Ова прашање го поставувам до секој кој со чие верување може да се дефинира како теист или верник, до оние кои го бараат и веруваат дека постои и дека ќе го најдат, и до оние кои го нашле својот бог. Но особено до најбројните, Христијани и Муслимани, верници чие верување доаѓа со сет на правила кои се однесуваат дури и на општествено ниво, дури и филозофија за вечниот исход на нашите души само врз основа на нашиот став за постоењето на Господ.
Кога самиот став за постоењето на Господ е толку важен за тоа како ќе биде вечниот исход на нас самите, зошто тогаш нема чист договор за тоа дали Господ постои, зошто постоењето на Господ не е очигледно? Зошто ако постои Господ и ако тоа е толку важна работа, тоа прашање е се уште отворено за дискусија и може за тоа да се шпекулира?
Можеби одговорот на некој ќе биде, затоа што така треба, тоа е тест, затоа што ова е проба за тоа кој би можел да биде вреден за вечен живот или слично. Но, тука се поставува прашањето, ако навистина е така, кои се тие квалитети кои се избираат и се пожелни од тој бог со овој процес на селекција на слепо верување како резултат на индоктринација и недоволна изложеност на филозофија со контра аргументи?
Едно е да се има слободна волја за избор на страна во големата дуалност на работите, друго е да се прави слеп избор заради незнаење и шпекулирање.
Друг одговор може да биде, затоа што има и многу други работи кои постојат, но не се така очигледни, на пример електроните, или протоните. Да, но тие работи може да се теоризираат и потоа да се докажат, новното постоење дава консеквенци во реалниот природен свет и преку нив ние можеме да ги препознаеме. Додека сите теории за богот и неговото постоење за кои денес човекот е способен да теоризира и да испитува доаѓаат до заклучок дека не се резултат на постоење на бог, туку на текот на природниот свет.
Ако гледаме според најголемите воспоставени религии, за самиот карактер на Господ како што е претставен, потребно е јасно да биде познато неговото постоење. Се разбира Господ може да се дефинира на таков начин според кој не би било задолжително да се знае неговото постоење, но на бог кој е активен во секојдневните активности на луѓето, постоењето треба да е јасно познато.
Зошто, ако постои, постоењето на Господ е толку тешко да се дефинира и да се открие? Што се постигнува со немањето на чист одговор на толку важно прашање, кое не е ни прашање во самите религии, туку од самиот почеток се поставува како зададена вредност и се пропишува дури и смрт за оној кој и воопшто се сомнева во тоа.
Ако религиите и светите книги се обид на Господ да обзнани за неговото постоење, зошто тоа е толку штур обид, особено од денешен аспект и доведува до толку недоразбирања?
Ова прашање е многу пати разработувано и на овој форум во контекст на други теми, не знам дали имало цела тема само за него, а и самото прашање е дел од базичните аргументи во религиската филозофија. Баш ме интересира што има кајгана како одговор.
Едноставно, парафразирано, зошто Господ, ако постои, ги направил доказите за своето постоење толку недоволни и слаби?