Идеална возраст за брак

Член од
14 ноември 2008
Мислења
3.418
Поени од реакции
856
после секој абортус големи се шансите никогаш повеке да не фатиш дете во рака подобро ли е тоа?Што ке ти служи потоа работата и парите на кого ќе ги трошиш тие пари?
Мене ме интересира кој шири вакви информаци , кај читате ова дека после абортус големи биле шансите да немаш дете? Стварно не ми е јасно. Не живејме појќе во 19 век.
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Не ли е малку чудно, да не кажам депресивно, вака да се планираат личните работи во животот. И зошто постојано изборот е помеѓу кариера и брак (не познавам таква кариера во Македонија која до толку ве спречува да бидете со своите барем во еден дел од денот)? Јас лично мислам дека кариерата и бракот, како две одделни работи, повеќе се надополнуваат една со друга одколку што си противречат. Изборот пологично би бил поставен помеѓу брак и лична слобода. Мислам која е таа идеална возраст за брак? Вие животот по упатство да не го живеете? Ова сепак не важи за сродните души, меѓутоа не ми се јасни оние луѓе кои на бракот гледаат ко некое достигнување во животот кое мора да го остварат по секоја цена, поради што избрзуваат и на крај секогаш гадно се заебуваат. Бракот со деца е огромна одговорност и поднесување на големи лични жртви. Така да нормално е два пати да размислите дали тоа вреди да се направи со некој што сметате дека не го познавате доволно или пак да речеме месец дена немате поминато заедно под ист покрив, а размислувате за заеднички живот во брак.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.829
Поени од реакции
8.850
Мислам дека воопшто не сме се разбрале и дека за сосема различни работи збориме :).

..........................
А зошто би била во брак освен ако не сакам да создавам деца?
Дали потпишувањето пред матичарот ја докажува мојата љубов, или е начин да го ,,задржам,, партнерот?

Твоите родители, а верувам дека повеќето родители на сите овде, пред Х години не можеле да живеат вонбрачно заедно ниту да бидат ,,во врска,, - онаква каква што ја има денес. И најмногу од тие причини стапувале во брак - зошто не било дозволено поинаква врска да имаат.
Но денес не е така, и мислам дека ако на 20 години, си речам - тој е вистинскиот, а притоа не сакам баш сега да раѓам деца, многу се поголеми шансите за неколку години да си го променам мислењето.

Секако дека луѓето во брак можат се да прават што и оние што не се - факт е дека кај мене на факс имам групи од луѓе 40+ години што студираат, но сепак, бракот според мене, а и не според мене само, во принцип, се врзува за децата денес - да решив да бидам во брак зошто сакам да имам деца. Иако бракот не мора да биде единствена заедница за имање деца, сепак, најчесто е.

И факт е дека - бракот почесто порано се случува кај оние со средно, од оние кои студираат и создаваат кариера.

Од друга страна пак, исто така, не можам да разберам кога некоја ќе каже ,да планирам да родам дете и во исто време кариера да бркам,.......... како што кажав, тоа е или невозможно, или е нехумано према детето....

Но, секој со своето :)
 
B

Borg_Drone

Гостин
Твоите родители, а верувам дека повеќето родители на сите овде, пред Х години не можеле да живеат вонбрачно заедно ниту да бидат ,,во врска,, - онаква каква што ја има денес. И најмногу од тие причини стапувале во брак - зошто не било дозволено поинаква врска да имаат.
Но денес не е така, и мислам дека ако на 20 години, си речам - тој е вистинскиот, а притоа не сакам баш сега да раѓам деца, многу се поголеми шансите за неколку години да си го променам мислењето.
Секако дека луѓето во брак можат се да прават што и оние што не се - факт е дека кај мене на факс имам групи од луѓе 40+ години што студираат, но сепак, бракот според мене, а и не според мене само, во принцип, се врзува за децата денес - да решив да бидам во брак зошто сакам да имам деца. Иако бракот не мора да биде единствена заедница за имање деца, сепак, најчесто е.

И факт е дека - бракот почесто порано се случува кај оние со средно, од оние кои студираат то....

и создаваат кариера.

Од друга страна пак, исто така, не можам да разберам кога некоја ќе каже ,да планирам да родам дете и во исто време кариера да бркам,.......... како што кажав, тоа е или невозможно, или е нехумано према дете
Но, секој со своето :)
Возможно е, и да се грижи за децата и да си брка кариера само така и чини на особата, „тука е баба му да се грижи, јас сум бизнис жена“ тоа се честите изговори.Секој може да најде во денот барем саат-два слободни и да му ги посвети на своето дете, да го однесе на сладолед, или пак да му раскаже некоја приказна или пак да го поучи своето дете, детето ќе ги памти и тие два саати ако му посветуваш максимално внимание и грижа во тој период.И ќе ти се врати со убаво.Не дека е секаде така, ама во повеќето случаи така е.
Друго, јас колку што знам порано стапувале во брак зошто имале некаква економска сигурност, денеска е друго.Затоа и напишав претходно дека работава како тргнала наскоро ќе почнеме да стапуваме во брак на 64 години.Зошто јас треба некаков живот да му обезбедам на тоа дете, нормален живот.А тоа не можам да го направам со 200 евра плата и со место на живеење кај својата мајка.Зошто да стапам денеска во брак, за да утре мислам како да му обезбедам храна на тоа дете?Па јас за себе оние работи што ми се потребни не можам да си ги обезбедам со овие примања, а не па дете да чувам.
 
Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
А зошто би била во брак освен ако не сакам да создавам деца?
Дали потпишувањето пред матичарот ја докажува мојата љубов, или е начин да го ,,задржам,, партнерот?

Но денес не е така, и мислам дека ако на 20 години, си речам - тој е вистинскиот, а притоа не сакам баш сега да раѓам деца, многу се поголеми шансите за неколку години да си го променам мислењето.

Од друга страна пак, исто така, не можам да разберам кога некоја ќе каже ,да планирам да родам дете и во исто време кариера да бркам,.......... како што кажав, тоа е или невозможно, или е нехумано према детето....

Но, секој со своето :)
Тоа е веќе ствар на договор помеѓу двајцата дали ќе стапите во брак кога ќе решите да живеете заедно и да градите заедничка иднина или ќе чекате да сакате да имате дете па тогаш да се венчате. Јас сум тука флексибилен и двете варијанти ми се ок, така да чим сум ја нашол таа што сметам ќе биде мајка на моите деца и со која сакам да живеам и делам сѐ, дали ќе се земеме одма или по неколку години не ми игра улога туку како што реков ствар е на договор и веројатно ќе идам по интуиција што е најдобра варијанта кога ќе дојде таков момент :).

Инаку и ти си во право, што подолго одлагаш брак барем до децата си ги смалуваш шансите за евентуален развод, така да јасно е дека е така пологично поготово ако имаш и најмал сомнеж дека можеби еден ден ќе се премислиш :).

Дете и кариера без пари идат многу тешко а и со пари еден период ќе ја ставиш во мирување така да и за тоа во голем дел се слагам со тебе но со напомена дека двајца инвентивни типови ќе можат да побараат алтернативни и необични решенија кои на повеќето не би им текнале. Така да пак зависи со каков човек ќе ја планираш иднината и колку можеш да сметаш на него во секоја ситуација :).
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.829
Поени од реакции
8.850
Возможно е, и да се грижи за децата и да си брка кариера само така и чини на особата, „тука е баба му да се грижи, јас сум бизнис жена“ тоа се честите изговори.Секој може да најде во денот барем саат-два слободни и да му ги посвети на своето дете, да го однесе на сладолед, или пак да му раскаже некоја приказна или пак да го поучи своето дете, детето ќе ги памти и тие два саати ако му посветуваш максимално внимание и грижа во тој период.И ќе ти се врати со убаво.Не дека е секаде така, ама во повеќето случаи така е.
Друго, јас колку што знам порано стапувале во брак зошто имале некаква економска сигурност, денеска е друго.Затоа и напишав претходно дека работава како тргнала наскоро ќе почнеме да стапуваме во брак на 64 години.Зошто јас треба некаков живот да му обезбедам на тоа дете, нормален живот.А тоа не можам да го направам со 200 евра плата и со место на живеење кај својата мајка.Зошто да стапам денеска во брак, за да утре мислам како да му обезбедам храна на тоа дете?Па јас за себе оние работи што ми се потребни не можам да си ги обезбедам со овие примања, а не па дете да чувам.
Јас сепак сметам, дека во првите 2-3 години од животот на детето за него треба да се грижи мајката, евентуално таткото. Под тоа не подразбирам мајката да не оди на работа и да седи дома, но не и да напредува во кариерата, зошто за напредување во кариерата се потребни големи жртви - останување до подоцна на работа, поголем стрес, семинари, патувања, проекти кои одземаат слободно време. На детето пред се во тие години му е потребна мајката, затоа и ја потенцирам неа, колку и да звучи дискриминирачки кон таткото. Затоа, барем за себе мислам, дека да, јас ќе работам, но во тие први години од животот на моето дете нема да се унапредувам - за да имам повеќе слободно време за него, многу повеќе од 2 саати. Имам време, кога детето ќе почне да оди на училиште.

А што се однесува до материјална сигурност, под тоа подразбирам постојано работно место и решавање на станбеното прашање. Ако чекаме за повеќе, можеби никогаш нема да имаме деца.
 
Точно.Првите две до три години е потребно мајката да посвети многу повеќе внимание на детето.Тоа се сепак, почетните години на едно дете, а на почетокот малото има најмногу потреба од грижа.Тука нема ништо лошо кажано, се си е супер.Само што пример кај оние што се сиромашна класа на граѓани (оние што биле порано средна класа па паднале уште едно ниво подоле по економски стандард) и да сакаат не можат да му посветат внимание.Тука зборувам за почетната фаза, каде родителите имаат потреба да трчаат по лекари, па вакцинации и.т.н.Тие години се најважни, зошто детето не е способно да се грижи самото за себе во тие години.
А не можат повеќето зошто или нема да им дадат работодавците трудничко, или пак нема да ги примат на работа, или пак ќе им речат „не раѓај сега, раѓај подоцна“
А ако не работат нешто, со една плата реков, нема шанси да се издржуваат па вака или така приморана е особата да работи, или да се снаоѓа на друг начин што е навистина мизерно во државава.
Јас во еден дуќан слушнав од една жена (која се прокламира себе си за бизнис жена и има едно дете) и вели на една своја вработена од дуќанот (која беше на пробно) да не раѓа сега, да раѓа подоцна.И оваа го напушти следниот ден своето работно место.И ај сега, мизерии невидени сме за некои работи.Ама тоа ти е кај нас, на Дивиот Запад...........
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.829
Поени од реакции
8.850
Точно.Првите две до три години е потребно мајката да посвети многу повеќе внимание на детето.Тоа се сепак, почетните години на едно дете, а на почетокот малото има најмногу потреба од грижа.Тука нема ништо лошо кажано, се си е супер.Само што пример кај оние што се сиромашна класа на граѓани (оние што биле порано средна класа па паднале уште едно ниво подоле по економски стандард) и да сакаат не можат да му посветат внимание.Тука зборувам за почетната фаза, каде родителите имаат потреба да трчаат по лекари, па вакцинации и.т.н.Тие години се најважни, зошто детето не е способно да се грижи самото за себе во тие години.
А не можат повеќето зошто или нема да им дадат работодавците трудничко, или пак нема да ги примат на работа, или пак ќе им речат „не раѓај сега, раѓај подоцна“
А ако не работат нешто, со една плата реков, нема шанси да се издржуваат па вака или така приморана е особата да работи.
Во нашата земја, нема повеќе средна класа. Има многу богати, сиромашни, и екстремно сиромашни. Многу богатите не се ни занимаваат со ова прашање. Ние сиромашните, што мислиме дека сме средна класа (а не сме зошто живееме од кредити, а тоа што си дозволуваме да излеземе по некој викенд или да одиме на одмор не не прави средна класа) секако дека имаме сите таков проблем околу работното место. Затоа и потенцирав - до 28-30 години имаме време да завршиме факултет и едино да магистрираме, да најдеме постојано работно место. Да работиме 2-3 па и некоја година повеќе. Во тој случај, секако дека жената ќе добие трудничко ако е пријавена. По истекот на трудничкото -9 месеци од денот на раѓањето на детето, жената пак почнува да работи. За тоа време додека таа работи, детето го чува некој друг - јас тука би ја одбрала бабата, но ако таа веќе не сака, ќе смислувам чаре.
Но, јас реков, тргнувам од себе - не би се задоволила со само диплома, или само магистратура, би одела подалеку, би сакала да напредувам, и би сакала да постигнам што е можно повеќе. Но не во првите години од животот на детето. Тогаш, тој прогрес, таа амбиција би ја ставила на стенд бај, и не би се обидувала да добијам подобра позиција, сертификат или да направам некој проект. Тогаш би работела ,,монотоно,, за да си го намалам стресот, и кога ќе дојдам дома во 4 обврска единствена да ми биде детето.
Кога тоа дете ќе стане способно само да оди на училиште, кога ќе дојде дома само да може да си стави јадење, ќе може само да се грижи за себе неколку часа додека родителите дојдат дома - тогаш би мислела за продолжување со кариерата.
Никогаш не е доцна за кариера и за подобра работна позиција.
Но ако се фокусирам на тоа, тогаш ќе го пропуштам растењето на детето. И за џабе ми била цела кариера, џабе би ми биле сите пари што сум ги направила.

Значи да не се оди во крајности - нас ни се потребни дипломски/специјалистички студии за солидно работно место, кое би помагало во издржување на семејството, секако заедно со партнерот, дефинитивно би морала прво тоа да го средам, а потоа да раѓам деца. Но не би се обидувала да станам доктор на наука на 30 години, тоа ќе го одложам за подоцна - кога ќе ми потпораснат децата.

Секако, не сме сите исти и немаме сите желби, амбиции и можности, јас се надевам дека одприлика така ќе си го организирам животот. Затоа и потенцирав, дека за мене, идеална возраст би била околу 30. Пред тоа ќе ми биде прерано, а потоа предоцна за деца раѓање. Мајка ми ја роди сестра ми на 36, и ништо не и е, но јас сепак би сакала во распон 30-35 да си родам децата, па после имам време за се останато :)
 
П

Пепси_

Гостин
Паа во македонија.....кога ќе имаш доволно пари за свадба,епа тогаш.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Идеална возраст за брак е над 65 години. Ќе си најдеш некое старче за да не ти е досадно по дома, да има на кој да му се дереш. И ќе вреди заклетвата : Додека смртта не не раздели.
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
море клетоштилук од жена :)
 
RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Алал вера за сите вие кои мислите дека во животов оди се така плански. Првата сопка и ќе видите како се се видоизменува, од тоа кога да имате деца, жените/мажите. Детализираните планови се за луѓе со премногу време и преголема фантазија или пак за луѓе кои не се баш пријатели со реалноста. Да не ме сфати некој погрешно или да се навреди од ова, но така е. Какви се овие смешни размислувања со прецизна возраст за брак? Вие сериозно мислите дека баш кога ќе се сакате тогаш ќе се земете ( со ова подразбирам точна возраст, не мислам на волјата за тоа). Коцките во животот често се местат така да немате контрола над нив. Имам другарка сакаше да биде млада мајка, т.е да има деца кога ќе наполни 25-6, ми викаше дека не сака баба да му биде на детето. Во дебатите кои си ги водевме на оваа тема, она викаше дека е можно тоа, нешто што јас не го негирав, туку инсистирав дека условите не одговараат за тоа. И така наполни 25, нејзината желба е далеку од исполнување, чисто од надворешни фактори. ( нешто што цело време го посочувам). Псај, овде има многу фина мисла пишано после која секоја мисла е излишна, не постои идеална возраст за брак, постои идеална врска за брак. Сигурна нема да се залетате да се земате на 25 години зашто ете вие мислите дека баш тогаш требало, а не можете да се замислите во иднина со личноста која во моментот е покрај вас.
Нема врска тоа со возраст, само што оваа ступидна околина наметнува некои така банални правила што прави луѓето да чувствуваат притисок. Некој не бил женет, а имал 30 години и роднините и комшиите паѓаат во несвест. Ко божем они се така лично погодени од таа нејзина/негова "трагедија". Па имате муабет од типот, како бе дете ти така неженето, паметно си, убаво, греота да си само. Море ајт сите по ѓаволите.
 
B

Borg_Drone

Гостин
Идеална возраст за брак е над 65 години. Ќе си најдеш некое старче за да не ти е досадно по дома, да има на кој да му се дереш. И ќе вреди заклетвата : Додека смртта не не раздели.
Пааа добро сеа, види ако ништо друго заедно ќе плетете чорапчиња.Јас уште сега спремам волната и конците, имам уште 47 години "Arbeit macht frei" пред себе. :)))
Инаку немој ни да си помислила на тоа да му се дереш.Нема да сака да умре, после ќе вика „кој ќе те слуша и на оној свет“.
 
T

Tetro

Гостин
Кога ќе созрее плодот, тогаш треба да се собере од нива. Ако го собереш предвреме, ќе се расипе и ќе го кантосаш. И ако го оставиш ќе презрее и после ќе мораш да чекаш и да се надеваш на другите.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom