ИТ фирми и пракси во Скопје

Член од
8 октомври 2015
Мислења
877
Поени од реакции
2.421
Дали го има распоредот на сите курсеви кои денови ќе се?

Sent from my Mi A1 using Tapatalk
Основи на веб дизајн,вторник(од 13:30ч. до 14:30ч) и петок(од 15ч. до 16ч)

Java(Spring,Hibernate),вторник/петок(од 18ч до 19ч).
 
Член од
7 октомври 2018
Мислења
196
Поени од реакции
364
Зошто Акселтра често бараат практиканти? Брзо се шират или лоши услови нудат кога ќе дојде време за вработување?
Од многу одамна е ова што ќе го пишам, ама знаејќи дека кај нас тешко се менуваат работите можно е уште да е така. Другарка беше на пракса таму и воошто не беше задоволна од начинот на работа - секој ден добивале таскови на Trello со опис, воглавно некои ситници, и само тоа требало да си го завршиш. Немало никаква комуникација со некој менаџер, лид за нешто поконкретно или држење на некаков вид на обука.

Така што, не ме чуди дека цело време бараат практиканти. Може на некои им одговара само за да ја завршат праксата ради реда и им одговара таква фирма, ама има и многу луѓе (се повеќе се такви, што ме радува) што сакаат да научат нешто за време на таа пракса и да работат на конкретно нешто, да има луѓе што ќе им се посветат и на крај од тој период да излезат како покомплетни личности и реално искуство како е да се работи во компанија.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489

Скроз се согласувам со вториов параграф. Ми падна чудно зошто каде и да се свртам гледам нивни огласи за пракса, тоа значи дека или навистина добро им оди и се шират или се катастрофа, имаат флуктуација на кадарот и нонстоп им треба некој.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Изгледа програмата за пракса им е за 3 месеци и затоа се нови огласи.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.575
Поени од реакции
26.098
Ќе го пишам прашањето тука пошто има врска со фирмиве...
Слушнав гласини дека од Симфони избркале 20-30 души заради кризава... Дали некој има некаква информација што се дешава со пазарот на труд во IT секторот.. Дајде споделете што знаете.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Ќе го пишам прашањето тука пошто има врска со фирмиве...
Слушнав гласини дека од Симфони избркале 20-30 души заради кризава... Дали некој има некаква информација што се дешава со пазарот на труд во IT секторот.. Дајде споделете што знаете.
Јас па за нив слушав лани дека си правеле тим билдинг по островиве. Срамота ако е точно, барем за месец два капитал да немаш е недомаќинско работење.
 
Они ептен беа јаки, можеби беа најпопуларна фирма меѓу IT секторот... Ама знаеш како во аутсорсингот, ако клиентот ти откаже, вработените го јадат... Ако е вистина е страшно, ќе го раздрма многу IT пазарот на труд, ќе ни се симне цената бајаги... Јас имам доста потешкотии со клиентиве од САД, среќа тој едниот е доста упорен, не се предава. Дури и во ова гледа можност, па вака ми дава надеж..
 
Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.063
Поени од реакции
57.312
Ќе го пишам прашањето тука пошто има врска со фирмиве...
Слушнав гласини дека од Симфони избркале 20-30 души заради кризава... Дали некој има некаква информација што се дешава со пазарот на труд во IT секторот.. Дајде споделете што знаете.
Symphony.is или symphony solutions? :eek:
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.575
Поени од реакции
26.098
Затоа напишав, ако има некој информација од прва рака за отпуштања од работа од било која фирма да каже... Досега све е гласини и шпекулации...
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.651
Поени од реакции
34.932
Они ептен беа јаки, можеби беа најпопуларна фирма меѓу IT секторот... Ама знаеш како во аутсорсингот, ако клиентот ти откаже, вработените го јадат... Ако е вистина е страшно, ќе го раздрма многу IT пазарот на труд, ќе ни се симне цената бајаги... Јас имам доста потешкотии со клиентиве од САД, среќа тој едниот е доста упорен, не се предава. Дури и во ова гледа можност, па вака ми дава надеж..
Гласини слушнав и јас, во едната фирма другар ми кажа дека им напуштил еден од најголемите клиенти (на неговиот проект работеа стотина луѓе што од мкд што од друга земја каде што е присутна фирмава), така да ако се случи такво нешто веројатно е дека ќе има турбуленции, или ќе намалуваат на плати или ќе бркаат, никој не држи програмер со 2-3к бруто плата ако нема каде да го аутсорсира.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.575
Поени од реакции
26.098
Гласини слушнав и јас, во едната фирма другар ми кажа дека им напуштил еден од најголемите клиенти (на неговиот проект работеа стотина луѓе што од мкд што од друга земја каде што е присутна фирмава), така да ако се случи такво нешто веројатно е дека ќе има турбуленции, или ќе намалуваат на плати или ќе бркаат, никој не држи програмер со 2-3к бруто плата ако нема каде да го аутсорсира.
Ништо, ќе намалиме малку со аздислукот :)
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Дечки сите имаме потешкотии со клиентите ама барем според мене, да немаш капитал за ако ништо друго 2 месеци да пребродиш.. Се забегуваше доста со тие 494643 тим билдинзи годишно и како да се тркаа фирмиве кој на појака локација ќе замине за на Инстаграм. За платите исто се согласувам, не можеш туку така да го напумпаш балонот.
 
Член од
16 мај 2016
Мислења
428
Поени од реакции
582
https://twitter.com/mkrobot/status/1245049161604648961

tl;dr - Поради кризава нема нови проекти, а дел од договорените се откажани или е почнат муабет за откажување. Откази ке има, ама импактот ке го видиме некаде на крај на година.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom