За да знаеш што треба прочитај неколку огласи

За да знаеш што е барано разгледај ги отворените огласи, и види за која позиција има најмногу отворени огласи.
Со девелопмент нема шанса да си без леб, ама проблем е што треба доста време да се прешалташ.
Инаку земање на еден курс нема да ти помогне да се префрлиш, туку фул фокус на тоа што ќе го избереш. Она што сум видел дека работи: тргни се што ти прави дистракција (социјални мрежи, страни што ги посетуваш, политика, луѓе), посвети се секој ден по 3-4 саати (ама баш како да спремаш испит, се затвораш во соба и не мрдаш), не скокај од една на друга технологија и догодина ова време ќе можеш да се прешалташ во оваа индустрија.
Истото што го пишав погоре.
Не ја прави грешката да скокаш од еден јазик на друг, или од една технологија на друга.
Не учи глупости што никој не ги работи.
Не скокај од туторијал на туторијал, т.е не влегувај во лупот на туторијалите.
Разгледај што се бара на џуниор позициите таму, т.е ако сакаш да работиш бекенд види дали воопшто постојат пракса/џуниор позиции, кои јазици/технологии се бараат, избери го тоа што има најмногу отворени позиции, фокусирај се само на тоа и не пипкај ништо друго, помини го теоретскиот дел и направи неколку проекти (не копирај код, пробај да разбереш зошто се куца така и пробај да го искуцаш самиот без да копираш). Специјализација во една работа најбрзо ќе ти донесе пракса/работа, а и понатаму напредок во кариера.