Во ред, само да разјасниме на старт, под застранување се мисли на тоа кога почнуваат да се дрогираат, ќе претпоставам дека се мисли на тешки дроги затоа што ако се лесни сите сме „застранети“ и кога се одаваат на криминални дејствија, повторно претпоставуваме дека се потешки дела, листата може да добие огромни пропорции затоа што кога се суди зошто некој наеднаш не е „прав“ во очите на јавноста (мама, тато, баба, дедо, другарчињата, девојката, дечкото, професорите, познаниците на горе наведените) се чекираат + милион и една аномалија која што ја следи како чума таа личност и не и дозволува да еволуира во млад созреан социјално-активен човек на општеството.
Да се верува во застранување е да се верува во веќе преодреден пат, да се приклониме кон конформизот на тоа што е актуелно и ин во моментот и да го прифатиме како правилно или по автоматизам да бидеме робови на традицијата.Океј, не мора да биде генерално лоша слика, но, што е правилно за на некој му се залепи етикета дека она што го прави тој е лошо, застрането, дека влегува во една од работите на листата.Секое од тие деца има причина зад себе зошто ги прави сите оние работи кои што му го обликуваат и формираат животот, психолошката позадина е многу покомплексна и посериозна од било која типична причина, затоа што друштвото ме натера или затоа што сакав да бидам кул.
Кога не би го унифицирале животот како пат кој што мора да има еден тек и веќе позната правилност, можеби и немаше да има потреба од прашањето, зошто се застранува, туку зошто се одбира таа опција.Кога ни е тешко, не сите ние испливуваме од „гомната“, не сите ние се бориме, некои од нас тонат и завршуваат во полициска станица, некои се бараат преку неколку грама, некои само умираат без да бидат разбрани.
Ама хеј, убаво е да се брани идеологија, кога сите се интересираат само за епидермот, не и за ткивото ... правиот пат е еднаков на погубување исто како што лошиот е „настран“.