материјали за изолација, нови погони, нови начини за комуникација....
Их... Колку лоши примери употребуваш, за демек да ја докажеш глупавата теза. :rolleyes:

Тебе тезата ти е дека војувањето дава поттик на развојот на науката.
Зарем мислиш дека Абориџините (или Ескимите) не војувале? Дека не се масакрирале едни со други, со десетици векови без престан? Мислиш дека им биле потребни нови софистицирани оружја за да се колат меѓу себе?? :)

Дали си слушнал за Сентилнејзиците, индогено племе од Сентинелскиот остров (дел од Андаманските Острови, во Индискиот Океан)?
Најверојатно нема повоинствен народ од нив. Тие автоматски и без размислување го напаѓаат (и потоа го спремаат за вечера) било кој што ќе стапне на нивниот мал остров. Тие, хаха - тие дури и хелокоптерите без размислување ги напаѓаат со лак и стрели. Тие многу љубат да војуваат. :sneaky:

Тие, Сентилнејзиците, се одличен пример за тоа дека војувањето НЕ носи напредок.
КОНКУРЕНЦИЈАТА НОСИ НАПРЕДОК. Ама конкуренција не мора да значи војување.

Нејсе, ти како сакаш врти ги работите - на мајтапи, или на дигресии. Останува фактот дека човештвото мора да си го диверзифицира хабитатот. Мора да колонизира други небески тела. Човештвото мора да работи на развој на науката и на вселенската технологија.
Наместо постојано да измислува поефикасни начини да се убие меѓу себе.

П.С. Мора да забележам дека лошо ти иде тролањево... Ама се вадиш на упорност. ;)
П.П.С. Еден интересен документарец за соседите на Сентилнејзиците, Јарава племето:
https://youtu.be/QEUfMGeNxNU
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.271
Па нели ваквите акции како соборувањето на руски авион од Турција, се вовед во војна?
Доколку тоа го сакаше, Русија можеше да го искористи ова како casus belli за војна. Затоа не сте во право дека сме во офтопик, кога зборуваме за поврзаноста на војните и напредокот на човештовот (односно недостатокот од истото).

Их... Колку лоши примери употребуваш, за демек да ја докажеш глупавата теза. :rolleyes:

Тебе тезата ти е дека војувањето дава поттик на развојот на науката.
Зарем мислиш дека Абориџините (или Ескимите) не војувале? Дека не се масакрирале едни со други, со десетици векови без престан? Мислиш дека им биле потребни нови софистицирани оружја за да се колат меѓу себе?? :)

Дали си слушнал за Сентилнејзиците, индогено племе од Сентинелскиот остров (дел од Андаманските Острови, во Индискиот Океан)?
Најверојатно нема повоинствен народ од нив. Тие автоматски и без размислување го напаѓаат (и потоа го спремаат за вечера) било кој што ќе стапне на нивниот мал остров. Тие, хаха - тие дури и хелокоптерите без размислување ги напаѓаат со лак и стрели. Тие многу љубат да војуваат. :sneaky:

Тие, Сентилнејзиците, се одличен пример за тоа дека војувањето НЕ носи напредок.
КОНКУРЕНЦИЈАТА НОСИ НАПРЕДОК. Ама конкуренција не мора да значи војување.

Нејсе, ти како сакаш врти ги работите - на мајтапи, или на дигресии. Останува фактот дека човештвото мора да си го диверзифицира хабитатот. Мора да колонизира други небески тела. Човештвото мора да работи на развој на науката и на вселенската технологија.
Наместо постојано да измислува поефикасни начини да се убие меѓу себе.

П.С. Мора да забележам дека лошо ти иде тролањево... Ама се вадиш на упорност. ;)
П.П.С. Еден интересен документарец за соседите на Сентилнејзиците, Јарава племето:
https://youtu.be/QEUfMGeNxNU
Многу плитко размислуваш, воинственост нема врска со политиката на еден народ да вложува или развива воена техника, ти можеш да бидеш воинствен и со метална шипка в рака а да не си купуваш оружја да ги подобруваш да ги усоврсуваш. Општо земено Америка не е толку воинствена нација али како држава како народ, огромни пари даваат на развој на нови оружја и воена техника, од друга страна воинствените бедуини каде традиционално е војувањето и каде машкоста се докажува во борба, па не ојдоа подалеку од лак и стрела и јуриш качени на камили.
Американците сега ја освојуваат вселената, бедуините се уште печат питулици на плоснати камења во пустините.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.346
Поени од реакции
29.812
^^
- Питулиците печени на плоснати камења се сепак многу вкусни.
- Оружјето не пренесува луѓе во вселената.

Други работи за кои грешиш:
(чисто за покажување колку ја познаваш материјата за која сакаш да зборуваш)
Општо земено Америка не е толку воинствена нација
:facepalm:
http://academic.evergreen.edu/g/grossmaz/interventions.html

Американците сега ја освојуваат вселената...
Како... Со руски шатлови, и на руска вселенска станица? (и понекој филм од Кјубрик) :pos:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom