Aха, ако сакаш за лична сатисфакција, во муабет на маса кога ќе те прашаат "А ти имаш факултет" да кажеш "Имам бе". Океј, и да бидеш начитан за тебе, ама за тоа не ти треба факултет.
Ајде поглед кон реалноста, како моментално стојат работите:
- Држава со 400.000 невработени (во превод, пазар на трудот преплавен од армија која прифаќа да работи за ниски плати). Од нив, голем дел со високо образование, кои молат за било каква работа, па дури и во маркети, продажни салони...за тоа ли се учи факултет?
- Недоволно работни места (јеби га, не може сите кои завршиле факс да бидат директори, било тоа некогаш, кога сите биле со основно или четврто).
- Ако мислиш да бидеш државен службеник и затоа учиш факултет, знаеш ли според систематизацијата колкава е разликата во плати, и колкави се платите? И не само во државна администрација, и во приватни фирми разликата во плати е минимална. Некој со факултет, зима плата колку некој друг во друга фирма со средно.
Океј, ова не важи за оние 1% кои ќе дипломираат и кои некој ќе ги нагузи директ во фотеља.
За сите други, дипломата е само џокер во ракав, кој можеби никогаш и нема да го искористат, а не е никаква гаранција за убав и комотен живот.
Но, да не се оддалечуваме од темата.
Еј, заборавив и уште нешто - конкуренција од кадар од внатрешноста, кој по секоја цена сака да мигрира во Скопје. На интервју, двајца програмери ги прашуваат: "Ти колку мислиш дека треба да ти е плата" и едниот вика минимум 25.000. Тој од внатрешноста, само колку да се запосли и да остане во Скопје вика: "Па минимум 12.000".
Не ме сфаќајте погрешно, ама за тоа ли учел факултет, да работи за 12.000?