- Член од
- 1 ноември 2012
- Мислења
- 100
- Поени од реакции
- 103
Како млад граѓанин на оваа наша држава имам потреба да се изјаснам гласно, всушност повеќе имам потреба да бидам чуена! Последниов период се повеќе и повеќе ме иритираат некои работи, односно многу работи, кои народот во Македонија по се изгледа решил да ги премолчи и да ги преголта. Бидејќи сум студент ќе се обидам да се задржам најмногу околу оваа болна тема: условите, правата и вредноста на нас, студентите. Секој од овие 3 претходнонаведени поими во практична смисла како и да не постои.
Кога ќе дојде време во Македонија да се сетат оние што се „горе“ на позиција дека е редно младата популација да биде ставена во преден план, науката и образованието да почнат квалитативно да се развиваат, а не квантитативно со отварање на факултети во секоја населба? Не се гради нов спрат од куќа, ако ти се рушат ѕидовите во приземје. Од државата во последните години многу наши браќа, сестри, роднини... се иселија. 230 000 млади луѓе, на земја со 2 милиони жители и алармантен податок. И да бидеме реални, причината за тоа сигурно не е убавиот живот и прекрасните услови кои ни ги нуди општеството.
Што вредат повеќе студентите од Запад за разлика од нас? Зошто тие имаат достоинствени услови, а ние се бориме како во жива песок?
Да започнам со студентските домови: Колку од нашите ценети политичари ќе издржат во тие услови барем една недела? Нели немаше пари за нивна обнова и реконструкција , а што се тие милионски суми за споменици, фонтани, лоши копии на објекти од светските метрополи? Да, во Лондон имаат панорамско тркало, ама имаат и студентски домови какви што ние можеме само да ги гугламе на интернет. Не се гради туризам врз сиромаштијата на луѓето.
Втор проблем е несоодветната литература и неспремноста на факултетите доследно да овозможат услови за практичниот дел од наставата. Дали во Њујорк или во Белград студентите учат на македонски јазик? До кога ќе импровизираме со странска стручна литература? Да го земам за пример Архитектонски факултет: не ли е срамно никогаш до сега да не се направеле напори за издавање на соодветни учебници на наш мајчин јазик? Лабораториите и да не ги спомнувам, тие ни се детска играчка доколку ги споредиме со било која лабораторија во другите држави.
Каде тоа во светот пензионерите имаат повеќе права од студентите? Зошто сме казнети ние да плаќаме месечно толку пари за превоз? Никој не дошол на студии за во вторник и петок да не може да стигне на предавања или на испит затоа што автобусите се преполни со привилегираната група граѓани – пензионери и нема место внатре ни дете од Африка да застане. На барањето јавниот транспорт да ни е бесплатен, или барем со помала цена добивме одговор од министерството „Студентите се работоспособна група.“. Па добро, не погледнале ли во нивните статистички податоци, или барем да им текне да направат од многусакани анкети, да видат дека во Македонија нема работа?
Пробувам да се сетам, зарем некаде во упатствата за запишување на факултет не пишуваше дека треба да уплатиме парични средства кои ќе одат на сметката на некаков си Студентски Парламент или како и да е? Каде е таа организација? Слушнал ли некој нејзин глас или дали и видел трага? Нели таа треба да се бори за нашите права? Кој апсурд, е затоа никаде нема да одиме, затоа што цел живот ние како народ се бориме за некакви права.
Жално е колку пати јас самата на себе сум си лута што не отидов и јас некаде во странство да бидам граѓанин од втор ред, ама барем да знам дека некој ќе ми го вредне трудот. А не сум единствена, како мене ги има уште многу . Денес национална желба на сите родители во Македонија е барем едното дете да им остане дома, да не оди во туѓи држави.
И едно последно прашање: Каде се медиумите кои треба да се глас на народот, а не на државните органи? Моќта на подведување и замајување на вестите кои ни се пласираат секојдневно е речиси еквивалентна со онаа на Хитлер во перење на мозоци. Турските серии ни го одвлекуваат вниманието на неколку часа,за среќа или за жал, недоволни за да заборавиме на реалната ситуација.
Знам дека имам многу прашања, ама не сакам да бидат реторички. Сакам да бидат одговорени, сакам да бидат решени.
Не се гради иднина ако немаш сегашност!
Писмово е преземено од добра другарка и колешка на мој другар со просек 9,4 неможам да откријам на кој факултет кај и да е ке го има по портали.