Зошто сакате да им помагате на луѓето?

Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.806
Поени од реакции
3.062
Зошто им/би им помагате/помогнале на луѓето кои не ги знаете? Ако не им помагате зошто не?
Ова е тема каде што секој ќе го каже своето мислење и причина зошто би му помогнал на некој.
Што добива со тоа, што го задоволува од тоа?
 
Член од
4 април 2006
Мислења
9.179
Поени од реакции
3.073
Помагањето,љубопитноста,омразата и ред други се особини кои не прават она што сме .... луѓе

Мене не ми претставува никаква сатисвакција да им помагам на луѓето , само одбирам на кој ќе им помогнам ..... сите не заслужуваат ист третман
 

Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903
Мораш да помагаш и да си "дарежлив" према луѓево за да одржиш пријателства.. А дружбата со пријатели е на некој начин - поентата на животот...
Да имаш некој покрај тебе, во лошо и добро.. да споделиш чувства.., да не си сам!
 

Nymphadora

Емоцинално незрело џубре
Член од
2 февруари 2009
Мислења
986
Поени од реакции
1.672
Сакам да помогнам некому.. и се трудам секогаш, без разлика дали таа особа ја знам или не. Кога мислам дека навистина можам со моите совети некому да му помогнам, тогаш не се откажувам и сум спремна да слушам некого и со часови и да му ја ублажам бар малку болката на тој човек.
Многу е тешко кога некој е во тешка ситуација и згора на тоа се осеќа сосема сам иако покрај него има еден куп луѓе... сето тоа е затоа што никој не се грижи навистина за проблемите на другите.

Многу од луѓето ги избегаваат проблемите на другите и не се замараат со тоа, според мене тоа не е другарство. Другарот не е за само кога ни е добро... правиот другар ќе биде тука кога ќе ти биде најтешко, да те ислуша и да ти каже дека е со тебе, без разлика што и да се деси.
Луѓето кои ме познаваат.. знаат дека можат да се потпрат на мене во секое време и дека ќе им дадам искрен одговор... сега.. некогаш се случува и да се налутат ради искреноста... ама повеќето го ценат тоа.

што јас добивам?
зар треба нешто да добијам?!... зошто секогаш мора од нешто да има човек корист за да направи услуга некому?!
доволно е само да знам дека и помогнале моите совети на таа особа.. поголемо задоволство од тоа нема :)
 
П

Пепси_

Гостин
Кај што можам и сакам помагам,а понекогаш може да помогнам ама од Х причина не сакам,нема да помогнам. Најчесто помагам на по блиски луѓе и тоа го правам затоа што ги сакам и ми значат,не сакам да патат ако на пример јас тоа може да го решам. Од стореното сакам само почит кон мене ништо друго,ниту пари ниту некоја услуга за возврат.
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.747
Поени од реакции
4.515
Зошто им/би им помагате/помогнале на луѓето кои не ги знаете? Ако не им помагате зошто не?
Ова е тема каде што секој ќе го каже своето мислење и причина зошто би му помогнал на некој.
Што добива со тоа, што го задоволува од тоа?
1.Без некоја посебна причини
2.Мрза
 
Член од
6 декември 2011
Мислења
2.027
Поени од реакции
3.357
На сите им помагам, со тоа стекнувам пријателства и добар имиџ. Кога ке помогнам на некого се чуствувам убаво. На сите што сум имал прилика да им направам некоја услуга, макар и на мој зијан ми возвратиле соодветно. Никогаш не го користам помагањето за да се здобијам со услуга, едноставно таков и ми е карактерот сакам да помогнам. Успешен сум во тој поглед, често донирам во хуманитарни цели, и многу тоа ме прави срекен.
Луге помагајте на секого кога ке му треба помош, тој и да не ви врати никогаш нема да заборави.
 
Член од
27 септември 2011
Мислења
423
Поени од реакции
682
Затоа што јас се чувствувам добро кога на некој друг му е добро. Секогаш кога сакам, а не можам да помогнам се чувствувам немоќна. Но тогаш знам дека барем сум се обидела, и ако ништо друго, мојата поддршка кон тој на кого му е потребна помош е секогаш тука.
Зборот фала не ми е потребен. Тоа што ми треба е само тој на кого сум му помогнала да не ми врати со лошо.
Најчесто луѓето забораваат на нечија помош и поддршка. Ќе кажат фала па го вртат грбот. Затоа не ми е потребен зборот фала кога за некое време нема никакво значење.
Мислам дека и затоа голем број луѓе кренале раце од помагање.
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.283
Затоа што имам некоја емпатија према останатите,често тоа го правам а притоа не дознаваат дека ја сум средил нешто од позадина делувам.Не сакам ништо за возврат ,кога давам и помагам како само поубаво спијам уффф:)
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.780
Поени од реакции
8.235
Зошто им/би им помагате/помогнале на луѓето кои не ги знаете? Ако не им помагате зошто не?
Ова е тема каде што секој ќе го каже своето мислење и причина зошто би му помогнал на некој.
Што добива со тоа, што го задоволува од тоа?
Колку фалшиво ти е поставена темава, тоа страшно...
Мотивацијата на луѓето да (не) помогнат, чинењето и очекуваниот фидбек не се еднообразни. Не се константни. Ти со темава слободно изземаш "небитни" работи како што се околностите, моменталната состојба на умот, можностите...Бараш одговор одвоен од темпорални срања како емоции и настројства. Очекуваш индоктринирани, роботизирани и лоботомирани одговори од луѓе кои транседентирале над нивната мрачна страна, па можат калкулирано да бидат несебични и хумани независно од бремето на нивниот живот. Yeah right.
Има неколку вакви теми, па оваа слободно може да се фрли на буниште(општи муабети) или како поблага варијанта, да се премести во канта. Сепак, се ближи нова година, ем и снег падна и децата ги спремаат санките, се красат елки и се чистат оџаци, па решив да бидам хуман и да ја оставам тука(видиш, тоа е временски изолирана емпатија со која пропратно се раѓа желба да се најдеш во пресрет на непознат. :D)


Се хранам од туѓата среќа.
Ја тебе пеер многу те сакам. И знаеш во какви моменти ти кажувам вакви работи. :)

Хипотетичка ситуација. Ти имаш дечко. И типот многу те сака. Те сака толку, што би скокнал пред воз за тебе. Те сака толку, што би се тепал со припорци за тебе. Те сака пеер толку, што би дозволил да биде силуван од Бигфут и Чупакабра, симултано(oral-anal), за да ти го спаси животот.
Ама ти пеер не го сакаш. Ти поминало. Не те прави среќна. Не можеш веќе. Колку подолго си со него, толку повеќе се губиш себеси. Твоите замисли за животот, твоите идеали, соништа за отпор и борба против системот....сите тие анархо концепции за твојата иднина ти бледнеат и чувствуваш дека се гушиш.
Ама го правиш среќен ако си со него. Многу среќен. That be the food you're talking 'bout?
That food be rotten, ma'am. :)

Ти реплицирав тебе за да му до-одговорам на Out of Reason за фалшивоста на темава, преку пример, дека кога помагаш на непознат, никогаш нема да ги дознаеш ефектите на таквата помош, па на крај единствената храна во таа ситуација ја конзумира твоето его, под претпоставка дека постои умисла оти си помогнал на некој random asshole кој, најверојатно, нема да го видиш веќе. There be no corporeal evidence.
Кога се работи за некој инволвиран во твојот живот, повторно мотивацијата причинско-последично е базирана на егото. На крај, ако веќе мораме да генерализираме, цел факинг ѓаол е во егото. Во првиот случај, се амнестираш од реалните последици на твојата...помош и се храниш со дадени дваесет денара на бездомник, со кои ќе си купи Ufo, а во вториот, неретко помошта бара себепожртвуваност, со што на крај еден останува покус in terms of интегритет.

И така. La di da. :)
 
A

AnFem

Гостин
Ја тебе пеер многу те сакам. И знаеш во какви моменти ти кажувам вакви работи. :)

Хипотетичка ситуација. Ти имаш дечко. И типот многу те сака. Те сака толку, што би скокнал пред воз за тебе. Те сака толку, што би се тепал со припорци за тебе. Те сака пеер толку, што би дозволил да биде силуван од Бигфут и Чупакабра, симултано(oral-anal), за да ти го спаси животот.
Ама ти пеер не го сакаш. Ти поминало. Не те прави среќна. Не можеш веќе. Колку подолго си со него, толку повеќе се губиш себеси. Твоите замисли за животот, твоите идеали, соништа за отпор и борба против системот....сите тие анархо концепции за твојата иднина ти бледнеат и чувствуваш дека се гушиш.
Ама го правиш среќен ако си со него. Многу среќен. That be the food you're talking 'bout?
That food be rotten, ma'am. :)

Ти реплицирав тебе за да му до-одговорам на Out of Reason за фалшивоста на темава, преку пример, дека кога помагаш на непознат, никогаш нема да ги дознаеш ефектите на таквата помош, па на крај единствената храна во таа ситуација ја конзумира твоето его, под претпоставка дека постои умисла оти си помогнал на некој random asshole. There be no corporeal evidence.
Кога се работи за некој инволвиран во твојот живот, на крај повторно мотивацијата причинско-последично е базирана на егото. На крај, ако веќе мораме да генерализираме, цел факинг ѓаол е во егото. Во првиот случај, се амнестираш од реалните последици на твојата...помош, а во вториот, неретко помошта бара себепожртвуваност, со што на крај еден останува покус in terms of интегритет.

И така. La di da. :)
Па јасно бе пеер, тоа е и причината поради која сакам да го убијам егото. Мислиш ми дошло до некој? Мене ми е убаво кога ќе помогнам, многу ми е гајле за тој што му помагам... :)

Ајде сега сериозно (NOT).
Во таков случај, со дечкото, чисто од алтруизам ќе го лишам типот од мене, затоа што го сакам и мислам дека не е фер да биде со личност која се гуши со него. Ај сети се дека веќе го направив тоа :)
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.780
Поени од реакции
8.235
Па јасно бе пеер, тоа е и причината поради која сакам да го убијам егото. Мислиш ми дошло до некој? Мене ми е убаво кога ќе помогнам, многу ми е гајле за тој што му помагам... :)

Ајде сега сериозно (NOT).
Во таков случај, со дечкото, чисто од алтруизам ќе го лишам типот од мене, затоа што го сакам и мислам дека не е фер да биде со личност која се гуши со него. Ај сети се дека веќе го направив тоа :)
Пеер, значи...многу, многу те сакам. :D
Знам дека си го направила тоа, и затоа пред да ти серам за приватен живот во мислењава упорно ти пишувам колку те сакам.
Цел пост ми беше првично насочен кон Out of Reason, кој ја отворил темава на многу климав темел.
Ама поентата останува дека несебично, дефиниционо подразбира одвоено од егото. Не зборуваме овде за тоа колку типот по година-две ќе биде среќен, не зборуваме за пролонгирана поента. Out of Reason не ни дава таков луксуз на темава. Тој од нас бара жигосани одговори, без многу многу филозофирање. Тоа значи дека, по таа логика, ако ти се храниш од туѓата среќа, ти пеер правиш некој ултимативно среќен со самото тоа што ќе останеш со него, ем ќе ја добиеш и ултимативната храна која љубов значи. Што повеќе од тоа ти треба? Ти фактички се казнуваш себеси со тоа што ја губиш таа храна.
Или тоа, или рандом го тресна целиот тој муабет околу храната. Познавајќи те, второто ќе да е. :unsure:

Патем, ти кажав дека многу те сакам? :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom