Од многу одамна е ова што ќе го пишам, ама знаејќи дека кај нас тешко се менуваат работите можно е уште да е така. Другарка беше на пракса таму и воошто не беше задоволна од начинот на работа - секој ден добивале таскови на Trello со опис, воглавно некои ситници, и само тоа требало да си го завршиш. Немало никаква комуникација со некој менаџер, лид за нешто поконкретно или држење на некаков вид на обука.
Така што, не ме чуди дека цело време бараат практиканти. Може на некои им одговара само за да ја завршат праксата ради реда и им одговара таква фирма, ама има и многу луѓе (се повеќе се такви, што ме радува) што сакаат да научат нешто за време на таа пракса и да работат на конкретно нешто, да има луѓе што ќе им се посветат и на крај од тој период да излезат како покомплетни личности и реално искуство како е да се работи во компанија.