ИТ фирми и пракси во Скопје

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
11.473
Поени од реакции
23.939
За почетник е битно да има кој да му посвети внимание и да има некој што навистина ќе сака да го научи нешто.

Сум работел и во голема компанија каде требало алтан да им дадеш за да ти кажат било каков совет, и помала каде што во неколку месеци сум научил повеќе работи отколку претходно во години.

И најбитно, не треба никој да се плаши од голема динамика, туку од фирми каде пола ден се лупа пинг понг и се бистрат политики. Човек се искалува под притисок, и со многу труд. Можеш да изгледаш 500 туторијали, да отидеш на 500 презентации и обуки, ама кога ќе те фрлат на реален проект да си изгубен во простор и време ако претходно си работел на повторливи работи и само на еден проект каде веќе се е дефинирано.

И големината на фирмата не значи дека се куца квалитетен код, на крај и големите фирми се поделени во сектори кои пак функционираат како „мали фирмички“, и во тие сектори имаат по некој „рокстар“ кој знае се ;)
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
10.264
Поени од реакции
15.019
Pogolemite firmi imaat pogolemi, podobri proekti vo koi sto doprinele mnogu povekje arhitekti niz godinite, mnogu procesi se izglancani, refaktorirani, se pishuvaat testovi, mnogu reshenija se "dorazmisleni" itn... Vakov proekt bi bil idealen za dobro uhodan praktikant posto uste od pocetok ke znae kako izgleda dobar kod i kako izgledaat izglancani reshenija.

Vo sporedba so da kazeme nekoja mala firma kade sto najcesto ima eden rockstar sto go pisuva najgolemiot del od kodot vklucuvajki i tooling, kodot e poln so hakovi, miskoncepcii za jazikot sto se koristi, loshi praktiki. Ne se diskutiraat reshenija, se nema vreme za refaktoriranje i testovi posto malite firmi obicno rabotat za eden gazda od stranstvo koj sto go interesira samo delivery i ne mu e gajle dali ke otvoris PR ili ke mergnes na master.
Така ти се чини. Големите фирми не би можеле да функционираат без еден/неколкумина рокстар девелопери кои детално ја знаат базата. Да го станеш од спиење знае што праи секоја класа од некој си забатален микросервис каде последно промени имало ланска година, пошто на проектот утепал минимум 5 години и го знае кодот by heart. Останатите што доаѓаат и си одат само куцаат код кој треба да биде конзистентен со тој на рокстар девелоперот иначе нема да ти помине mr/pr. :) Иначе за дискутирање решенија ваљда секоја фирма си има grooming sessions кај што се дискутира тикетот детално и секој девелопер естимира. Како и стандардните daily stand-ups.

Во однос на тоа што го кажуваш за помалите проекти кај што некој западњак дошол тука колку да пројде поевтино и нашол некои деца да му шљакаат код си целосно во право. Обично таквите газди сметаат дека под добар девелопер се подразбира и добар дизајнер и 99% од забелешките ќе му бидат околу UI/UX, а не гледа цели features кои што си му ги направил, и поради кои, тоа што го барал му функционира.
 
Член од
16 мај 2016
Мислења
338
Поени од реакции
575
Само кога ќе видам деца со предрасуди како @KyleXY гледам човек што се откажал уште пред да почне. Си сетирал дежурен кривец и тераме понатаму Учителката не ми посвети внимание, класниот ме мрзи, професорот е расипан, фирмите не чинат. Мора да сте свесни дека фирмите не мораат да се прилагодат кон вашите потреби, туку вие кон потребите на фирмата. Ова понајвеќе важи за почетниците. Кога ќе пораснете, можеби приказната ќе е поинаква, еве прашајте ги тука поискусните и ќе ви кажат. Ама исто и прашајте ги колку ежиња родиле додека дошле таму кај што се.
Kyle си најде работа, ама беа потребни ~10 интервјуа додека научи како се прави селекција на кандидати, како да стигне до интервју, како да процениш култура во фирмата и тимот, итн итн. Целта на постот беше да споделам дека понекогаш има голем selection bias во самите фирми и кандидатите се одбиени поради причини надвор од нивните програмерски вештини. Поуката треба да биде: ако не те примаат треба да размислиш каде бил проблемот, да поработиш на тоа и да аплицираш во наредната фирма. Има многу курсеви за програмирање, ама многу малку внимание се посветува на работи како комуникација за време на интервју, работа со клиенти, работа во тим итн итн. Овие вториве знаат да направат голема разлика во тоа дали ке бидеш примен, и дали ке влезеш во компанија што е вистинската за тебе.
Нема потреба од лепење етикети. Тоа што за мене е deal breaker во компаниската култура, за некој друг може да биде dream come true.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.119
Поени од реакции
15.096
Дечки ај едно прашање/совет. Сакам да аплицирам за работа во SAP поточно позицијата е за SAP BW (Hana) Consultant. Не сум програмер ама работам со горенаведеното но од страна на јузер. Прашањето е доколку некој има искуство со Сап/БВ колку е комплицирано да се научи или колку е барано во Мк или како ремоте за во иднина бидејќи целосно ќе менувам кариера. Исто ако некој има искуство со Abap како јазик кој најверојатно ќе треба да го учам со тек на време. И дали би можел евентуално да се префрлам потоа на Dynamics бидејќи мислам кај нас за тоа има позиции во некои компании.
Чисто како перспектива на кариерата.
 
Член од
10 март 2022
Мислења
23
Поени од реакции
5

Знам дека е нешто за менаџирање на бизнис процес и дека е слично или исто со ABAP. И мене ме интересира поточно што се и двете зашто сакам да работам со нумерички податоци и калкулации. Се надевам некој ќе ни одговори подетално. Моментално на линкед ин има 6 7 различни огласи со SAP позиции за во А1. Али кај и да е ќе истечат мислам деновиве. Технички, ИТ или бизнис факултети како позадина се бараат. Динамикс незнам треба да проверам. Мислам нема многу многу туторијали ни за SAP ни за Dynamics по јутуб.
 
wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
18.806
Поени од реакции
31.982
Bene kako plakjaat za SAP znaenje u mk, primer gore spomnat A1?

Momentalno pravime S4 hana upgrade. Inace poddrzuvam integracija pomegu SAP i druga b2b platforma.

Od tehnicka spremnost za sega mi e dovolno kucanje sql queries :D
 
Поим неам како плаќаат, сосема друг свет сум јас (економист).
Да, и SQL ми го спомнаа како барање.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot

The King of Clay

Модератор
Член од
28 јануари 2012
Мислења
5.000
Поени од реакции
3.536
Поим неам како плаќаат, сосема друг свет сум јас (економист).
Да, и SQL ми го спомнаа како барање.
SQL предзнаење за SAP/Dynamics треба ако си програмер. Ако си економист и бараш позиција functional consultant (business analyst), тогаш податоците ги гледаш на user interface и немаш потреба од SQL познавање - ова е вака сигурно за Dynamics ако не сакаш да се замараш со техничкиот дел :)
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
15.009
Поени од реакции
18.306
Kyle си најде работа, ама беа потребни ~10 интервјуа додека научи како се прави селекција на кандидати, како да стигне до интервју, како да процениш култура во фирмата и тимот, итн итн. Целта на постот беше да споделам дека понекогаш има голем selection bias во самите фирми и кандидатите се одбиени поради причини надвор од нивните програмерски вештини. Поуката треба да биде: ако не те примаат треба да размислиш каде бил проблемот, да поработиш на тоа и да аплицираш во наредната фирма. Има многу курсеви за програмирање, ама многу малку внимание се посветува на работи како комуникација за време на интервју, работа со клиенти, работа во тим итн итн. Овие вториве знаат да направат голема разлика во тоа дали ке бидеш примен, и дали ке влезеш во компанија што е вистинската за тебе.
Нема потреба од лепење етикети. Тоа што за мене е deal breaker во компаниската култура, за некој друг може да биде dream come true.
Не ти залепив етикета, туку само кажав каков впечаток ми остави.

Ете гледаш сега си сосема друг човек, може те испровоцирав да успееш :)
 
devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.405
Поени од реакции
4.874
Може не е прашањево за овде, ама пак гледам некоја поврзаност...

Колку се отприлика платите во Македонија за SEO, WordPress, On-page SEO? Онака некој range од колку до колку се движат?

Има многу податоци за програмери, ама скоро никакви за дигитални маркетери.
 
Член од
8 јули 2008
Мислења
4.150
Поени од реакции
7.579
Ама сепак мора да подзапнат троа :D
Да, критериумите се спуштени премногу, ама има и премногу конкуренција кај апла почетници, и често грубите филтри знаат да исфрлат од игра и некој што е солиден кандидат.
Инаку луѓе кои сега ги примаме на џуниор позиција пред 5-10 години немаше да стигнат ни на пракса, а и голем дел од тие што ги гледаш со титули сениор тогаш ќе беа на многу пониска позиција.
Одамна ја немам читано темава, скролав и налетав на ова.
Можеби критериумите се спуштени, конкуренцијата поголема бла бла, ама реално е да ја погледнеш и другата страна на паричката - барањата од фирмите се доста зголемени и целата корпоративна девелопмент околина/клима е прилично сменета од времето кога вие сте почнувале...
Пред да ги изнесам аргументите, ќе кажам дека сум релативно свеж у индустријава и не сум човек што имал години и години искуство ама сепак, евидентно е дека има објективност во долунаведените аргументи...

1. Веќе скоро секоја озбилна фирма за 90% од ПАЗИ џуниор позиции бараат да знаеш (некои од) микросервиси, девопс, клауд, контејнеризација, RabbitMQ, Webpack и да не набројувам што уште не... Зборувам за просечна фирма. Оние сериозните нема што да зборам.
Не можеш да ми кажеш дека нивото што треба да го има еден џуниор е исто во 2022 и во 2015, а да не зборам пред тоа. Тогаш доста од овие технологии биле во бебешка фаза од својот развој, а денес се default за влез во една фирма. Денес entry level е со 1+ година искуство, има и такви кои дури 2+ години бараат за мочан ентри левел. Но ок, тоа е занемарливо.
2. Фирмите денеска бараат буквално "принц на бел коњ" кога станува збор за регрутирање. Во смисла, порано самите фирми, барем во Македонија биле релативно нови и не-етаблирани со не-етаблирани процеси и процедури. Пошто самите фирми тогаш биле по-кревки, веројатно повеќе преземале ризик при вработувањата... Знаеш, кога си побогат, набилдан и помоќен многу повеќе си picky отколку кога си сиромав, кревок и дебел.
Денеска пошто фирмите се пораснати и етаблирани за разлика од пред 7 години, они можат да си го дозволат тој луксуз да не го примат џуниорот на кој ќе треба да му посветат време за интеграција бидејќи нивниот бизнис нема баш многу да страда, и наместо да си трошат време на него, ќе чекаат 3 месеци за да си го најдат принцот на кој ќе му требаат 2 недели да се интегрира. Па оди објасни им дека "брзо копчаш".
Знаеш Ангулар а они користат Реакт? - Чао, поздрав друже! Тие "nice to haves" се најголема замка и превара. Може ти си 10х подобар во XYZ јазик од мене, ама џабе ти е ако ја имам какво-такво искуство пример со микросервиси.
3. Многу од самите огласи се малтене скемови... Истите огласи ќе стојат отворени по 6+ месеци, пошто фирмата бара принцче. Недај боже да му се одземе време на некој сениор да го менторира. Особено не во ремоут ера. Барањата и очекувањата денес се драстично кренати и тоа е евидентно.
4. Мораш да земеш во предвид еден факт. Претпоставувам ти кога си бил џуниор, си идел во канцеларија и си имал на дофат некој сениор/лид или што и да е, си бил на цигара со него, си пиел кафе, си играл пинг понг. Денес тоа веќе го нема. Обострано. Ја денес кога ќе заглавам, мора да закажам митинг, да му одземам 15 минути на сениорот и тој да ми биде посветен. Додека пред 5+ години тоа ќе биде решено за 15 секунди со "Еј брат, заглавив на ова и ова".
У смисла, и ти како сениор немаш поим како да менторираш некој преку Teams, пошто и самиот си бил менториран во офис. Бонус - Ретко која фирма има вистински организиран план за интеграција и менторирање, но ова не е аргумент туку само заклучок. Нит тогаш нит сега имаат/имале испланиран процес на интеграција. Документација да не зборам, добар дел од проектите биле документирани до одреден степен во минатото дур биле у бебешка фаза од својот развој, а денес се толку пораснати што едноставно нема поента и претставува губење време.
5. Процесите за регрутација, пред се техничките интервјуа се отидени у три лепе. Ти даваат тест, го решаваш, ти закажуваат техничко интервју каде што очекуваш нормална конверзација, од друга страна добиваш прашања што е message bus/queue за џуниор позиција. Ја ти тврдам дека кога ти си бил џуниор ни еднаш не си добил прашање од типот "Што е message bus/queue", или сличен тип на прашања. Вакви прашања сум добил многу пати во минатото.
Со FizzBuzz whiteboard добро решение малтене ве вработувале (така е зборот, не ме сфаќај буквално) во факинг 2015/16та... денес е скроз друга приказната. 57364756 филтри поминуваш, иако и тогаш било исто, само сега е каде каде по-остро во овој поглед.

Јас се согласувам дека веројатно нивото е паднато, но не можеш изолирано и површно да ја гледаш вината само во џуниори, академии и тн, и стереотипно да се расфрлаш со такви тези. Мораш да земеш во обзир фактот дека денес има многу повеќе технологии, tool-ови, библиотеки итн кои се дифолтни и еден џуниор мора да ги знае, што одзема време од in-depth знаење од пример програмски јазици и концепти.

Секако, се случувало на интервјуа стварно да излезам дрво и да сфатам дека треба столчето да го загреам за некои ствари. И тоа е многу битно нели, пошто се е школа на крајот од денот.
 
Последно уредено:

Види јас го зборувам ова од тоа што го гледам во моментов, минативе 2 месеци одржав преку 40 интервјуа, видов минимум двојно повеќе CVa, и ако споредам каков кадар беше примен, и за какви плати, истите гарантирам дека пред неколку години немаше ни да стигнат до последното интервју. Нема доволно квалитетен кадар, и од тие што се голем дел се со огромни дупки во знаењето и уште побитно турни ме да кинисам. Излегува проблем, додека не дојде некој да му го реши крева раце од тастатура и чека, користење на главата скраја да е.

Тоа што фирмите бараат 300 работи не е од вчера, соодветно на времето и постоечките технологии секогаш барале, и ќе бараат, а што ќе побараат на интервју зависи од фирма до фирма, и од позиција. Тоа џуниор е релативна работа, различна е дефиницијата за истите, и имаш позиции каде се водат џуниор, а платата е преку 1000 евра. Епа ако ти давам 100 000ки бруто, очекувам барем да знаеш теорија, меѓу другото и што е message bus/message queue (е тука лежи маката кај академиите, теорија послабо).

Од друга страна никој не бара да ги работат тие технологии, туку барем да имаат основни познавања, во превод барем еден изгледан туторијал на интернет и потрошена 1 недела во учење за истото да не го трошат додека се на работа. На крај од денот ова е бизнис каде се продава памет, ако некој не сака да загрее столче и да научи нешто, не гледам како е компатибилен воопшто да се занимава со ова. Ако ти споредам какви се селекциите тука каде што живеам сега, ова што го бараат во мкд е гола вода, а платите тука се просек дури и пониско од просекот на инженерските струки, плус overtime е мисловна именка.

Околу обуките, ИТ индустријата важи за индустрија со многу „чудни“ и „табиетлии“ луѓе, пола ни дома не ги разбираат а не пак колегите. И на времето беа чудни, а сега со тоа што во мкд тепаат по 5 просечни плати во месец дена мислат дека го фатиле Госпо за таквото. Мене сениор колега ми има криено екран, а не да седне да ме учи, ме маткале дека се пренатрупани со работа (компјутерот свртен кон ѕид, ела види што прави), а тој пола ден си го прчи на нет.
Имам пишувано дека римоут ќе биде уште потежок за новите, али тоа е моменталната реалност, и не тапкаат само новите луѓе во место, туку и фирмите бидејќи времето за онбординг е далеку подолго од нормалното. Тука пример скоро и да нема фирми со 100% римоут, најчесто се сите во канцеларија, или макс 2 денови од дома, остатокот од неделата во канцеларија.

Вина си имаат сите, и ова беше очекувано со промените во образованието, со никнувањето на академии на секоја раскрсница, со илјадници нови фирми и тркање кој побрзо да земе кадар, наддавање со плати и услови и тн.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
14.200
Поени од реакции
22.505
Одамна ја немам читано темава, скролав и налетав на ова.
Можеби критериумите се спуштени, конкуренцијата поголема бла бла, ама реално е да ја погледнеш и другата страна на паричката - барањата од фирмите се доста зголемени и целата корпоративна девелопмент околина/клима е прилично сменета од времето кога вие сте почнувале...
Пред да ги изнесам аргументите, ќе кажам дека сум релативно свеж у индустријава и не сум човек што имал години и години искуство ама сепак, евидентно е дека има објективност во долунаведените аргументи...

1. Веќе скоро секоја озбилна фирма за 90% од ПАЗИ џуниор позиции бараат да знаеш (некои од) микросервиси, девопс, клауд, контејнеризација, RabbitMQ, Webpack и да не набројувам што уште не... Зборувам за просечна фирма. Оние сериозните нема што да зборам.
Не можеш да ми кажеш дека нивото што треба да го има еден џуниор е исто во 2022 и во 2015, а да не зборам пред тоа. Тогаш доста од овие технологии биле во бебешка фаза од својот развој, а денес се default за влез во една фирма. Денес entry level е со 1+ година искуство, има и такви кои дури 2+ години бараат за мочан ентри левел. Но ок, тоа е занемарливо.
2. Фирмите денеска бараат буквално "принц на бел коњ" кога станува збор за регрутирање. Во смисла, порано самите фирми, барем во Македонија биле релативно нови и не-етаблирани со не-етаблирани процеси и процедури. Пошто самите фирми тогаш биле по-кревки, веројатно повеќе преземале ризик при вработувањата... Знаеш, кога си побогат, набилдан и помоќен многу повеќе си picky отколку кога си сиромав, кревок и дебел.
Денеска пошто фирмите се пораснати и етаблирани за разлика од пред 7 години, они можат да си го дозволат тој луксуз да не го примат џуниорот на кој ќе треба да му посветат време за интеграција бидејќи нивниот бизнис нема баш многу да страда, и наместо да си трошат време на него, ќе чекаат 3 месеци за да си го најдат принцот на кој ќе му требаат 2 недели да се интегрира. Па оди објасни им дека "брзо копчаш".
Знаеш Ангулар а они користат Реакт? - Чао, поздрав друже! Тие "nice to haves" се најголема замка и превара. Може ти си 10х подобар во XYZ јазик од мене, ама џабе ти е ако ја имам какво-такво искуство пример со микросервиси.
3. Многу од самите огласи се малтене скемови... Истите огласи ќе стојат отворени по 6+ месеци, пошто фирмата бара принцче. Недај боже да му се одземе време на некој сениор да го менторира. Особено не во ремоут ера. Барањата и очекувањата денес се драстично кренати и тоа е евидентно.
4. Мораш да земеш во предвид еден факт. Претпоставувам ти кога си бил џуниор, си идел во канцеларија и си имал на дофат некој сениор/лид или што и да е, си бил на цигара со него, си пиел кафе, си играл пинг понг. Денес тоа веќе го нема. Обострано. Ја денес кога ќе заглавам, мора да закажам митинг, да му одземам 15 минути на сениорот и тој да ми биде посветен. Додека пред 5+ години тоа ќе биде решено за 15 секунди со "Еј брат, заглавив на ова и ова".
У смисла, и ти како сениор немаш поим како да менторираш некој преку Teams, пошто и самиот си бил менториран во офис. Бонус - Ретко која фирма има вистински организиран план за интеграција и менторирање, но ова не е аргумент туку само заклучок. Нит тогаш нит сега имаат/имале испланиран процес на интеграција. Документација да не зборам, добар дел од проектите биле документирани до одреден степен во минатото дур биле у бебешка фаза од својот развој, а денес се толку пораснати што едноставно нема поента и претставува губење време.
5. Процесите за регрутација, пред се техничките интервјуа се отидени у три лепе. Ти даваат тест, го решаваш, ти закажуваат техничко интервју каде што очекуваш нормална конверзација, од друга страна добиваш прашања што е message bus/queue за џуниор позиција. Ја ти тврдам дека кога ти си бил џуниор ни еднаш не си добил прашање од типот "Што е message bus/queue", или сличен тип на прашања. Вакви прашања сум добил многу пати во минатото.
Со FizzBuzz whiteboard добро решение малтене ве вработувале (така е зборот, не ме сфаќај буквално) во факинг 2015/16та... денес е скроз друга приказната. 57364756 филтри поминуваш, иако и тогаш било исто, само сега е каде каде по-остро во овој поглед.

Јас се согласувам дека веројатно нивото е паднато, но не можеш изолирано и површно да ја гледаш вината само во џуниори, академии и тн, и стереотипно да се расфрлаш со такви тези. Мораш да земеш во обзир фактот дека денес има многу повеќе технологии, tool-ови, библиотеки итн кои се дифолтни и еден џуниор мора да ги знае, што одзема време од in-depth знаење од пример програмски јазици и концепти.

Секако, се случувало на интервјуа стварно да излезам дрво и да сфатам дека треба столчето да го загреам за некои ствари. И тоа е многу битно нели, пошто се е школа на крајот од денот.
Како човек што учествувал во интервју како интервјуер и во 2016та и во 2022ра, можам да кажам дека ништо од ова не е точно. Денес им нудам мид позиции (или ентри левел мид) на луѓе кои тогаш не би ми поминале ни како јуниори. Плус рундите на интервјуирање се намалени во број, задачите поедноставени, очекувањата намалени и платите зголемени..
 
Член од
8 јули 2008
Мислења
4.150
Поени од реакции
7.579
@Lester Freamon @Inglourious Basterd

Сепак и јас сум релативно свеж у целава прича и може грешам. Можеби е така како што викате, дека ама баш се е неточно од она што го кажав, не верувам.

Може малку и претеруваме со генерализации базирани субјективни искуства, ама небитно.

Поентата е дека општо целиот процес е на секаков начин компромитиран и тотално рандом, најчесто на штета на кандидатот. Веројатно за сите сениоритети.
Си има фирмата чекбоксес и го бира оној што највеќе ги тикнува истите. Тоа е тоа. Многу малку можеме и вие и јас да смениме.

Во што конкретно го оценувате дека не го бива кандидатот ? Што ако ви дал супер тест а флопнал на интервју пример? или обратно? Што ако имате по еден од двата случаеви за една позиција, кој е во предност во тоа сценарио?
Немојте само со одговор "идеален кандидат ќе се покаже добро на двете"... многу horseshit теза е тоа, пошто идеални кандидати, како што самите тврдите, се вистинска реткост во денешно време.

Што вам конкретно ви е buzz kill кај џуниор што го интервјуирате, во поглед на немање искуство со некои конкретни технологии специфични за вас?

Желба и мотивираност за учење дали оценувате кај еден јуниор? Работна етика и посветеност? Како? Само преку 1 микро прашање, или? Дали ова навистина е битен аспект за вас или само про форма? За интервју кое трае од 30 минути како можете објективно ова да ги оцените овие клучни аспекти кај еден јуниор програмер?

Од се што кажав сметам дека техничкиот дел треба да биде помалку по крој од фирмата туку погенерализиран, нека биде брутален колку сака, нека има 846 филтри, ја немам проблем. За џуниор би требало неколку(4-5-6-7) core skills и тоа да биде тоа.
Ова е остварливо и возможно за секоја фирма, и тука објективно можат да сменат некои практики, ама скраја да е такво нешто во една експлоататорска средина како Македонија.
Секако дека 6 месеци нема да е продуктивен, колку сака нека е wiz kid. Еден куп сениори постари се примија во меѓувреме, па и на нив им требаат месеци...

Како да знам да одговорам на прашања за алатка/библиотека/фрејмворк/pattern што пример вие ја користите, кога не сум ни имал шанса да ја работам и изрично,елаборативно и дипломатски ви кажувам дека немам искуство или многу лимитирано (а.к.а сум чепкал нешто) ? Има вакви примери еден куп. И тоа е сосем нормално. Гледа дека не сум работел XYZ , и ќе ме прашува за синтаксички детаљи од истиот, иако ја изрично кажав дека сум користел нешто сосема друго. Поентата би требало да биде да знам што прави и која му е улогата на таа XYZ технологија. Ама нееееее, мора 3-4-5 прашања да ти постави за синтаксички детаљи и глупости. Па ајде расправај се дека е ирационален муабетот. Седиш, кажуваш не знам и чекаш следно прашање. Многу дебилно, те вади од рамнотежа и те сече од корен.
Али како што кажа Лестер, има табиет луѓе, има многу врски исто така... Х пати интервјуто ќе зависи од тоа на која нога е станат и каква математика има тој што те интервјуира и тн и тн. Процесот би требало да е разговор, а не его трипање и "испит од факс" атмосфера.

И јас сум добил и сеуште добивам многу малку support, очигледно ко што кажа самиот, знаењето е најбитен leverage што го имаш и никој нема да го сподели со тебе, пошто му стануваш конкуренција. Ретко каде ќе има отворена средина каде што ќе се споделува знаење без его и анимализам, пошто очигледно многу луѓе мислат дека ќе му направиш инвазија на куќата дома кај него ако му го прочепкаш мозокот и го прашаш нешто конкретно.
Многу его трип, но тоа е. Accept and move on.

Сепак 1,2,3 години небитно, додека за без искуство да не зборувам - не можеш како employer да очекуваш дека ќе имам искуство со ствари кои се вашиот niche, бидејќи ја досега сум видел 1, макс 2 niches … Вон тоа за мене светот е релативно непознат, и тоа е сосема океј… невозможно е да биде познат, како да ти кажам. Особено не кога преминуваш во твојата втора фирма со 1,2, па и 3 години зад грб. Не зборувам за екстремни ситуации секако, туку во твојот програмерски субдомен.
Може ова сега целово срање што го укопчав во оваа фирма, претходно доста ствари ми биле нови, па сега после XYZ време не сметам дека сум дупка за позицијава.
А од друга страна еден niche-related skill кај еден програмер во самиот процес никогаш не се асесира, пример потенцијално сфаќање на бизнис логика, што е многу потценето за јуниор. Tool-ови се учат ако ја имаш основата, ама ретко кој ова навистина го сфаќа и имплементира во својот hiring process, пошто на крајот пак се се сведува на површно тикнување checkboxes.

Задачата која ја добив во оваа фирма каде што сум, е од 2016та. Не дека има врска ова, само сакам да аргументирам она од погоре дека се е тотално рандом.

Академиите, не само теорија, туку и дебагирање 0 и работа со дебагер 0. Страшно потценета ствар за early stages. Барем по мое искуство.
Има доста читање код како џуниор, а треба да знаеш како ефективно да читаш... Дебагерот ти е едно од најдобрите другарчиња како џуниор, особено во ремоут ера и ако продуктот е прилично обемен.

Едноставно не може да се вадат генерализирани заклучоци од многу мал sample, ваш и мој. Вашиот може е доста поголем, ама пак е маргинален семпл. Тоа што вие го доживувате е маргина, а не објективна и вистинска стварност. Додека пак овде и јас и вие користиме лексика која алудира дека нашите тврдења се апсолутен одраз на реалноста, што воопшто не е случај.
На крај од денот поделби наши и ваши не носат никаква продуктивност туку само не туркаат у зајачка дупка и губење време.

Поентата - смешно е искрено да даваш суд и оценка за нечии компетенции преку 30 минутен муабет и тест. Пошто когнитивниот капацитет на еден кандидат се многу повеќе од тоа. Фирмите оставаат премалку простор за еден кандидат да учи ствари on the go, него стриктно преферираат принцови. Но таков е процесот, мењање е практично невозможно. Најдобро е да се прифати таков каков што е, со неговите евидентни слабости и маани.

Сепак веројатно и вие преку муабетов добивате малце појасна слика за другата страна од парата во 2022. Секако ова може да биде и од ваша страна сфатено како фидбек и да предизвика некое подобрување во вашите процеси. Треба да се настојува да се дебатира и разговара без его и да се цели кон подобрување на ова комјунити што го имаме овде. Тешко е, ама може да се потрудиме нели. Најпродуктивно за сите на форумов е да се преферираат такви муабети, а не на млатење празна слама и поделби, генерализации и стереотипи (обострани).

П.С најмалку што може една фирма да направи е да даде барем малку по-елаборативен фидбек кон (да потенцирам) неизбраниот кандидат од потесен круг, а не генерични глупости "Се одлучивме за друг кандидат, ти посакуваме успех". Bitch, ви имам посветено време, почитувајте ми и дајте ми барем конструктивен фидбек, кој можеби ќе ми биде екстра корисен за мојот подоцнежен развој. 2 минути работа е, ништо не ве кошта а мене ќе ми значи.
 
Последно уредено:
Член од
27 септември 2010
Мислења
4.703
Поени од реакции
6.457
После година и кусур работно искуство, почнав редовно да добивам пораки на ЛинкедИн за интервју во компании, а во профилот немам наведено дека барам работа. Убаво е тоа, ти се нудат нови прилики кон подобро, нели? Неодамна прифаќам воведно интервју, за запознавање. После тоа, ми се бара следно интервју, алгоритамски тест. Која е поентата да ви решавам алгоритми, ако веќе имам работно искуство и портфолио на (из)работени проекти во претходните/тековните фирми? Вие сте тие што барате кандидат, што на истиот не му е приоритет да најде нова фирма. Не ли треба да се разговара повеќе технички, отколку да се чувствувам како на аудиција и да ви докажувам дека знам да куцам логички код?

А исто така, зошто се крие потенцијалната плата? Зошто таа информација не ми се кажува, туку го добивам прашањето колку е моето очекување? За да кажам плата, и од старт да го одберат кандидатот што бара помалце?!
 
Kajgana Shop

На врв Bottom