Што направив? Имав точно 1 саат да реагирам (после предавања). Прво нешто што направив е тоа што отидов кај деканот. Се консултирав со него и ме прати горе повторно со помош од еден вработен да го најдеме индексот. Не го најдовме. Успеав да ја пролонгирам визата со крајни маки и утредента да издејствувам потврда за редовен студент без индекс... Ете тоа направив.:nesvest:Ајде пак Јово на ново...И ти, што направи откако ТСБ те заеба? Ништо... Наравно... Пукаше од нервоза додека миокардот ти играше воден од нервната консталација, да погодам... ?Епа така сите прават. Така сега ќе ни опнат матурче, државна квота ќе стане вселенска непознаница, ТСБ ќе ги ебава сите налик тебе и мене, се додека не покажеме зуб! А зуб се покажува на лице место, не на стопатиименуванатанеќумпак- трибина.
Требаше да организирам штрајк за тие 60 минути?
А на слободна студентска мисла ми беше мерак што се спреми говор за студентски. Ете така јас преку тој говор, кој иако не го напишав јас,ниту го зборев јас, туку присутстував при неговото дооформување (давање идеи/предлози како да изгледа) се дадов себеси за да потикнам уште некој нервозен ко мене на нешто што би се рекло бунт. А да... имав и јас дел од мојот говор за студентски прашања, ама не бев тој дечкото што го посвети целиот говор на тоа.