Идеја и понуда

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
27 ноември 2005
Мислења
636
Поени од реакции
11
:) пиуни, Мистичен, твојата реалност (за било која идеја и за било што изнесено на форумот) е крајно исмејувачки, потценувачки и деградирачки за авторот на темата. Секоја идеја заслужува да биде поддржана, иако таа е тешка за реализација, а не исмејана и веднаш отфрлена.
Како и да е, јас не сум нафуран на Мистичен, јас не го читам Мистичен (со два-три исклучоци), а тоа што Мистичен лета во облаци е тоа нешто друго за кое ич не сакам да коментирам.
-----------------------
Јас ја подржувам темата и со малку труд ќе го виде денот во сајбер просторот. Ова е еншто од кое може да се ваде голем профит, нека не те обесхрабрат изјавите погоре. Мисли долгорочно, резултатот ќе дојде сам по себе.
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Dejan] напиша:
:) пиуни, Мистичен, твојата реалност (за било која идеја и за било што изнесено на форумот) е крајно исмејувачки, потценувачки и деградирачки за авторот на темата. Секоја идеја заслужува да биде поддржана, иако таа е тешка за реализација, а не исмејана и веднаш отфрлена. .
Ако реалноста ја доживуваш така, извини што те будам од соништата. Знаеш како викаат старите, желбите се едно, можностите друго. На светот постојат реалисти и фантазери. Оние кои фантазиите успеваат да ги претворат во реалност се луѓето на кои треба да им се даде рака.
Dejan] напиша:
Како и да е, јас не сум нафуран на Мистичен, јас не го читам Мистичен (со два-три исклучоци), а тоа што Мистичен лета во облаци е тоа нешто друго за кое ич не сакам да коментирам.
Од кога реалноста и спуштањето на земја е летање во облаци? :)
-----------------------
Dejan] напиша:
Јас ја подржувам темата и со малку труд ќе го виде денот во сајбер просторот. Ова е еншто од кое може да се ваде голем профит, нека не те обесхрабрат изјавите погоре. Мисли долгорочно, резултатот ќе дојде сам по себе.
Aбе реков јас, ако ја поддржуваш темата, фати се за работа и почни да му помагаш на човекот наместо да го тапшаш по рамо. Ете, имаш добра идеја, поклони се и почни :)
 

Jane

Кајганџија
Член од
5 февруари 2006
Мислења
3.394
Поени од реакции
114
Да ама не познавам програмер(и) што ќе се нафатат за 50-100 евра да реализираат ваков проект. Тоа е целата работа. Иначе замислата е добра, само треба добра организација и ПАРИ.
 
Член од
27 ноември 2005
Мислења
636
Поени од реакции
11
Мистичен колку ги плати програмерите за да ја направат Кајгана?
 

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
4.577
Поени од реакции
7.536
Замислата од авторот на темава е следна: Слушнало детете од некаде за некој бизнис модел расправан на кафанска маса каде во 15 минути се спомнуваат едно 2 и пол милиони евра низ бизнис ситуации (и на крај од говорниците се нема да се собери 100 денари за да се плати кафето) и малиов (со право називов, судејќи по несериозноста во размислувањето) си рекол дај бе јас ќе го направам тоа, ако немам благе везе од компјутер а камоли програмирање. И става пост на јавен форум, каде не сака да ја објави идејата да не му ја украде некој, а воедно се рекламира за да најде програмери за да ја оствари истата. :) Бидејќи воопшто не знае што се е потребно да се направи таква програма, го нуди џепарлакот како плата со замисла потоа од проектот да ги извади оние 2 и пол милиона :), а во реалниот свет, ни почетник кој не знае пола програмски јазик нема да се нафати за 50-100 евра месечно да програмира дос игра, а не нешто вакво, и наместо тоа, ќе фати една метла и ќе чисти улици, повеќе пари ќе заработи.

За сите останати кои го тапшате по рамо малиов срам да ви е бидејќи му давате лажна надеж, а и самите знаете дека никогаш не би се нафатиле на вакво детско размислување.

Во првиов пост малиов рече добра заработувачка, огромен проект, прв пат виден кај нас, а потоа па дајте да седнеме да направиме нешто ние сами. Извини, овде нема никој време да седне и да работи за Црвен Крст во името на ваков безделничарски проект. Тоа не е моето мислење, тоа е реалноста. Ако некој поинаку ја сфаќа, да го видам, нека биде маж да се пријави и нека работи за доброто на фактот и "ние да имаме виртуелен кафич". Дрн дрн јариња. :)
 

Jane

Кајганџија
Член од
5 февруари 2006
Мислења
3.394
Поени од реакции
114
Dejan] напиша:
Мистичен колку ги плати програмерите за да ја направат Кајгана?
Сакаш јас да ти направм 10 кајгани бесплатно?
Тоа не е проблем колку што е проблем да имаш добри содржини, добри статии, за да можеш да привлечеш посетители. Е тоа е проблемот.
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Dejan] напиша:
Мистичен колку ги плати програмерите за да ја направат Кајгана?
Кажи ми ја поентата на прашањето, за да ти елаборирам директно и прецизно, да не кружиме.
 
Член од
27 ноември 2005
Мислења
636
Поени од реакции
11
Дали ти им плати на програмерите кои ја изработија Кајгана по 1000 евра месечно додека траеше изработката и тестирањето на самата апликација?
Мистичен напиша:
Кажи ми ја поентата на прашањето, за да ти елаборирам директно и прецизно, да не кружиме.
 

Razor

u jelly?
Член од
26 јануари 2007
Мислења
2.543
Поени од реакции
165
Jane напиша:
Сакаш јас да ти направм 10 кајгани бесплатно?
Тоа не е проблем колку што е проблем да имаш добри содржини, добри статии, за да можеш да привлечеш посетители. Е тоа е проблемот.
vo pravo si ama i treba malce da se poraboti ako pravis nesto kako kajgana forumot
 

Jane

Кајганџија
Член од
5 февруари 2006
Мислења
3.394
Поени од реакции
114
Razor напиша:
vo pravo si ama i treba malce da se poraboti ako pravis nesto kako kajgana forumot
Стварно не ве разбирам. Кога нешто незнаете незборете на памет. Форум како КАЈГАНА е многу лесно да се ИНСТАЛИРА. Тешкото е да стане популарен како што е овој, да има членови, интересни и квалитетни теми.
Иначе дај ми хост. Немора да плаќаш најди бесплатен што подржува форум да се инсталира и јас БЕСПЛАТНО ќе ти го направам, па после прај му што сакаш. Сериозен сум за ова. До сега имам 2-3 форуми исти како кајгана направено чисто од курташак колку да се учам и инсталацијата е во 11 чекори кои мало дете ќе ги помине. Едино кај што може да се запне е подесувањето на config фајлот зошто бесплатните хостови малце се терсене со потребните податоци што ги даваат, иначе ако си платиш хостинг се ќе иде како подмачкано.
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Dejan] напиша:
Дали ти им плати на програмерите кои ја изработија Кајгана по 1000 евра месечно додека траеше изработката и тестирањето на самата апликација?
Кајгана е производ на тим луѓе на кој веб девелопингот им е професија. Така и настана идејата, така и се реализираше, не баравме помош од други. Тоа е разликата. Значи, идеја, созреани можности за реализација, реализација. Најбитното, по реализацијата на идејата, треба многу работа за производот да заживее вистински и да биде прифатен кај корисниците (најтешкиот дел).

Кога сме кај материјалната страна еве ти го одговорот. Правењето на Кајгана во пракса чинеше само време и труд (пари не чинеше само времето кое го потрошивме, затоа што за тоа време ќе испеглавме други проекти кои ќе ги наплатевме - и толку, ама ќе ја немаше Кајгана). Сите приходи кои доаѓаат сега од Кајгана се делат заеднички и се инвестираат во нешта кои мислиме дека ќе донесат развој на друго поле кое на тимот ќе му отвори нови можности. Значи, правењето на Кајгана претставува инвестиција која сме ја реализирале и која на тимот во целина му носи приход.

Сега, согледувајќи ја разликата во нашиот случај и во случајот на идејата која тука е презентирана и за која дискутираме, верувам дека ќе сфатиш што сакам да кажам и дека моето размислување не е иронија. Ако една фирма одлучи да произведе производ од нејзината дејност, значи дека има услови тоа да го реализира (има кадар). Ако поединец сака да направи производ, му треба кадар, а со самото тоа и средства.

Тоа ли го прави Мистичен ироничен? Или реален?
 
Член од
27 ноември 2005
Мислења
636
Поени од реакции
11
Мојата реплика беше на тојот прв пост каде напиша:
Ова е сериозен проект, не е курташак, демек ај ќе си моделираме, дрн дрн...

Дали воопшто имате претстава колку работа и време е потребно за од идеја ова да се претвори во реализација?


За потоа да се поправиш и на крај пак да се зезниш (во вториот):
Малиот, јеби га, жалам што ние шалабајзерите ја расипуваме забавата, ај вие како сериозна агенција ќе им го пицнете целиот проект за 50 еврони


Секоја успешна приказна за било каков проект е за почит и треба да се следат такви примери, но како што и самиот кажа и ти заедно со тим од луѓе сте почнале без пари, сте вложиле труд и сте го постигнале тоа што е сега. Целта на муабетот е дека не треба идејата да се сечи од корен ако на почетокот изгледа нереално, ако се разработи, можеби некој ќе сака да вложи во таа идеја, бидејќи ќе враќа добар профит, можеби друг нема работа па како и вие ќе го вложи своето знаење и ќе го постигнат тоа што е замислено.

Факт е дека дечкото сам не може да ја постигне идејата, но верувам дека ќе наиде на добар одзив ако ја разработи добро, да знае што сака да направи и што е најбитно, да знае што ќе постигне.
Тоа беше поентата на моето пишување на оваа тема, а не дека немам што да правам па ајде ќе се речкам со Мистичен!!!
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
7.076
Поени од реакции
1.940
Форуми како Кајгана има опен сорс со лопата да ги собираш. Да се направи ваков форум е ефтино. Добро кажаја дека проблеми се менаџмент, хостинг, одржување, интересни содржини и сл.. Само мислам дека муабетов зафати многу кривини. Остајте ја кајгана или напрајте нова тема за неа. Овде зборајте за в-кафето.
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Dejan] напиша:
Мојата реплика беше на тојот прв пост каде напиша:
Ова е сериозен проект, не е курташак, демек ај ќе си моделираме, дрн дрн...

Дали воопшто имате претстава колку работа и време е потребно за од идеја ова да се претвори во реализација?
Па токму така, проектот е повеќе од сериозен, не е воопшто заебанција таква идеја да се претвори во реализација. Треба да те цитирам што ми реплицираше ти?

Dejan] напиша:
За потоа да се поправиш и на крај пак да се зезниш (во вториот):
Малиот, јеби га, жалам што ние шалабајзерите ја расипуваме забавата, ај вие како сериозна агенција ќе им го пицнете целиот проект за 50 еврони
Не гледам како се зезнувам, со реплика во која на maliOT, како човек на кого професијата му е адвертајзингот и вооптшо не е компетентен да зборува за реализација на вакви идеи (затоа што нема никаква претстава од обемот на работите и не го работи тоа), му реплицирам затоа што тие на кои тоа им е професија ги нарекува шалабајзери и се нуди како спасител во ситуацијата.


Dejan] напиша:
Секоја успешна приказна за било каков проект е за почит и треба да се следат такви примери, но како што и самиот кажа и ти заедно со тим од луѓе сте почнале без пари, сте вложиле труд и сте го постигнале тоа што е сега. Целта на муабетот е дека не треба идејата да се сечи од корен ако на почетокот изгледа нереално, ако се разработи, можеби некој ќе сака да вложи во таа идеја, бидејќи ќе враќа добар профит, можеби друг нема работа па како и вие ќе го вложи своето знаење и ќе го постигнат тоа што е замислено.
Точно, и ја има целата поддршка од нас. Сите рековме дека замислата е навистина добра, но дека ќе му требаат многу средства доколку сака да не остане на замисла.

Dejan] напиша:
Факт е дека дечкото сам не може да ја постигне идејата, но верувам дека ќе наиде на добар одзив ако ја разработи добро, да знае што сака да направи и што е најбитно, да знае што ќе постигне.
Факт е. А за второто не зависи само од него.
Dejan] напиша:
Тоа беше поентата на моето пишување на оваа тема, а не дека немам што да правам па ајде ќе се речкам со Мистичен!!!
Тогаш, пишувај си на темата и не ме ставај во уста велејќи дека секоја добра идеја ја претворам во иронија, притоа анализирајќи ме дали летам во облаци, дали сум бизнисмен, дали...
Мојата поента не е да го потапшам по рамо, мојата поента не е ни да го предомислам во намерата, мојата поента е да го запознаам со реалноста пред да се соочи со разочарување кога ќе најде на препреки во реалноста, поради погрешната претстава која ја добива од оние кои го тапшаат по рамо и поради кои го лажат дека таков проект да реализираш е еднакво на пичкин дим.

Јас можам толку да му помогнам. Ако ти можеш повеќе, бујрум.
 
Член од
21 декември 2005
Мислења
661
Поени од реакции
7
abe daj razbudete se od sonot, videte ja realnosta. koj ke te finansira taka ko igracka da e toa, aj na ti 30.000 evra i trosi gi tamu. kako prvo za da ti dade nekoj sponzorstvo treba da gi opravda tie pari i ne e tolku kratka procedurata.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom