Зошто повеќе луѓе стануваат атеисти?

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Сето тоа го гарантираат и законите на државата во која ти живееш и кој мораш да ги почитуваш.
Велиш, „морам„ да ги почитувам?

Еве, јас ниту ги знам, ниту го почитувам, ниту ги практикувам. Што ќе стори власта со мене заради моето непочитување на „човековите права„?

И она што е најбитно, пак не го кажуваш: ако јас „морам„ да почитувам, а тоа не ми е по волја, како ќе го објасниш и оправдаш тоа државно насилие врз мојата слободна волја?[DOUBLEPOST=1466953970][/DOUBLEPOST]
рисјанството нема врска со човекови права:
Пак „монологизираш„ за нешта со кои не си прашан.
А шо благе звезе има Исламот и неговите празници со „човековите права„?[DOUBLEPOST=1466954121][/DOUBLEPOST]
Па веќе ти е посочено како. Самиот си наведе цела листа на нешта што жените смеат да ги прават, а ти неможеш ама баш ништо против тоа!
.
На ова, веќе коментирав: кој сака да ужива во својата валканица, нека му биде.

Она што е уште побитно е следното: блудот отсекогаш постоел, а тоа што денес блудот е озаконет, нема да престане а биде „блуд„ или „нешто друго„ освен „блуд„ по својата суштина.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.275
Велиш, „морам„ да ги почитувам?

Еве, јас ниту ги знам, ниту го почитувам, ниту ги практикувам. Што ќе стори власта со мене заради моето непочитување на „човековите права„?
Па нема бе Мики ни христијанството ни неговата братска религија ислам, ни таткото на двете религии - јудаизам... немаат никаква врска со човечки права
Шом влзеш во религија, ти се откажуваш од своите човечки права, самио рече, немаш право дури ни на свое сопствено мислење, а таков зомби нема чоечки особини
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Велиш, „морам„ да ги почитувам?

Еве, јас ниту ги знам, ниту го почитувам, ниту ги практикувам. Што ќе стори власта со мене заради моето непочитување на „човековите права„?
Твој проблем е дали ги знаеш или не, тоа е твој избор да не ги знаеш, но ако ги прекршиш, ќе си одговараш. Ако не ми веруваш, слободно провери си сам.
И она што е најбитно, пак не го кажуваш: ако јас „морам„ да почитувам, а тоа не ми е по волја, како ќе го објасниш и оправдаш тоа државно насилие врз мојата слободна волја?
Според човековите права и слободи, и според уставот, ти не си приморан да веруваш/неверуваш, да се облекуваш или да не се облекуваш на одреден начин, да се движиш слободно, да си ги искажеш своето мислење и слично. Што значи неможе да станува збор за никаква присила, единствено ако ти ускратуваш, забрануваш или повикуваш на ускратување на нечие право, тогаш ќе сносиш последици. Ако ги попречиш или повредиш правата на другите да бидат различни од тебе, ќе си бидеш казнет.[DOUBLEPOST=1466955188][/DOUBLEPOST]
На ова, веќе коментирав: кој сака да ужива во својата валканица, нека му биде.

Она што е уште побитно е следното: блудот отсекогаш постоел, а тоа што денес блудот е озаконет, нема да престане а биде „блуд„ или „нешто друго„ освен „блуд„ по својата суштина.
Ако ти нешто прогласиш за "блуд" незначи дека истото ќе стане блуд. Единствено значи дека ти си ограничен и неспособен да сватиш дека твоите морални начела се единствено тоа - твои, не и начела и стандарди што сите останати морат да ги следат и да живеат според нив.
 
Последно уредено:

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Твој проблем е дали ги знаеш или не, тоа е тбој избор да не ги знаеш, но ако ги прекршиш, ќе си одговараш. Ако не ми веруваш, слободно провери си сам.
.
Како ќе прекршам правила кои ниту знам дека постојат, ниту ме интересираат, а кои се против мојата слободна волја?
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Како ќе прекршам правила кои ниту знам дека постојат, ниту ме интересираат, а кои се против мојата слободна волја?
Дали ќе ги знаеш или не е твој избор! Пробај да ги прекршиш и експресно ќе ги дознаеш - од страна на органите на власта.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Според човековите права и слободи, и според уставот, ти не си приморан да веруваш/неверуваш, да се облекуваш или да не се облекуваш на одреден начин, да се движиш слободно, да си ги оскажеш своето мислење и слично. Што значи неможе да станува збор за никаква присила, единствено ако ти ускратуваш, забрануваш или повикуваш на ускратување на нечие право, тогаш ќе сносиш последици. Ако ги попречиш или повредиш правата на другите да бидат различни од тебе, ќе си бидеш казнет.
Пак со „негативна исповест„?...

Па пред малку самиот ми рече дека јас „морам„ да ги почитувам „човековите права„ ( по твојата логка, „човековите права„ не ми се дадени како слобода и како можност, туку како државна принуда?????), а сега ми велиш дека баш и не морам...

Дај одлучи се.

Што се однесува до правата од „другите„, баш ми е гајле за нив, како што веќе два пати напишав.[DOUBLEPOST=1466955659][/DOUBLEPOST]
Ако ти нешто прогласиш за "блуд" незначи дека истото ќе стане блуд. Единствено значи дека ти си ограничен и неспособен да сватиш дека твоите морални начела се единствено тоа - твои, не и начела и стандарди што сите останати морат да ги следат и да живеат според нив.
Велиш?

А по чии морални начела блудот не е блуд, туку е „нешто друго„? По Телем(ит)ските? И кој фактор се Темелата и Телемитите да одредуваат дали некое однесување е „морално„ или „неморално„, кога здравиот разум (не Телемитскиот, да нема забуна...) може лесно да расуди дали „е„ или „не е„?
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Пак со „негативна исповест„?...

Па пред малку самиот ми рече дека јас „морам„ да ги почитувам „човековите права„ ( по твојата логка, „човековите права„ не ми се дадени како слобода и како можност, туку како државна принуда?????), а сега ми велиш дека баш и не морам...

Дај одлучи се.

Што се однесува до правата од „другите„, баш ми е гајле за нив, како што веќе два пати напишав.
Не си приморан да правиш било што, но приморан си да го почитуваш правото на другите да прават тоа што им е волја! Дали ти е гајле или не, апсолутно не игра никаква улога! Можеш да си пукнеш од мака само ако не ти се допаѓа како некој живее и толку.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Дали ќе ги знаеш или не е твој избор! Пробај да ги прекршиш и експресно ќе ги дознаеш - од страна на органите на власта.
Што треба да сторам за да почне власта да ме гони?
Наведи нешто конкретно.[DOUBLEPOST=1466955797][/DOUBLEPOST]
Не си приморан да правиш било што, но приморан си да го почитуваш правото на другите да прават тоа што им е волја! Дали ти е гајле или не, апсолутно не игра никаква улога! Можеш да си пукнеш од мака само ако не ти се допаѓа како некој живее и толку.
Јас не пукам под мака, понајмалку не пукам во случаите кога некој/некои решиле да блудничат. Не ми подметнуј работи за кои не те прашувам.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.275
Како ќе прекршам правила кои ниту знам дека постојат, ниту ме интересираат, а кои се против мојата слободна волја?
Исто ко шо секој ден милиони верници прекршуваат верски правила пошо појма немааат кои се и какви се ниту ги интересира да ги научат
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Што треба да сторам за да почне власта да ме гони?
Наведи нешто конкретно.
Ете самиот наведе цела листа на нешта кои жените смееле да ги прават денес - Да носат кратки сукњи, да живеат со маж вон брак, да не родат дете, да станат маж ако тоа им е волја, да сакаат друга жена....итн, итн. Пробај да им спречиш било што од ова, на било која жена.
Јас не пукам под мака, понајмалку не пукам во случаите кога некој/некои решиле да блудничат. Не ми подметнуј работи за кои не те прашувам.
Затоа толку се пенавиш на форумов, обидувајќи се со глава у ѕид да докажеш како се што не е православие е погрешно?
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Исто ко шо секој ден милиони верници прекршуваат верски правила пошо појма немааат кои се и какви се ниту ги интересира да ги научат
Таквите прекршители на верските правила не се верници. Гле‘аш колку е просто?

Туку, не ми кажа каква е врската помеѓу Исламот и неговие празници со човековите права?[DOUBLEPOST=1466956116][/DOUBLEPOST]
Ете самиот наведе цела листа на нешта кои жените смееле да ги прават денес - Да носат кратки сукњи, да живеат со маж вон брак, да не родат дете, да станат маж ако тоа им е волја, да сакаат друга жена....итн, итн. Пробај да им спречиш било што од ова, на било која жена.
Ете де, јас тоа не ги спречувам и власта не ме гони. И сега?[DOUBLEPOST=1466956222][/DOUBLEPOST]
Затоа толку се пенавиш на форумов, обидувајќи се со глава у ѕид да докажеш како се што не е православие е погрешно?
А зашто ниту еден Телемит не може да одговорои на прашања кои произлегиваат од секојдневното реално живеење, туку напразно теоретизираат за нешта кои се само запишани и неостварливи?
 
Последно уредено:

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Ете де, јас тоа не ги спречувам и власта не ме гони. И сега?
И сега дојдовме до очигледниот заклучок дека општеството во кое живееме се темели на вредности и правила што се еднакви на Телемитските. Тоа значи дека живееме во новиот еон каде функционираат на дело законите на Телемата.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.275
Таквите прекршители на верските правила не се верници. Гле‘аш колку е просто?

Туку, не ми кажа каква е врската помеѓу Исламот и неговие празници со човековите права?
Верници се бе мики, глеаш и по вести и попој и владики шо се заколнаа дека ќе му верват на Исус, бог да го прости, па прат криминали и нечесни работи и работи достојни за презир
Значи верник си е али го боли таквото за верски правила, едноставно е, треба само да ти текни

А Исламот ти даде т вое чоевечко право да уживаш во неработен ден благодарение на нивна вера, инаку на 7ми Јули ќе рмбаа стотици иљади народ пошо на исус, бог да го прости, не му текна на тој ден да напрај некоја магија и да биде христијански празник а не исламски.
На Мухамед му текна али на Исус - не
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
А зашто ниту еден Телемит не може да одговорои на прашања кои произлегиваат од секојдневното реално живеење, туку напразно теоретизираат за нешта кои се само запишани и неостварливи?
Тешка глупост. Се што досега пишав, се однесуваше на прашања што произлегуваат од секојдневното реално живеење.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
И сега дојдовме до очигледниот заклучок дека општеството во кое живееме се темели на вредности и правила што се еднакви на Телемитските.
Да бидам попрецизен, пошто самиот не си.

Живееме во време во кое блудот станува озаконет начин на битисување па дури и норма на однесување.

Блудот е дел од отпаднатата човекова природа и постои априорно во однос за неговото озаконување. Просто кажано, блудот му претходи на законот а Телемата не го измисли блудот, туку истиот го практикува и себе си си го припишува неговото озаконување за голем успех на планетарно ниво‘, небаре со озаконувањето, блудот ќе прејде во „доброчинство„.

Или како што би рекол мојот омилен професор: „Тоа е афирмативен заклучок од негативен пример„.[DOUBLEPOST=1466956789][/DOUBLEPOST]
Тешка глупост. Се што досега пишав, се однесуваше на прашања што произлегуваат од секојдневното реално живеење.
Каде? Во теоријата од Телемата?[DOUBLEPOST=1466956917][/DOUBLEPOST]
Верници се бе мики, глеаш и по вести и попој и владики шо се заколнаа дека ќе му верват на Исус, бог да го прости, па прат криминали и нечесни работи и работи достојни за презир
Значи верник си е али го боли таквото за верски правила, едноставно е, треба само да ти текни

А Исламот ти даде т вое чоевечко право да уживаш во неработен ден благодарение на нивна вера, инаку на 7ми Јули ќе рмбаа стотици иљади народ пошо на исус, бог да го прости, не му текна на тој ден да напрај некоја магија и да биде христијански празник а не исламски.
На Мухамед му текна али на Исус - не
Ај и тебе Бог да те прости...
Пардон, да ти прости.

Можеш слободно да продолжиш со монологов...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom