Преферирам на човекот се да му плеснам во фаца.
На пример ако се работи за искажување љубов , тогаш би сакала да му кажам во очи, да ме гледа додека зборам, да види колку сум искрена и секако јас да ја видам неговата реакција во живо, која ако би зборела на телефон не би можела да му ја видам, и да знам што тој мисли за тоа и колку е искрен.
Од кај ја да знам шо фаци ми праи од зад грб, и со кого е до него во моментот.
Ако пишам смс порака, ми е уште поглупаво, затоа што ни тогаш нема да знам дали тој:
1. Ако не ми враќа на пораката од кај ја да знам дали не сака, или телефонот не му е при рака.
2. Дали тој ако ми напише ќе биде искрен.
3. Дали е сам во моментот и сам ми пишува, или е со другари, и ме исмејуваат на мојата искреност.
Ако сакам да се карам, и сум многу нервозна
ПАК повеќе сакам да му влепам се во фаца зашто ако не го напраам тоа ќе мислам дека преку телефон и смс не сум ја искажала доволно мојата лутина
САКАМ СЕ ДА ВЛЕПАМ ВО ФАЦА, а сето останато го сметам за многу кукавички.