Зошто не тераат да учиме предмети што не ни се потребни за понатаму?

The_Dzo

FIELD MARSHAL
Член од
3 февруари 2007
Мислења
256
Поени од реакции
2
da i baska smer za lopatar nigde nema................abe so volku ucenje sme najnepismen narod .......i mesto site da vikaat malce e trba poveke da se uci ...tie so ke mi e ova so ke mi e ona..ako ne ti se uci , lopatata i komunalna higiena.......bar za tamo samo da znaes da brois treba,...................za plata ako ti dadat nekogas
 
Член од
16 февруари 2006
Мислења
2.830
Поени од реакции
19
Ова прашање нон-стоп си го поставував до средно (гимназија).Многу се нервирав затоа што не поделија во смерови -природно математички, општ и јазичен-за џабе оти пак имаше во смеровите предмети шо не ни одат „од рака“ на сите.Нормално дека математичарите, физичарите и хемичарите одбраа математички смер - ама учеа и општи предмети. А ние на општи и јазичен смер учевме и природни науки.

Јас лично видов многу мака што учев нешта што не ме интересираат, нешта што не можев да замислам да седнам да ги учам ..... и најважно од се, што не ми требаат сега на факултет.Што значи за џабе кинев нерви и неспиев ноќе при помислата дека заради тие предмети постоеше можност да не ме примат на факултет каде што сакав.

Сега оставам да вас да кажете што мислите за ова прашање и дали со право се нервирав или без врска.:salut:
Епа....си се запишала во општа гимназија...неможе да учекуваш да учиш стручни ствари во гимназија зашо е гимназија....ако си сакала да учиш нешта што се интересираат не си се запишала во некое стручно училиште....
Тоа што се има некаква поделба по "смерови" е колку толку да те насочи малце од малце.....
 
Chains

империја
Член од
15 август 2006
Мислења
761
Поени од реакции
678
А ние на општи и јазичен смер учевме и природни науки.

Јас лично видов многу мака што учев нешта што не ме интересираат, нешта што не можев да замислам да седнам да ги учам .....ка.:salut:
Те разбирам до негде.НО сепак стојам зад моето размислување дека треба да имаш познавања од математика,основи од физика и хемија,па биди ако сакаш филозоф,јазичар,педагог итн итн....
Јас завршив математичка гимназија во Корчагин.А сега сум на економски.Воопшто не жалам што не учев на општиот смер.
Не може бе,како што гледам сега на факултет,да ти треба дигитрон да множиш со 100,да не знаеш каков состав има воздухот,која сила повекло јабокото што го удрило Њутн,или не дај боже да не знаеш 6*1/6:))))).имам многу колеги од Борис,каде математиката во средно им била смешка.Токму тие ги прават горенаведениве глупости.Природните науки те тераат да размислуваш логички и да го употребуваш мозокот.Иди реши интеграл ако не размислуваш логички.Економија,право,ангилски се тоа се учи....
 
noodle ®

Teetleh
Член од
3 декември 2005
Мислења
1.527
Поени од реакции
257
Ти мислиш дека тие предмети не ти се потребни за понатаму, ама грешиш. Можеби во ниедна сфера на понатамошното живеење нема да ти требаат подлабоки знаења од физика и хемија, ама со нив ти си штанцаш IQ, што во никој случај не ти е непотребно.

А уосталом, како знаеш дека не сакаш да учиш нешто ако не пробаш да го учиш?:smir:
 
Член од
1 јануари 2008
Мислења
85
Поени од реакции
1
Те разбирам до негде.НО сепак стојам зад моето размислување дека треба да имаш познавања од математика,основи од физика и хемија,па биди ако сакаш филозоф,јазичар,педагог итн итн....
Јас завршив математичка гимназија во Корчагин.А сега сум на економски.Воопшто не жалам што не учев на општиот смер.
Не може бе,како што гледам сега на факултет,да ти треба дигитрон да множиш со 100,да не знаеш каков состав има воздухот,која сила повекло јабокото што го удрило Њутн,или не дај боже да не знаеш 6*1/6:))))).имам многу колеги од Борис,каде математиката во средно им била смешка.Токму тие ги прават горенаведениве глупости.Природните науки те тераат да размислуваш логички и да го употребуваш мозокот.Иди реши интеграл ако не размислуваш логички.Економија,право,ангилски се тоа се учи....
...не се учат баш такви основни работи. Се навлегува во многу непотребни работи. Ако се беше доведено до таква практична смисла...1,2,3 њутнов закон, изведување експерименти и слично би било доста интересно.
Стилот на пишување е доста збунувачки. Морам да ги издвојувам поентите што се обидувале да ги кажат во 10 реченици а притоа можеле едноставно да се кажат во една реченица.

Инаку во врска со ова...

А сега сум на економски.Воопшто не жалам што не учев на општиот смер.
Не може бе,како што гледам сега на факултет,да ти треба дигитрон да множиш со 100,да не знаеш каков состав има воздухот,која сила повекло јабокото што го удрило Њутн,или не дај боже да не знаеш 6*1/6:))))).

дај ми 7мо оделенец и ќе го научам ова...
Имаше истражување во кои најдобрите educators во САД беа прашани колку време во просек му треба на просечно дете да ги научи оние работи што ти и многу други ги викате 'општа култура'. Знаеш кој беше одговорот? 48 ДЕНА. А не 4 години.
Ако сакаш увери се и сама..земи учебник средно по некој предмет..пример биологија..и земи издвој ги оние работи што мислиш дкеа се основи и општа култура. Нема да направиш повеќе од 6 страници. За да ги запамтиш трајно во меморијата ќе ти биде потребно редовно повторување, можеби 3 месеци по ред секој месец по 3 дена.
 
Oblivion

Matt Akisson
Член од
12 септември 2007
Мислења
3.526
Поени од реакции
128
Е да, тука си многу во право. Пр. проектните активности во средното. Оваа година не ни дадоа информатика, бидејки ако проф. држеле часови, немало да им плакат. Ова ми го рече класната.
 
MadA@FakA

Black&White
Член од
4 август 2006
Мислења
1.046
Поени од реакции
104
Јас сум 3 година и учам програмирање и компјутерска автоматика, а немаме часови по информатика... :toe: учевме само 1 и 2-ра година и кога прашавме зошто веќе не учиме ни рекоа така било по програмата.. е ајде де каква е таа програма за информатичари да не учат информатика???
 
iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.183
Јас сум 3 година и учам програмирање и компјутерска автоматика, а немаме часови по информатика... :toe: учевме само 1 и 2-ра година и кога прашавме зошто веќе не учиме ни рекоа така било по програмата.. е ајде де каква е таа програма за информатичари да не учат информатика???
Не е до програмате до глупиот народ во Македонија е што не знаат ни за во училиште што да стават да се учи, не знаат една програма да направат....:toe::pos2::pos2:
 
Член од
16 мај 2008
Мислења
452
Поени од реакции
2
Точно е дека кај нас има премногу различни предмети за разлика од западните земји каде многу повеќе внимание се посветува на праксата и на одредување предмети од помала возраст који не интересираат. Тоа е негативната страна, а позитивната е што ние имаме многу поголемо знаење од општа култура од нив. Па сеа на кој како му се гледа дали е позитивно или негативно не можам да кажам јас.
jack of all trades, master of none :toe:
 
F

Foxy`BuTTerFLY

Гостин
Сте слушнале за општа култура и општо познавање на нештата? Токму поради тоа се учат овие предмети, за да се изгради општата култура и познавањата на најосновните работи.Во животот, без разлика која професија ќе ја одберете, ќе се сретнете со најразлични луѓе и ќе водите најразлични разговори и дискусии.А за водите разговор треба да имате барем основно познавање на нештата.
 
Член од
20 мај 2008
Мислења
961
Поени од реакции
43
во ред е тоа за општите познавања, но тоа може и да се научи, т.е да се разбере и од секојдневниот живот (затоа се вика општо). јас на пример не разбирам, зошто сега во 4. година гимназија ни воведоа предмет задолжителен бизнис и претприемништво??? во 3. година не поделија на подрачја, избрав математичко А (3 математики, физика и прог.јазици), додека хуманистичко А учат право, економија, менаџмент и како капак на тоа, бизнис и претприемништво, а скриптите се копираа од учебникот по менаџмент. и замислете, ни ја направија оваа финта во година кога ни воведоа матура, ем за оценки се бориме, ем еден предмет 2 пати се учи (под различно име-респект за тоа :toe: )... глупости.
 
Темата матура е друго.Ај размисли малку подалеку во иднината и ќе сватиш зашто има претприемништво.Овој предмет беше порано дел од менаџментот, но во скоро сите држави постои како одделен предмет.Јас го учам моментално на факс во склоп на менаџмент, а од другата година ќе се поделат исто како во средно.И нема општествена наука во која не се учи менаџмент, економија,ПРАВО и сл.Дај види прво кои се општествени науки и што подразбираат тие.Палетата е голема.
 
Тикви4ка

Нарцис со сина крв
Член од
1 март 2007
Мислења
3.134
Поени од реакции
273
Ова прашање нон-стоп си го поставував до средно (гимназија).Многу се нервирав затоа што не поделија во смерови -природно математички, општ и јазичен-за џабе оти пак имаше во смеровите предмети шо не ни одат „од рака“ на сите.Нормално дека математичарите, физичарите и хемичарите одбраа математички смер - ама учеа и општи предмети. А ние на општи и јазичен смер учевме и природни науки.

Јас лично видов многу мака што учев нешта што не ме интересираат, нешта што не можев да замислам да седнам да ги учам ..... и најважно од се, што не ми требаат сега на факултет.Што значи за џабе кинев нерви и неспиев ноќе при помислата дека заради тие предмети постоеше можност да не ме примат на факултет каде што сакав.

Сега оставам да вас да кажете што мислите за ова прашање и дали со право се нервирав или без врска.:salut:
затоа што треба да имаш општи познавања на одредени ствари... затоа е и гимназија...
програмата не е правена и поделена на предмети што на евил грл и одат од рака и предмети кои на тикви4ка и одат од рака...
програмата е она што сметаат дека треба да го знаеме... и јас така кукав во средно што ќе ми е социологија, што ќе ми е хемија,али ко ќе почнеш на факултет ќе сфатиш колку тоа ти помага
 
Kajgana Shop

На врв Bottom