Како тазе вработен, да споделам искуство.. Прво џуниори вработување со среќа искрено. Лани барав пракса пратив на 10 фирми CV бев на 5 интервјуа добив од 2 фирми пракса и од една директ работа. Годинава пратив на 32 фирми.. ми вратија одговор воопшто од 2. Моментално со коронава и работа од дома не се замараат помаливе фирми да вработуваат џуниори бидејќи дефинитивно неможат да им посветат внимание а и 90% од џуниорите не се спремни за работа веднаш на проект. Отежната е комуникацијата па така за нешто во канцеларија што ќе е 5мин овдека треба да се договара состанок цел ќе ти отиде.
За што има работа? За се. Најлесно се влаго во фронтенд и тестинг, за фул и за бекенд малку потешко бараат да си спремен стварно. Научи html css + react/angular и ќе најдеш работа.
За фронтенд мора да знаеш Javascript и да можеш да одговориш на прашања од типот што се: this, scope, decuntruct, map, reduce...
За бекенде малку повеќе: OOP ама се.. има да ве испрашаат ко првооделечиња ова мора убаво да спремите да објасните со свои зборови класи, објкти наследувања се што е поврзано. MVC концептите убаво, бази на податоци и sql i nosql.
Јас следам бааѓи јутубери програмери кои зборат за индустријата на запад/америка трудете се да научите од нив бидејќи и фирмите наши се стремат кон тоа. Напрајте си добро CV и лична препорака веб страна ваша кај што ќе ви биде еден вид и CV и порфолио и ќе ги ставите тука вашите проекти што сте ги напраиле.
Joshua Fluke - разгледајте го дечково често прави ревјуа на CV и портфолија има што да се научи бааги.
Јас лично се немам спремано за алгоритамски задачи и мислам дека се ептен безмислени.. не се вработуваме во гугл па да ти требат ти глупости коа 80% од програмерите куцаат круд апликации... а бараат џуниори да им решаваат задачи со динамичко програмирање што ги нашле на нет и самите не ни пробале да ги решат и дел од нив ќе заглават, ама тоа е од фирма до фирма некој бараат некој не. И како препорака да не се разочарувате, има огромна конкуренција, ама има и многу работа така да ќе излезе нешто. Се надевам моето искуство ќе му помогне на некој си најде работа. Good luck!
П.С забораив.. НЕ БАРАЈТЕ ПРАКСА! тргнете го тој збор од речник ако сакате да влезете у индустријава вие сакате да работите, а не да праксирате. Секогаш барајте џуниор позиција, прифатете ако ви одговара и помала плата на почеток ама не праксирајте. Џуниот вработен е исто што и практикант....