Иднината на човештовото, и факторите кои го поттикнуваат или спречуваат развојот

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.362
Поени од реакции
29.835
Ќе бидеш ли љубезен @Shepard Fairey, да ми го одговориш прашањево:
- Каков аргумент се горенаведените теории, претпоставки, и нагаѓања - за избегнување и одложување на вселенската ера на човештвото? :cautious:
 
Член од
12 јануари 2016
Мислења
43
Поени од реакции
57
Луѓето во просек сакаат моќ. Под моќ подразбирам контрола на живи и неживи ресурси во единица простор. Тоа им овозможува доволно нутриенти за продолжување на потомството и потомството на нивната група (племе/нација). Здружувањето во групи со слични карактеристики, овозможува поголема шанса за опстанок бидејќи моќта е заедничка. Но групата како динамик е скоро секогаш контрадикторна со индивидуалните идеали и пориви освен ако тој со поривите не е алфата којшто ги наметнува во групата или неговите пориви се комплементарни со тие на групата.

Нема поента во тоа да се поставува норматива за најоптимално и најсоодветно уредување кое логично ќе донесе благосостојба за човештвото, а да се застапува било каква филозофија која промовира ултимативен индивидуализам првенствено бидејќи таков систем дури и да постои, е невозможно да се приспособи на мотивите и желбите на секоја индивидуа. Колку повеќе членови има тоа општество, толку повеќе расте шансата за контрадикторни намери кои ќе доведат до конфликт.
Поради тоа, идеалите кои се наметнуваат во рамките на едно општество од доминантната група, ги хомогенизираат интересите на групата и го поедноставуваат проблемот со различните индивидуални верувања и пориви кои можат да се покажат како пречка за групата налик на хакслиевиот свет. Религиите и другите заеднички политичко-социјални интереси отсекогаш биле лепак за луѓето во рамките на еден систем.

Компетитивноста со други групи на луѓе, го мотивира човекот да бара посоодветни алатки за обезбедување на моќ во форма на енергенси, партнери за парење и комоција.
Компетитивноста и желбата за полесен живот, доведува до напредок бидејќи овозможува полесно продолжување на потомството, архето на било која жива материја. Во прогресивистичко општество кое би довело до специјализирани авторитети за секоја област, а со тоа функционалност на секој кој најефективно би го работел тоа што го сака и го умее, општество во кое одредени идеали ќе бидат хомогенизирани, додека пак индивидуалните морални вредности кои не утичаат на општеството како целина дозволени, автоматизацијата ќе доведе до решение за работите кои никој нејќе да ги работи или ако не постои таква опција, одредена група на луѓе ќе биде кондиционирана да го работи тоа што е потребно или со поголема награда во форма на енергенси или со друга метода која би довела до задоволство, а не болка. Бидејќи не постои апсолутна поента во постоењето на општеството, нихилизмот сам по себе не го спречува индивидуалното создавање на причини за живеење или присвојувањето на хедонизмот како лична етичка водилка. Нихилизмот сам по себе ја покажува апсурдноста на постоењето, моралноста и создавањето на приоритети се компонента на свесниот агент, фундаментално, дискусијата околу оваа проблематика секогаш ќе биде антропоцентрична за нас луѓето.

Да се навратам на темата. Такво утопистичко општество ќе доведе до еден проблем:
Инстинктивната потреба на човекот за компетитивност и борба.
Постојат решенија за тоа, а истите лежат во напредокот на науката. Поривите можат да бидат неврохемиски решени, може да се примени напредна генетска модификација која ќе произведе нова врста на луѓе без структурата која може да биде контрапродуктивна за општеството, доколку тоа доведе до етички дилеми зависно од видот на општеството, може да се обезбеди виртуелна реалност во која по пат на компетитивни игри, поривот на луѓето за војување ќе биде менаџиран и ред други решенија кои би довеле до компензација за тие аспекти од човечката природа.
Ако го земеме муровото правило, верувам дека нашите генерации ќе го доживеат тој период многу побрзо од предвидувањата на Каку во „Физиката од иднината“. Сепак, непредвидливо е накај каде бутка трендот и дали ќе се промени текот на настаните бидејќи станува збор за човечки фактор.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom