Lester Freamon
A man of focus, commitment, sheer will...
- Член од
- 14 јануари 2015
- Мислења
- 16.241
- Поени од реакции
- 36.550
Ни јас не го викам тоа, ниту ти е семејство, ниту колегите ти се пријатели, мое мислење е дека секогаш треба да се држиш на професионално ниво.Друже, главната и основна цел на едно претпријатие е максимизација на профитот, заради тоа и ти ренташ девелопери од Индија ако не се лажам. Муабетите за лојалност, фирмата е семејство, колегите ти се пред се пријатели се за муабети за на introduction events. Впрочем фирмите тоа и го прават, го одбираат оној што им е the best bang for the buck. Пред да заминам од претходнава фирма им се понудив да работам за помала плата од оваа што сега ќе ја земам, тоа ништо не им значеше иако можеа да ми ја дадат платата, пошто беа сигурни дека можат да најдат поевтин девелопер кој ќе може да ја сработи истата работа за помалку пари.
Поентата на муабетот ми е дека се е ствар на договор, ако не ти одговара, не прифаќај, али далеку од тоа дека секогаш ќе извадиш максимум.
Да, експериментирам и со подизведувач од Пакистан, и со подизведувач од Индија (фирми) за дел од работите, најмногу поради нестабилниот пазар кај нас, и недоволно кадар спремен да почне на проектите веднаш (профитот е второстепен).
Искуство, на почеток беа прилично лоши, со тек на време ги оправивме дечките и се што не е премногу комплексно, го завршуваат речиси перфектно (особено Пакистанците). И да, поефтино доаѓа, а квалитетот успеавме да го дотераме до бараното ниво.