Зошто поголемиот дел од оброците ги подготвува жена?

Член од
28 мај 2009
Мислења
3.361
Поени од реакции
3.963
Ne se sekiraj ti za toa, ima koj da misli na toa pole, glej si ti koja ke ja zemesh.. ako imash neshto za temava da kazish, kazi, ako ne vakvi dopolnuvanja, komentari, predlozi ne se potrebni..
Па баш тоа ме загрижува тука на темава , што шириш неморални вредности и ги потикнуваш жениве на непослушност :Pбаш се загрижив сеа дали ќе си најдам некоја што мене ќе ми робува у кујна и секое утро ќе ми носи топол оброк во постела :D
 
Член од
14 јули 2009
Мислења
24
Поени од реакции
22
@anastas4e, одговорот на твоето прашање ќе го добиеш во истиот момент кога ќе одговориш и на прашањето: Зошто поголемиот дел од рудата ја вадат мажи?

Неможе да дадеш таква споредба, пошто рударството е нечија професија :))
--- надополнето: 4 декември 2013 во 20:54 ---
Па баш тоа ме загрижува тука на темава , што шириш неморални вредности и ги потикнуваш жениве на непослушност :Pбаш се загрижив сеа дали ќе си најдам некоја што мене ќе ми робува у кујна и секое утро ќе ми носи топол оброк во постела :D
Тоа е и целта да се тропни во главата малце женскиот род, да се подума тро :D
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.175
Поени од реакции
34.324
Неможе да дадеш таква споредба, пошто рударството е нечија професија :))
Па и готвењето е нечија професија, нели... :pos:

Океј, зошто тогаш:
- Мажите најчесто ги менуваат автомобилските гуми при незгода;?
- Мажите најчесто ги завршуваат електричните поправки;?
- Мажите најчесто ги влечат торбите со купус од пазар;?
- Мажите најчесто ги завршуваат водоводните поправки;?
- Мажите најчесто молерисуваат;?


Да продолжувам, или нема потреба? Постојат работи, обврски, задачи кои мажот и жената треба несебично и разумно да ги распоредат во бракот, со цел да си го олеснат животот. Не може да очекуваш секој да се разбира и да покажува интерес за се'. Причините се различни: Од генетски предиспозиции, преку стекнато искуство низ годините, до вистински причини поради кои некој од партнерите не може да извршува одредена работа. Крајно несериозно е целта работа да се остави само на едниот партнер. Но, крајно несериозно е и да се тера некој да извршува одредена обврска која едноставно не може да ја извршува како што треба. Едниот мие садеви, другиот ја раскрева масата. Едниот готви, другиот испазарувал и ги донел намирниците. Не може и двајцата истото да го прават цело време. Ај што не е возможно, туку не е и практично. Ама ако сакаш некаков одговор на твоето прашање, бујрум: Затоа што жените го прават тоа подобро, почесто, имаат поголемо искуство околу готвењето, традицијата и историјата ја позиционираат жената на таа позиција (а некои работи се менуваат потешко) и на крај - затоа што самите сакаат.

Може тебе како ултра-феминистички настроена девојка ти изгледа чудно, но некои жени всушност се чувствуваат горди со нивното готвење и во никој случај не би ја отстапиле кујната на мажот.
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Ако зборуваш за готвачи од типот Џејми Оливер не значи дека и жените не се добри готвачи.Да,навистина мажите повеке ги има на тв.Тоа е веке друга тема.
Секако дека не значи. Но значи дека мажите се за некој степен подобри готвачи од жените. Побрзо учат, и подобро се фокусираат на храната. Тоа не се познава само поради исклучителниот број машки селебрити готвачи, туку и еден мал поглед во некое готвачко одделение во ресторан е доста евидентно. Мажите малку повеќе доминираат, и со работни позиции општо, и со повисоките работни позиции, претежно. Да се заработуваа тие места со бисерна насмевка и сини очи, можеби вие жените ќе бевте подоминантна глетка, ама очигледно преку нешто друго дошле до тоа до кај што се, голем број од мажите.
 

Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903
Тоа е и целта да се тропни во главата малце женскиот род, да се подума тро :D
Аман нека не се тропаат, ехо се ствара :D

Друго,
Прајме муабет за домашно/семејно готвење, а не кој бил подобар готвач во ресторан.. Како што кажа Ацид, бракот функционира со несебична распределба на обврските. Ние како продукти на минатото, научивме дека шериф во кујната е жената.
Исклучоци има? Има, ево јас! Ако имам слободно време, нема шанси друг да ми готви. Припремам, готвам, навивам цело време дур се печи бифтекот :vozbud: , и чистам после тоа. Ама јас то го прам од љубов... и не патам од некој дискриминирачки норми, што се зачестена појава кај девојкиве од 21 век.
 
A

AnFem

Гостин
Секако дека не значи. Но значи дека мажите се за некој степен подобри готвачи од жените. Побрзо учат, и подобро се фокусираат на храната. Тоа не се познава само поради исклучителниот број машки селебрити готвачи, туку и еден мал поглед во некое готвачко одделение во ресторан е доста евидентно. Мажите малку повеќе доминираат, и со работни позиции општо, и со повисоките работни позиции, претежно. Да се заработуваа тие места со бисерна насмевка и сини очи, можеби вие жените ќе бевте подоминантна глетка, ама очигледно преку нешто друго дошле до тоа до кај што се, голем број од мажите.
И кој е крив за ова? Општеството. Затоа што ја хендикепирало жената на некој начин. Жената не е толку кревка, каква што е прикажана денес. Примери имаш по селата, седумдесет годишни баби дигаат тешки вреќи и заеднички ги извршуваат обврските со мажот.
Забегав во друга тема, нели? :)
Ај да се вратам на оваа... Затоа што дома е мама да им готви, затоа што на балканските простори ретко кој маж станува самостален откако ќе созрее, т.е. да живее сам и сакал - не сакал да се научи да готви и нешто друго, освен пржени јајца и шпагети. Секоја чест на исклучоците, кои живеат со родители/девојки/жени и имаат желба да се научат, за да не мораат да зависат и да чекаат некој друг да ги нахрани.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.175
Поени од реакции
34.324
Исклучоци има? Има, ево јас! Ако имам слободно време, нема шанси друг да ми готви. Припремам, готвам, навивам цело време дур се печи бифтекот :vozbud: , и чистам после тоа. Ама јас то го прам од љубов... и не патам од некој дискриминирачки норми, што се зачестена појава кај девојкиве од 21 век.
За ова имам и фотографии. Човеков дури и со нарушена здравствена состојба, несебично „пафташе“ над скарата за 1 мај и им помагаше на жените.
Нормално, претходно извршувајќи ги и „машките обврски“ од типот на носење дрвца, собирање хартија, палење оган и тн.
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.124
Поени од реакции
15.950
Зашто тоа ти се пика во глава уште од мали нозе. Од постарите жени во фамилија, мајка или баба. Менталитет.

Брат ми не знае јајце да си свари пример, али нему никој ништо не му вика, зашто тој е машкото, нели. Јас иако знам се што јадам, сама да си направам, мене ми ја полнат главата со глупости. Ич не ни ги регистрирам.
Самите жени се криви бе, мамини синчиња се од мали, ретко некоја да го научи синот да земе да си направи сам за јадење. Колку од дома повеќе ќе му сервираат, толку помалце тој ќе знае.
 

Juve-Fan

campione d'italia 36
Член од
23 март 2010
Мислења
841
Поени од реакции
1.469
Жените готват по шаблон а мажите екпериментираат, затоа е подобро тие да готват.Јас пр. кога готвам уште од попот капата фали на јадењето, не секој желудник би го поднел тоа да го конзумира секој ден.:D
 

Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903
За ова имам и фотографии. Човеков дури и со нарушена здравствена состојба, несебично „пафташе“ над скарата за 1 мај и им помагаше на жените.
Нормално, претходно извршувајќи ги и „машките обврски“ од типот на носење дрвца, собирање хартија, палење оган и тн.
Ето така фино лепо кажано. Ем немав спиено 24 сати, ем 40 степени, ем јас го најдов "сепарето" :D
п.с. слики давање само на плавуши со европски пасош ;):pos:
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.612
Поени од реакции
81.305
Зошто жените не прават скара?
 

blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.210
Поени од реакции
11.803
Жените готват по шаблон а мажите екпериментираат, затоа е подобро тие да готват.Јас пр. кога готвам уште од попот капата фали на јадењето, не секој желудник би го поднел тоа да го конзумира секој ден.:D
Не е така. Јас редовно експериментирам со рецепти, скоро никогаш не готвам по шаблон.
--- надополнето: 4 декември 2013 во 22:00 ---
Зошто жените не прават скара?
Кој тоа вика дека не прават? Може во твое друштво е така.
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.612
Поени од реакции
81.305
Кој тоа вика дека не прават? Може во твое друштво е така.
Можеби е и така... дека во мое друштво чим се спомне скара, одма мажите скокаат, ќе се тепаат кој ќе ја прави . Понежниот пол се повлекува тивко без збор :D

Се на се малце е глупа темава. Зошто понежниот пол повеќе готви?Убави примери кажа Ацид, е сега девојчето ако сака да глуми феминистка тоа е друго... или пак незнае да готви...:cautious:.
 
Член од
24 февруари 2012
Мислења
1.012
Поени од реакции
2.154
Секако дека не значи. Но значи дека мажите се за некој степен подобри готвачи од жените. Побрзо учат, и подобро се фокусираат на храната. Тоа не се познава само поради исклучителниот број машки селебрити готвачи, туку и еден мал поглед во некое готвачко одделение во ресторан е доста евидентно. Мажите малку повеќе доминираат, и со работни позиции општо, и со повисоките работни позиции, претежно. Да се заработуваа тие места со бисерна насмевка и сини очи, можеби вие жените ќе бевте подоминантна глетка, ама очигледно преку нешто друго дошле до тоа до кај што се, голем број од мажите.

Aма сега поентата на темата не е селебрити личности до готвачи во ресторанти туку готвење во домашни услови нели и зошто жената готви постојано...
Бидејки Бранчез го напомена тоа јас се согласив дека ги има повеке на тв...Да.Не го негирам тој факт.
Кога веке велиш дека побрзо учат зошто некое машко не знае да си спржи јајце?Лесно е...Ама некои домашни миленичиња од (наведи години) не знае да си спржи јајца,или пак имам пример за пријател кој помфритот никако да го погоди или жив или прегорен...
Некои мажи во домашни услови не знаат да се снајдат во кујната,ма што зборам,не знаат дури ни кујната каде се наога чекаат на друг да им припрема јадење...Добро наведе МАЈА погоре...
И претходно е кажано...треба да се поделат обврските дома...Кога веке велиш дека мажите побрзо учат зошто и тоа дома не го искористат?па ако не знае,ако е голем труп постојат готварски книги или на интернет,нема да му се исуши раката доколку направи еден оброк каков и да е.Можам да ти кажувам примери до утре сабајле кога машко правил утки во готвењето но за тоа некој нареден пат.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom