Ко што кажаа погоре, нема подобар учител од реален проект.
Муабетот е што за џуниор, многу често некои обврски кои ги добиваш во тек на ден и општо целиот ден, ако си навлезен во проектот (6+/9+ месеци), ќе ги завршиш за 6 саати во просек (може ќе работиш некад 10 саати - поретко, некад 4 - во петок пример). Многу често гледам јас или колеги по 2 саати на ден да се поминат на јутуб, па "private appointments" еден куп во календарите и разни други сомнителни лабавења. И самиот гледаш дека многу ИТ ликови со разни снеиоритети доста работно време поминуваат на кајгана

. Дали доработуваат после и се каат за изгубеното време на вакви платформи, не знам

. Ама евидентно е дека огромно мнозинство има дупка у работни обврски кои ги попунува со некакви други активности и тоа е ноторен факт во сите флексибилни ремоут фирми.
Реално само ако си ептен сениор сениор како што се некои од членовите овде претпоставувам, не верувам дека ќе бидеш до толку оптеретен со прекувремена работа и останување. Секако, ако се посветиш и ако си навлезен и ако не си губиш време безвезе, мислам дека може да се истолерира сиот тој притисок.
Така да, 5 дена по 10 саати не се нешто ептен многу. 1, максимум 2 години може да се исфура тој принцип.
Да, добробитот и work life balance се многу битна ствар, и тоа треба да се земе во обзир. И си има луѓе кои не би ги жртвувале овие ствари, и тоа го разбирам и е океј.
Мислам дека 50 саати неделно во просек се сосема океј за да имаш и екстра пари, да ти се крева скилот, да осознаваш нови технологии, и да имаш време за прошетки и разни лабавења. Секако, првите месеци дур се навикнеш на двете работи ќе бидат пеколни, ама после тие 2 месеци нештата ќе се олабавуваат и ќе пораснеш енормно. Да, многу луѓе остануваат прекувремено, ама не верувам дека од џуниор ќе се бара тоа до тој степен, барем не првите 2 години. Ако ептен остануваш после работа, тогаш треба да си поразговараш. Меѓу другото, ретки се фирмите што плаќаат прекувремено на џуниори, да се разбереме.
Боље + 2-3 саати со парт тајм на ден него ли истото време во туторијали/курсеви и слични ствари кои уствари содржат една голема дупка после оние базичните "Learn React By Building a Sophisticated To-Do-App" или некои такви теми. Да, има и далеку пософистицирани и подобри туторијали од ова мое лупање, ама и тие имаат еден огромен void кој у реален проект не го попунуваат воопшто. Башка дур да ги најдеш тие вредни ресурси за учење, ќе помине многу време и ќе потрошиш еден тон живци. Туторијалите те учат да стануваш на нозе, а од тебе практично се бара да трчаш маратон или не знам, тркање со пречки.
Но, пример јас како човек што нема ИТ факс осеќам дека мал милион работи ми фалат за да сум компетентен и релевантен на пазарот по моја некоја мерка. Релно мора некако да компензирам и да качувам скил побрзо, истовремено не игнорирајќи ја основата секако.
И тука се враќаат муабетите од погоре, дека 1 месец искуство е како 6 месеци да следиш туторијали или како 6 месеци на факс т.е 2 семестри (може не баш толку, ама ми ја сфаќате поентата). Мислам дека од ова поголем PRO во поглед на прифаќање екстра парт-тајм ангажман нема. А денешниве фирми не се многу флексибилни у смисла да ти даваат време и начин да учиш on the go, него пикираат кадар што ќе биде најефтин и на кој ќе му треба најмалце време да се адаптира т.е што ќе има знаење од најголемиот дел од технологиите што се користат.
Колку сакаш биди компетентен во некој бек енд јазик, ама за еден тон фирми ако не знаеш Реакт/Ангулар пример, си unhireable.
Додај на ова фактот што пример, некои технологии и некои ствари стануваат outdated, приморан си да шифташ едноставно и да бидеш изложен на повеќе технологии за да бидеш уште повеќе employable. Така да мислам дека бренчањето и шифтањето е доста битно во првите 5-6 години од твојата кариера. Секако, не мислам како чорапи да мењаш фирми, проекти и технологии да се разбереме. После кога ќе станеш сениориште или лид, друга е приказната.
Баш оние ствари кои погоре ги наведоа како гадни и тешки - шифтање на друг проект, одново правење onboarding и навикнување на нов проект се стварите кои тебе те праат подобар програмер. Тоа се комплицирани процеси кои стварно ти тестираат и живци и скил и све и претставуваат сериозен challenge особено ако работиш од дома. И верувам дека после, откако ќе поминат тие процеси ќе бидеш многу по зрел програмер од претходно.
Ова го зборам од причина што денес бариерата за влез во некоја компанија се доста големи, и многу често знае да се бара влакно во јајце, и од таа причина поголем exposure те прави повеќе employable. Плус знаеме дека најбрзиот начин да ти порасне плата е да смениш фирма (иако овој пристап на долгорочен план можеби воведува нови проблеми и предизвици). Јбг, таква е ситуацијата и таков е пазарот моментално.
Сеа, за 4 месеци во една фирма реално е прерано, бидејќи огромен дел од стварите ти се нејасни (зависи колкав е проектот секако). Но после неколку месеци, откако уште толку ќе навлезеш и ќе се раскомотиш, може тогаш да направиш одново assessment и да размислиш.
И да, реално многу е тешко да се најде туторијал или незнам извор на едукација кој ќе биде стварно 1000% релевантен и ќе те научи. И мислам дека пристапот "гледај туторијали или курсеви после работа" се прилично overrated, бидејќи после пак ќе бидеш скроз изгубен кога ќе дојде проектот, јер најголем дел од курсевите имаат многу малце "juice" во поглед на знаење, секако ако ги споредиме со реални проекти. Уосталом, ретко кога ќе ти дојде после работа да гледаш туторијали и премногу време и hustle бараат, додека пак притисокот од работа, макар и парт-тајм ќе те научи за 1 месец многу повеќе него туторијалите. А ти практично времето што ќе го вложиш во курсеви/туторијали ќе го поминеш на нов проект парт-тајм и за истото ќе бидеш платен и многу побрзо ќе напреднеш. Секако, постои ризик дека ќе флопнеш во процесот, ама во секое време можеш да го откажеш парт-тајмот ако си презафатен и тн.
Според мене, она што те прави објективно добар програмер се меѓу другото, и разноликите искуства што ги имаш од повеќе индустрии и технологии. Бидејќи барањата за new hires стануваат се поненормални од ден за ден, мораш да branch-аш на некој начин и да бидеш работно изложен на повеќе ствари со тек на време.
Друга хипотеза, пример ти се свиѓа фирма која има ВЕБ проект, добри плати имаат и добра атмосфера, топ проект, нови технологии туто комплето, а целото твое искуство било насочено кон десктоп или мобилни апликации.
Мислам дека е мисконцепција да се стигматизира она "Jack of all trades" на сметка на "Master of one". Бидејќи постојат луѓе кои сакаат да бидат добри/солидни/океј у повеќе ствари, наместо експерт у една... И тоа е сосема океј и не треба да се осудува, бидејќи огромен дел од фирмите моментално ги преферираат првите, и имам чувство дека се повеќе и повеќе ќе се бараат условно кажано повеќе "генералисти" програмери отколку некои строго определени "експерти" само во 1 сфера.
Сепак ова е мое скромно мислење. Сум работел повеќе работи во животов истовремено (вклучувајќи како девелопер) и ако се поклопат коцките и ако не ти страда менталното здравје и ако си ок со време, ондак вреди и те како да се работи фул тајм + парт тајм. И да, секако, ова важи за работа од дома, бидејќи ако идеш во канцеларија и дневно тепаш по 1.5 саати да стигнеш до и од работа, муабетов станува неостварлив и ептен пеколен како временски така и енергетски, особено во Скопје ако фаќаш шпиц.