ИДНИНА ?

Член од
1 ноември 2012
Мислења
100
Поени од реакции
103
Како млад граѓанин на оваа наша држава имам потреба да се изјаснам гласно, всушност повеќе имам потреба да бидам чуена! Последниов период се повеќе и повеќе ме иритираат некои работи, односно многу работи, кои народот во Македонија по се изгледа решил да ги премолчи и да ги преголта. Бидејќи сум студент ќе се обидам да се задржам најмногу околу оваа болна тема: условите, правата и вредноста на нас, студентите. Секој од овие 3 претходнонаведени поими во практична смисла како и да не постои.
Кога ќе дојде време во Македонија да се сетат оние што се „горе“ на позиција дека е редно младата популација да биде ставена во преден план, науката и образованието да почнат квалитативно да се развиваат, а не квантитативно со отварање на факултети во секоја населба? Не се гради нов спрат од куќа, ако ти се рушат ѕидовите во приземје. Од државата во последните години многу наши браќа, сестри, роднини... се иселија. 230 000 млади луѓе, на земја со 2 милиони жители и алармантен податок. И да бидеме реални, причината за тоа сигурно не е убавиот живот и прекрасните услови кои ни ги нуди општеството.

Што вредат повеќе студентите од Запад за разлика од нас? Зошто тие имаат достоинствени услови, а ние се бориме како во жива песок?

Да започнам со студентските домови: Колку од нашите ценети политичари ќе издржат во тие услови барем една недела? Нели немаше пари за нивна обнова и реконструкција , а што се тие милионски суми за споменици, фонтани, лоши копии на објекти од светските метрополи? Да, во Лондон имаат панорамско тркало, ама имаат и студентски домови какви што ние можеме само да ги гугламе на интернет. Не се гради туризам врз сиромаштијата на луѓето.

Втор проблем е несоодветната литература и неспремноста на факултетите доследно да овозможат услови за практичниот дел од наставата. Дали во Њујорк или во Белград студентите учат на македонски јазик? До кога ќе импровизираме со странска стручна литература? Да го земам за пример Архитектонски факултет: не ли е срамно никогаш до сега да не се направеле напори за издавање на соодветни учебници на наш мајчин јазик? Лабораториите и да не ги спомнувам, тие ни се детска играчка доколку ги споредиме со било која лабораторија во другите држави.

Каде тоа во светот пензионерите имаат повеќе права од студентите? Зошто сме казнети ние да плаќаме месечно толку пари за превоз? Никој не дошол на студии за во вторник и петок да не може да стигне на предавања или на испит затоа што автобусите се преполни со привилегираната група граѓани – пензионери и нема место внатре ни дете од Африка да застане. На барањето јавниот транспорт да ни е бесплатен, или барем со помала цена добивме одговор од министерството „Студентите се работоспособна група.“. Па добро, не погледнале ли во нивните статистички податоци, или барем да им текне да направат од многусакани анкети, да видат дека во Македонија нема работа?

Пробувам да се сетам, зарем некаде во упатствата за запишување на факултет не пишуваше дека треба да уплатиме парични средства кои ќе одат на сметката на некаков си Студентски Парламент или како и да е? Каде е таа организација? Слушнал ли некој нејзин глас или дали и видел трага? Нели таа треба да се бори за нашите права? Кој апсурд, е затоа никаде нема да одиме, затоа што цел живот ние како народ се бориме за некакви права.

Жално е колку пати јас самата на себе сум си лута што не отидов и јас некаде во странство да бидам граѓанин од втор ред, ама барем да знам дека некој ќе ми го вредне трудот. А не сум единствена, како мене ги има уште многу . Денес национална желба на сите родители во Македонија е барем едното дете да им остане дома, да не оди во туѓи држави.

И едно последно прашање: Каде се медиумите кои треба да се глас на народот, а не на државните органи? Моќта на подведување и замајување на вестите кои ни се пласираат секојдневно е речиси еквивалентна со онаа на Хитлер во перење на мозоци. Турските серии ни го одвлекуваат вниманието на неколку часа,за среќа или за жал, недоволни за да заборавиме на реалната ситуација.
Знам дека имам многу прашања, ама не сакам да бидат реторички. Сакам да бидат одговорени, сакам да бидат решени.

Не се гради иднина ако немаш сегашност!

Писмово е преземено од добра другарка и колешка на мој другар со просек 9,4 неможам да откријам на кој факултет кај и да е ке го има по портали.
 
Член од
14 декември 2007
Мислења
3.271
Поени од реакции
707

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.819
Mногу прашања без конкретен одговор онака само нафрлани........од една во друга тема. Предлог-решение барем да имаше поконкретно на поконкретен проблем.
Вака јасно ни е на сите и толку.

Цитирам само едно кое така ми забоде очи ,,Жално е колку пати јас самата на себе сум си лута што не отидов и јас некаде во странство да бидам граѓанин од втор ред, ама барем да знам дека некој ќе ми го вредне трудот".

Самосожалување или? Што е жалново тука? Со текстови и ломотење не се прави ништо.

п.с просекот не е секогаш мерило на паметност. Ги има на факултетов мој со сличен па не знаат в газ да се онадат. На трепки им се бесат на професорите за едно оценче или по некоја случајност имаа родители нотарчиња, адвокатчиња, директорчиња.(тие успеваат, им се наредиле коцките а?!)

Или пак ние учени сме од старт да претендираме кон директорско место или некое кое добро ќе не ситуира, некое повисочко во хиерархиската скала.

Се почнува од долу, па лека полека се оди нагоре ако се оди. Kaко за пример прашајте по некој професор што работел пред да постане професор? Ќе сретнете од новинари, до машиновозачи во Русија. Ама државава не ја бива, ваљда и не ја бивало чим и тие таква судбина делеле нели. То е ноторен факт. Цел живот ти е борба во која снаодливите, добрите играчи (или оние чии коцки друг ги реди), некогаш и добрите се обидуваат да преживеат.
 
Член од
14 октомври 2013
Мислења
75
Поени од реакции
104
Две препораки за студентката со 9.4 . Поднесување за БГ пасош или членска од Дпмне. Види го футбалерот.

Фудбалер на Вардар стана претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ!







http://www.mkd.mk/sport/fudbal/fudbaler-na-vardar-stana-pretsedatel-na-ums-na-vmro-dpmne
Што ќе и фали да земе студентката фудбал да игра?? Копачките наместо штикла, и напред во УМС!
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Ама државава не ја бива, ваљда и не ја бивало чим и тие таква судбина делеле нели. То е ноторен факт. Цел живот ти е борба во која снаодливите, добрите играчи (или оние чии коцки друг ги реди), некогаш и добрите се обидуваат да преживеат.
Мислам не е така
Постои и нешто што се вика случајност. Ако погледаш, меѓу твоите универзитетски професори има паметни но има и глупи. Ист е процентот на глупи професори, споредено со, на пример, глупи цајкани во однос на сите цајкани. Тоа е доказ дека професор се станува случајно.
Но за темава мислам дека е суштествено дека младиве се школуваат а не им е обезбедено вработување. Тоа е суштината на проблемот.
Тоа е задача на општествената заедница - сите да се вработат. Државата може да отвори научни институти, да отвори јавни работи и слично и сите да ги вработи.
Зарем е подобро да седат без работа?
 

Хајсенберг

Компјутерски Инжињер
Член од
15 ноември 2013
Мислења
347
Поени од реакции
365
За студентка со просек 9.4 бугарски пасош!:)
 
Член од
26 октомври 2012
Мислења
2.535
Поени од реакции
3.362
@Achilles1989
1.Пензионерите гласаат идат на избори ,а не ние студентите и младите затоа ги залажуваат со јсп ,бањи безпари итн.
2.Џиповите треба да се наполнат со гориво тие не се движат на вода ,затоа ја и ти плаќаме студентски парламент и карти за јсп.
3.На државата не и гајле за студентите , секогаш ќе има студенти кои ќе плаќаат факултет ,а сето тоа ќе биде џабе кога некој ќе дојде со партиска книшка која има повеќе значење ,затоа ти е што се најдобри ќе си одат од државата и ќе работат за европа или азија која знае да ги цени нивните таленти .
4.Земи вади си некој пасош (бугарски или албански ) зошто овде нема леб ,сами си ги бркаат луѓето ,да не ти кажувам колку иселеници има и живеат 100 пати подобро од колку овде.
 

Amaterasu

123123113
Член од
17 април 2012
Мислења
1.141
Поени од реакции
1.085
Абе секој ден по 5 вакви текстови читам, ама како еднаш невидов бе некои да се соберат и да протестираат ? Условите во Македонија се такви, или прилагодете се, или заминете во странство, или излезете на улица и барајте си ги правата. Овие текстови за курац не вредат.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Абе секој ден по 5 вакви текстови читам, ама како еднаш невидов бе некои да се соберат и да протестираат ? Условите во Македонија се такви, или прилагодете се, или заминете во странство, или излезете на улица и барајте си ги правата. Овие текстови за курац не вредат.
Што има врска ако протестираш?
Мислиш нив им е гајле ако протестираме.
Најмногу што може да се случи е да речат овие се од опозицијата или што ти знам од каде и толку.
Значи важи твојот втор предлог - „ заминете во странство “
А инаку текстовите ги пишуваме за да се дружиме. Мислиш дека некој друг ги чита? Не...
 
Член од
27 мај 2013
Мислења
719
Поени од реакции
537
Мислам не е така
Постои и нешто што се вика случајност. Ако погледаш, меѓу твоите универзитетски професори има паметни но има и глупи. Ист е процентот на глупи професори, споредено со, на пример, глупи цајкани во однос на сите цајкани. Тоа е доказ дека професор се станува случајно.
Но за темава мислам дека е суштествено дека младиве се школуваат а не им е обезбедено вработување. Тоа е суштината на проблемот.
Тоа е задача на општествената заедница - сите да се вработат. Државата може да отвори научни институти, да отвори јавни работи и слично и сите да ги вработи.
Зарем е подобро да седат без работа?
Државата може да се носи. Не е способна да го направи потребното. Сите што ќе дојдат на функција "имаат фора" 4 год да лапнат колку можат, затоа што можеби и нема да бидат после тој период. Уште овде важи она југословенското - што ми е гајле, не е тоа мој проблем. И for the record, каде виде паметен џандар? Единствен услов да те примат таму е да си глуп! :D
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.303
Поени од реакции
78.991
Уште коа се отцепувавме, Македонците покажаа дека се народ без државотворен капацитет. Ова се само последици на тоа преценување на своите можности.
 
N

Nessa Alcarin

Гостин
Се додека си седеме на задниците и не преземаме нешто, џабе кукање.. А на некој да му кажеш ајде се организираме на мирен протест за наши права, сите молчат ко пупи.
Не ти се допаѓаат студентските? Протест! Не ти се допаѓа тоа што плаќаш карта за автобус? Протест! Не ти се допаѓа тоа што професорите се глупи и немаме никакво образование и уште учиме застарени работи додека светот оди напред? Бојкот на настава!
Едноставно е бре луѓе.. Се додека си молчиме, значи даваме слика дека се ни е розово и убаво. Ама не да се соберат 20 луѓе од електро и 10 од машински.. Сите бре! Сите! На сите не ни се допаѓаат условите. Нема некој студент да го прашаш и да ти каже дека му е убаво.

И не е решение да извадиш било каков друг пасош. Што мислиш со бугарски пасош ќе те чекаат со отворени раце, рози ќе ти фрлаат пред нозе? Ах бре деца, деца...
--- надополнето: 19 ноември 2013 во 14:47 ---
Што има врска ако протестираш?
Мислиш нив им е гајле ако протестираме.
Најмногу што може да се случи е да речат овие се од опозицијата или што ти знам од каде и толку.
Значи важи твојот втор предлог - „ заминете во странство “
А инаку текстовите ги пишуваме за да се дружиме. Мислиш дека некој друг ги чита? Не...
Кога сите ќе излезат и ќе нема ни жива душа низ факултетите, кога ќе им се заканиш дека никој нема да запише семестар додека не го добиеме тоа што го сакаме, ќе видиш како ќе почнат да те слушат.
Студентски протести се едни од најстрашните показатели дека водачите не си ја работат работата како што треба. Многу голем удар е тоа. Но тоа е битка што не се добива за ден или за недела, тоа е битка во која треба да се издржи до крај. Ама не сме ние сложни за да изведеме такво нешто, така да и јас џабе зборам..
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.819
Мислам не е така
Постои и нешто што се вика случајност. Ако погледаш, меѓу твоите универзитетски професори има паметни но има и глупи. Ист е процентот на глупи професори, споредено со, на пример, глупи цајкани во однос на сите цајкани. Тоа е доказ дека професор се станува случајно.
Но за темава мислам дека е суштествено дека младиве се школуваат а не им е обезбедено вработување. Тоа е суштината на проблемот.
Тоа е задача на општествената заедница - сите да се вработат. Државата може да отвори научни институти, да отвори јавни работи и слично и сите да ги вработи.
Зарем е подобро да седат без работа?

Ами и не е некој доказ. Можеме да оставиме нешто на ,,случајност" да, онака некој да улетал, но јас тие глупите би ги сместил во некој што ги поттурнал или ги исклоцал на такво место, ги поткачил и подзел, било партија, било роднини, родител па и мито од некое илијадарче во евра.

Задача е да се отвораат работни места, факт, сите тука се согласуваме. Но од друга страна ја посматрам младинава еве конкретно тргам од факултетов мој. Ами јас планирам да бидам адвокат, ами јас планирам во некоја фирма правник, а истите со бубица го распараа системот, не знаат збор да гугнат. И после детето им седело дома на родителите (или полоша варијанта им зело место на некој поасолен). Од старт имаат претензии кон високи места притоа занемарувајќи ги сопствените можности, способности или поточно прашањето-Колку сум јас спремен да се носам со една таква функција, колку можам истата да ја извршувам, башка настрана само силната желба да се биде на тоа место.

Студентката спомeнала Студентски парламент. Еве да спомнам и јас дел од таа тематика. И кај нас е тој проблем, па се собравме да пробаме да воведиме измени, тие парите кои лежат за некој да се богати да се искористат на попаметен начин, да ни олеснат во некоја област. Опнавме, се собравме и го искркавме стапот преку реваншизам во оценки, ама пробавме. Ги имаше и тие од страна кои само гледаа и аплаудираа ,,Браво браво", така е, да воведиме измени, но си го тргнаа газето со секакво отсуство.

Јас утре да треба да гледам фамилија, да претпоставиме, ако треба аргат ќе одам, на мешалица малтер ќе мешам за некој денар. Ама сум учел правен, ама сум имал 9.3 просек, ама заеби :)

Факт е дека најдобро е секој според квалификациите да си работи и вади пари. Факт е дека некој и така работи. Факт е дека некој не. Како што погоре кажав, се почнува од негде па се оди до друго негде. Државата е таа што е.Со кукање и лелекање не се менуваат работите.

Барем вие имате искуство со Уставен Суд и најдобро ќе ме сфатите што сакам да речам. Акција!!! Не само зборување.
Јас сум за да го направиме тука подобро местото за живеење , заеднички со труд и влог.
 
Член од
8 мај 2005
Мислења
542
Поени од реакции
76
Втор проблем е несоодветната литература и неспремноста на факултетите доследно да овозможат услови за практичниот дел од наставата.
?? Вие тепрва "преродба" а ла 19 век ли ке правите? Нема логика во 21 век да се преведуват университетски учебници на македонски, ниту п'к на српски или бугарски.

Дали во Њујорк или во Белград студентите учат на македонски јазик? До кога ќе импровизираме со странска стручна литература?
Не конечно. Во Њујорк исто како и во Шанхај, и во Амстердам, и дури во Палестина се учи од нај-добрите учебници, од оригиналните учебници на англиски.Колегата ми од Газа, една разбита и бомбардирана земја, си говори течно на англиски - од гимназијата до университетите сите науки се водат на англиски. И во една супер-економика като Германија човек може да заштити PhD дисертација на англиски, ако сака.

Да го земам за пример Архитектонски факултет: не ли е срамно никогаш до сега да не се направеле напори за издавање на соодветни учебници на наш мајчин јазик?
Одлично, под услов дека се учи на некој сериозен јазик.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
@Плавооко, @turvior,@Nessa Alcarin,
Мислам дека погрешно ме разбравте....
Зборот ми е само со протест,да се собереме, да носи ме транспаренти.... ништо не праиме
Кога во март 2009 ставија рампи кај Зелен Пазар, се собравме сите комшии., протест... не се слагаме... рекоа добро и ги дигнаа рампите неколку дена
По неколку дена пак ги ставија, пак протест... собирање потписи пак ги дигнаа и по неколку дена пак почнаа со рампи
Уште еднаш протест, јас бев и по партииве и кај едните и кај другите, и пак ги дигнаа и потоа фати велигден и пак почнаа со рампи
И денес се тие рампи тука
Јас сум пишувал кога на Свештениците во Црквата Свети Димитрија им ставија рампи. Свештениците протестираа десетина пати, дури и Патријархот интервенираше и ништо. Дури жалосно да гледаш Свештеници во мантии да протестираат. И ништо...
Не помага со нив таков протест
Нашиве политичари велат, јас го победив Гранко или Гомко или некој друг го*но јадец и сега четири години ќе правам што сакам.
И тој ни вели: Каков закон ...Каков устав... Јас сум и устав и закон.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom