Зошто поголемиот дел од оброците ги подготвува жена?

Juve-Fan

campione d'italia 36
Член од
23 март 2010
Мислења
841
Поени од реакции
1.469
Не е така. Јас редовно експериментирам со рецепти, скоро никогаш не готвам по шаблон.
--- надополнето: 4 декември 2013 во 22:00 ---

Кој тоа вика дека не прават? Може во твое друштво е така.
Епа тоа е разликата ти експериментираш со рецепти, кај мене нема рецепти.Вадам се од фрижидер па шта буде нека буде.:)
Земиго за маж сунгерот боб и нема со гаранција да робуваш во кујна :) а и пошироко
Па сапун да ти зготви душа дало има прсти да си излижеш.:pos:
 
Lyn

Член од
29 јануари 2010
Мислења
257
Поени од реакции
619
Зошто жените готват, зошто мажите ја косат тревата....
Због заради зато :pipi:
 
Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Не му готви и ќе видиш дека сам ќе почне да готви ;)
Земиго за маж сунгерот боб и нема со гаранција да робуваш во кујна :)
Башка и не е се како што она вика..... јас некогаш за викенди кога готвам во кафана или помагам при готвењето цел ден.... тоа не го важи :(:D
 
blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.210
Поени од реакции
11.803
Епа тоа е разликата ти експериментираш со рецепти, кај мене нема рецепти.Вадам се од фрижидер па шта буде нека буде.:)
Значи ти не готвиш. Ти правиш се каша попара. :D
 
Juve-Fan

campione d'italia 36
Член од
23 март 2010
Мислења
841
Поени од реакции
1.469
Значи ти не готвиш. Ти правиш се каша попара. :D
Тоа што сум зготвил не е ни каша ни попара зашто и тие се по рецепт а јас готвам уникатни јадења а време немам да им измислувам имиња.:D
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Еве по дома претежно јас готвам затоа што сакам да готвам и затоа што ми е мерак да му готвам на човекот што го сакам и затоа што не преферирам купена храна.

Не знам што е толку тешко или старомодно да се готви. Ако не сакаш да готвиш не готви, ако си толку еманципирана јади си скапана храна по ресторани, нас и така не ни е гајле, важно ти да си се осеќаш модерно.
 
Член од
14 јули 2009
Мислења
24
Поени од реакции
22

Ни спомнав ни го мислам тоа дека е старомодно да се готви или дека треба да се јаде скапана-скапа храна у ресторани .Секогаш со пуста желба за готвење готвиш ала да ти е, е баш ти се воскитувам кога уживаш во тоа да го правиш секој ден.. Колку за информација не конзумирам скапана храна и јас готвам не е тоа поентава... За контраш да се биде лесно е, ама нема потреба доволно ти е шо си кажа дека ти е толкава желбата-одавде до Америка и назад, ај поздрав..
 
Член од
30 април 2013
Мислења
674
Поени од реакции
1.293

Отвараш тема за дискусија и ти смета ако некој има различно мислење од тебе??
Не е единствена што сака да му готви на мажот што го сака,тоа е за нејзе чест,исто како што е и за мене и за било која друга личност. И мажите и жените прават работи за кои сметаат дека би ја усреќиле втората половина(подобра/полоша сосема сеедно).Сите ја свативме твојата поента,не сме од Марс паднати. Но, барем на балканот традицијата налага жената да готви,без разлика кој допринесува за семесјтвото. Според мене не е точна поговорката тато носи-мама меси,нема никаква врска тоа. Доколку знае и мажот да готви,со задоволство ќе го направи тоа во чест на својата сакана,а секако и да ја одмени малку и да и покаже дека за било што може да смета на него. А жените одамна се вработени,ретко која останува цел живот невработена.
 
kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
знаете ли зошто жените имаат мали стапала?
па за да бидат поблиску до садомијалникот/шпоретот :P
ете зошто поголемиот дел од оброците ги спрема жената :pos:
 
A

AnFem

Гостин
Не знам што е толку тешко или старомодно да се готви. Ако не сакаш да готвиш не готви, ако си толку еманципирана јади си скапана храна по ресторани, нас и така не ни е гајле, важно ти да си се осеќаш модерно.

Како успеа да ги поврзеш сите овие поими? o_O
 
Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.702
Поени од реакции
19.749
Јас па пусто уживам да си готвам, дур некат и се заборавам у кујна, зошто како едноставно останало од баба ми дека жената е таа која е ја шири топлината и преку кујната, и кога ќе видите ние жените сме така пософистицирани суштества, добри сме за топлење во кревет, за ширење топлина преку храната, љубовта кон децата и партнерот, несомнено одличен извор на топлинска енергија во сите форми.
 
Член од
28 јануари 2007
Мислења
9.850
Поени од реакции
1.559
И кој е крив за ова? Општеството. Затоа што ја хендикепирало жената на некој начин. Жената не е толку кревка, каква што е прикажана денес. Примери имаш по селата, седумдесет годишни баби дигаат тешки вреќи и заеднички ги извршуваат обврските со мажот.
Забегав во друга тема, нели? :)
Ај да се вратам на оваа... Затоа што дома е мама да им готви, затоа што на балканските простори ретко кој маж станува самостален откако ќе созрее, т.е. да живее сам и сакал - не сакал да се научи да готви и нешто друго, освен пржени јајца и шпагети. Секоја чест на исклучоците, кои живеат со родители/девојки/жени и имаат желба да се научат, за да не мораат да зависат и да чекаат некој друг да ги нахрани.

Потполно се согласувам со ова, нормално добро е кога се живее заедно да се поделат обврските. Но кај нас и насекаде на Балканот има еден чуден менталитет , по default мажите оставаат многу нешта само на жените само затоа што се едуцирани дека тие се обврски само за жени и ако некои од тие обврски се прават од маж , автоматски тој добива ранк папучар. А можеби и тоа што многу малку мажи се осамостоиле пред бракот никогаш не научиле да готват или полошо не ни пробале.
Мене лично самостојниот живот ме научи да готвам така да ни откако стапив во брак не престанав да готвам. Готвењето е разделено зависно од типот на храна, и зависно кој има повеќе слободно време. Нормално доколку само еден би работел другиот би имал повеќе домашни обврски.
Но знам кај нас многу случаеви каде што жената работи многу повеќе и мажот дома седи и чека додека таа не си дојди од работа да зготви. Тоа ми е многу неразбирливо.

Еве по дома претежно јас готвам затоа што сакам да готвам и затоа што ми е мерак да му готвам на човекот што го сакам и затоа што не преферирам купена храна.

Не знам што е толку тешко или старомодно да се готви. Ако не сакаш да готвиш не готви, ако си толку еманципирана јади си скапана храна по ресторани, нас и така не ни е гајле, важно ти да си се осеќаш модерно.
А па от кога храната по ресторани е скапана ? Јас лично одам во некои ресторани поради специфичната понудат и вкусната храна. Ако мислиш на брза храна тоа е веќе друго.
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
А па от кога храната по ресторани е скапана ? Јас лично одам во некои ресторани поради специфичната понудат и вкусната храна. Ако мислиш на брза храна тоа е веќе друго.
А ја работам у ресторан департмент веќе 3 години и тоа не у Македонија, дома имам двајца готвачи што цел живот работат по ресторани :). Верувај, знам што зборувам, имам видено работи што не можете ни да си замислите и затоа веќе не преферирам купена храна, не дека јас не идам по пицерии и ресторани, ама се трудам да ги избегнувам.

За квалитетот и вкусот на храната не зборувам, зборувам за се она што е позади тоа, зборот скапана го употребив во преносна смисла, моја грешка што не го ставив во наводници, се извинувам :).
--- надополнето: 5 декември 2013 во 16:07 ---
Ни спомнав ни го мислам тоа дека е старомодно да се готви или дека треба да се јаде скапана-скапа храна у ресторани .Секогаш со пуста желба за готвење готвиш ала да ти е, е баш ти се воскитувам кога уживаш во тоа да го правиш секој ден.. Колку за информација не конзумирам скапана храна и јас готвам не е тоа поентава... За контраш да се биде лесно е, ама нема потреба доволно ти е шо си кажа дека ти е толкава желбата-одавде до Америка и назад, ај поздрав..
Прво прашуваш зошто само жената готви, но и самата велиш поголемиот дел што значи дека и мажот понекогаш готви.
Потоа велиш "Сега некои ке кажат па дечкоми готви, мажот ми готви, но не од таа перспектива".
Значи самата кажуваш дека и мажот и жената готват по дома и дека времињата се сменети кога по дифолт жената готвеше и сега што е проблемот. Не знам која е целта со тоа што велиш дека жените се самитте виновни со ова? Значи прво мажите не готвеа и тоа беше проблем, сега мажите готват и тоа е проблем, што треба да се постигне, мажот да готви секој ден, а жената да гледа телевизија?

Сметам дека во 21 век, кога секој еден од нас има интернет и најразлични начини за информираност ваквите муабети се излишни. Воопшто не ни треба да се дискутира повеќе за една ваква тема. Ако на толку многу информации кои ни се на дофат, двајца индивидуи кои се во брак сеуште не знаат да си ги поделат домашните обврски тоа е нивен проблем.
На крајот на краиштата ние сами си ги бираме партнерите, ако нешто не ни се допаѓа кај партнерот, во тој случај не ни треба да стапуваме во брак со истиот.
 
blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.210
Поени од реакции
11.803
Море никогаш не би му дала да ми влезе у кујна. Како прво, ептен ми е задоволство да готвам. Второ нели храната е најдобриот начин да стигнам до неговото срце. :pipi: Трето, има кујната да ми ја направи лом до таван, а после тоа секако дека нема да среде се после готвење и да ја врати кујната како што била пред да почне да готве. Маж у кујна едино би пуштила да го собере ѓубрето од корпа за отпадоци и да оди да го фрли. Друга помош од него у кујна не ми треба. Доволно е и ова.

А ако сака некогаш да ме изненади со нешто приготвено од него, нека повели. Само после тоа, си ја сакам кујната јас како што сум ја оставила. :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom