Неможе да дадеш таква споредба,
пошто рударството е нечија професија )
Па и готвењето е нечија професија, нели...
Океј, зошто тогаш:
- Мажите најчесто ги менуваат автомобилските гуми при незгода;?
- Мажите најчесто ги завршуваат електричните поправки;?
- Мажите најчесто ги влечат торбите со купус од пазар;?
- Мажите најчесто ги завршуваат водоводните поправки;?
- Мажите најчесто молерисуваат;?
Да продолжувам, или нема потреба? Постојат работи, обврски, задачи кои мажот и жената треба несебично и разумно да ги распоредат во бракот, со цел да си го олеснат животот. Не може да очекуваш секој да се разбира и да покажува интерес за се'. Причините се различни: Од генетски предиспозиции, преку стекнато искуство низ годините, до вистински причини поради кои некој од партнерите не може да извршува одредена работа. Крајно несериозно е целта работа да се остави само на едниот партнер. Но, крајно несериозно е и да се тера некој да извршува одредена обврска која едноставно не може да ја извршува како што треба. Едниот мие садеви, другиот ја раскрева масата. Едниот готви, другиот испазарувал и ги донел намирниците. Не може и двајцата истото да го прават цело време. Ај што не е возможно, туку не е и практично. Ама ако сакаш некаков одговор на твоето прашање, бујрум: Затоа што жените го прават тоа подобро, почесто, имаат поголемо искуство околу готвењето, традицијата и историјата ја позиционираат жената на таа позиција (а некои работи се менуваат потешко) и на крај - затоа што самите сакаат.
Може тебе како ултра-феминистички настроена девојка ти изгледа чудно, но некои жени всушност се чувствуваат горди со нивното готвење и во никој случај не би ја отстапиле кујната на мажот.