Зошто љубовта преминува во омраза?

P.Eskobar

Лева рака на Десницата!
Член од
2 септември 2011
Мислења
95
Поени од реакции
37
Ако се создаде омраза, значи дека немало вистинска љубов :unsure:
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.576
Љубовта преминува во омраза поради тоа што секој од секого очекува да сака само една личност, т.е во сакањето да постојат само две личности. Други личности за сакање им се забранети на оние двајца што се сакаат. Зошто, треба ли да се смени тоа? Размислете.
Ако се спомне трета личност од било кој од тие две личности што се сакаат тогаш настанува омраза поради чувство на прекршување на договорот дека дозволено е само тие две личности да се сакаат и никој друг освен нив.
 

Utopian

Neporazen
Член од
2 април 2011
Мислења
47
Поени од реакции
33
Ќе се оддалечам од темата за да го изјаснам конкретно мојот став.
Да љубиш и да сакаш не е исто. Често пати луѓето љубовта ја спојуваат со заљубеноста. Но треба да разграничиме дека заљубеноста е минливо чувство , односно тоа е производ на привлекување од другата личност поради нејзиниот карактер или физички изглед. Заљубеноста е исто така и зависност. Поврзете еден од многуте примери на зависност од која е тешко да се откажеме, исто како што е тешко да се откажеме од личност во која прерходно сме биле заљубени. Е сега да сакаш некого значи да можеш без таа личност и да дадеш се од себе за да ја надоградиш и задоволиш таа личност духовно и истовреме и себеси да се задоволиш и надоградиш, исто како што знаеме да сакаме одреден предмет да се поврземе со него и да не исполнува присуството на негување на тој предмет и да го обожуваме чувството на нашата придобивка од тој предмет. Можеби звучи грубо што споредувам предмети со живи суштества но тоа е прихолошки факт. нас ни е тешко да се откажеме од некој во кој сме заљубени исто како што му е тешко на зависник да се откаже од своите дроги, а кога ќе се откаже ги мрази затоа што му штетел контактот со нив. Добил само оштета.
Морав да го кажам најпрво ова за да се изјаснам зошто ЗАЉУБЕНОСТА може да премине во омраза, а тука иди едно затоа што сваќаме дека таа врска на меѓусебна зависност со личноста ни наштетила. Не сме добиле ништо корисно од тоа, и сме излегле од неа со празни раце. ГО делам мислењето со многу светски психолози кои заземаат сличен став за оваа тема. Се заљубуваме без наша воља, стануваме зависни. Но да САКАМе одлучуваме самите. Љубовта спротивно од заљубеноста неможе да премине во омраза затоа што како што сами ја избираме, сами можеме и лесно да ја напуштиме, без чувство на омраза, кое произлегува само до зависноста која ни наштетила.вистинското значење на зборо љубов е обострана одлука за заедничка духовна надоградба и среќа.
 
Член од
22 ноември 2011
Мислења
475
Поени од реакции
177
Според мене затоа што нешто што си го сакал а не си го добил и потоа според некоја твоја логика заклучуваш дека го мразиш тоа
 

OSHO-Lover

Konecno Sloboden...
Член од
2 декември 2011
Мислења
2.213
Поени од реакции
2.844
Ќе се оддалечам од темата за да го изјаснам конкретно мојот став.
Да љубиш и да сакаш не е исто. Често пати луѓето љубовта ја спојуваат со заљубеноста. Но треба да разграничиме дека заљубеноста е минливо чувство , односно тоа е производ на привлекување од другата личност поради нејзиниот карактер или физички изглед. Заљубеноста е исто така и зависност. Поврзете еден од многуте примери на зависност од која е тешко да се откажеме, исто како што е тешко да се откажеме од личност во која прерходно сме биле заљубени. Е сега да сакаш некого значи да можеш без таа личност и да дадеш се од себе за да ја надоградиш и задоволиш таа личност духовно и истовреме и себеси да се задоволиш и надоградиш, исто како што знаеме да сакаме одреден предмет да се поврземе со него и да не исполнува присуството на негување на тој предмет и да го обожуваме чувството на нашата придобивка од тој предмет. Можеби звучи грубо што споредувам предмети со живи суштества но тоа е прихолошки факт. нас ни е тешко да се откажеме од некој во кој сме заљубени исто како што му е тешко на зависник да се откаже од своите дроги, а кога ќе се откаже ги мрази затоа што му штетел контактот со нив. Добил само оштета.
Морав да го кажам најпрво ова за да се изјаснам зошто ЗАЉУБЕНОСТА може да премине во омраза, а тука иди едно затоа што сваќаме дека таа врска на меѓусебна зависност со личноста ни наштетила. Не сме добиле ништо корисно од тоа, и сме излегле од неа со празни раце. ГО делам мислењето со многу светски психолози кои заземаат сличен став за оваа тема. Се заљубуваме без наша воља, стануваме зависни. Но да САКАМе одлучуваме самите. Љубовта спротивно од заљубеноста неможе да премине во омраза затоа што како што сами ја избираме, сами можеме и лесно да ја напуштиме, без чувство на омраза, кое произлегува само до зависноста која ни наштетила.вистинското значење на зборо љубов е обострана одлука за заедничка духовна надоградба и среќа.
Би се надоврзал само според мене дека љубовта е безусловно давање без очекуван возврат, а доколку се очекува нешто од другата личност тогаш тоа не е вистинска љубов како што кажа погоре туку таа е љубов изразена преку умот и затоа е и осудена да се движи кон омраза и пак назад во страст би рекол, а не љубов. Кога си исполнет со љубов немаш никакви очекувања туку целосно се предаваш, се губиш самиот себе во другиот и затоа и не е можно тоа да прерасне во омраза нема никакви допирни точки со неа.
 
Член од
16 април 2012
Мислења
333
Поени од реакции
217
Љубовта преминува во омраза поради тоа што секој од секого очекува да сака само една личност, т.е во сакањето да постојат само две личности. Други личности за сакање им се забранети на оние двајца што се сакаат. Зошто, треба ли да се смени тоа? Размислете.
Ако се спомне трета личност од било кој од тие две личности што се сакаат тогаш настанува омраза поради чувство на прекршување на договорот дека дозволено е само тие две личности да се сакаат и никој друг освен нив.
Точно, целата замисла за сродни души е смешна во најмала рака, ама не секогаш двајцата партнери/бивши партнери мислат така.
 

Романтичарка

надежна форумџика
Член од
31 октомври 2009
Мислења
382
Поени од реакции
91
Ако се создаде омраза, значи дека немало вистинска љубов :unsure:
Па не би рекла дека е така.Баш дека имало љубов настанала таа омраза.Настанало тотално разочарување од очекуваната љубов,па не преостанува ништо друго освен да се мрази.Но се замразуваат и сите работи што го предизвикале тој неуспех.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.668
Поени од реакции
11.709
Љубовта преминува во омраза поради тоа што секој од секого очекува да сака само една личност, т.е во сакањето да постојат само две личности. Други личности за сакање им се забранети на оние двајца што се сакаат. Зошто, треба ли да се смени тоа? Размислете.
Ако се спомне трета личност од било кој од тие две личности што се сакаат тогаш настанува омраза поради чувство на прекршување на договорот дека дозволено е само тие две личности да се сакаат и никој друг освен нив.
Не мора да значи дека секој сака љубовта да е врзана со една личност... јас имам пријатели кои не им смета да бидат со други додека тие безусловно се љубат. Ако ми кажете дека тоа не е љубов, грешите, бидејќи го немате тоа право да судите за нечија љубов, се додека безулсовно се предава на истата (не на љубениот) и таа(љубовта) го прави совршен.
Па не би рекла дека е така.Баш дека имало љубов настанала таа омраза.Настанало тотално разочарување од очекуваната љубов,па не преостанува ништо друго освен да се мрази.Но се замразуваат и сите работи што го предизвикале тој неуспех.
Постои една љубов, не може СЛИКА (љубовникот) да биде љубов. Тој е само активатор. Разочарување од љубов не постои. Постои разочараност заради некакви очекувања(а зошто човечкиот род секогаш има некакви очекувања, а зборува за безулсовност?) од личноста кон која се насочува љубовта и од која се црпи љубов исто така.
Омразата и љубовта одат рамо до рамо. Апсурдно е и парадоксално, но одат.
Едната (омразата) е собирање на сета енергија во точка и експлозија заради предметот на љубов, додека другото е бесконечна експанзија исто така заради предметот кон која е насочена љубовта.

Пробајте да ги доближите и двете во една точка и ќе знаете како насталанл универзумот. ;)
 
Член од
24 февруари 2012
Мислења
320
Поени од реакции
225
Ljubovta ne mozhe da premine vo omraza. Taa nema nikakva vrska so omraza ili slichno... mislam na bezuslovna ljubov.
Se slozhuvam so Heptagram deka razocharuvanje od ljubov ne postoi, postoi samo razocharanost od nekoi ochekuvanja-a toa vekje ne e bezuslovnost, ne e Ljubov.( toa povekje, mene mi lichi na trgovija.)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom