Ајде малку да се обидам повеќе да придонесам до темава освен со мојот прв пст со надеж дека дискусијата ќе ја наведам во една многу поконструктивна и промислена насока каде ќе се смират емоционално афектните реплики.
Прво и основно мислам дека треба малку да се пријде на темата од филозофска гледан точка, бидејќи како што можеме да видиме има различни интерпретации и дефиниции на она што би требало да биде лево односно десно ориентирана политика.
Јас прво би сакал да истакнам дека лево односно десно ориентираните движења можат да се гледаат од два аспекти, прво од полтиичко-економски, и второ од политичко-општествени, иако овие два аспекти се многу силно врзани еден со друг и неможат комплетно независно еден од друг да се разгледуваат.
Еве сега јас како гледам прво на политичко-економскиот аспект на разликите помеѓу она што јас го разбирам и го гледам како лево и десно ориентирано.
Во основа да лево ориентираните гледишта на економијата влечат најмногу корени од тоа како маркс го има претставено (имајте на ум дека маркс бил силен индустријалец кој на еден чисто капиталиситчки начин го има создадено своето богатство). Значи прво и основано сакам да изјавам експлицитно дека и самиот маркс ја гледа таа негова претстава за економијата во еден иден аспект. И тоа е толку напредно што ниту ден денес политичко-општествените услови и нивото на општествената свест не се ни блиску на тоа ниво за да може еден таков или сличен таков економски систем да функционира. Јас инаку го признавам моделот на маркс до некаде како иден, ама според мене може да се иде и чекор понатаму а тоа би било укинувањето на постоење на платежни средства односно хартии од вредност и монети од вредност, што во основа и би била конечниот крај на капиталистичкото општество. Следствено за да функционира таквиот економски систем би требало сите единки да бидат свесни за нивната позиција во општеството и за безкомпромисната потреба од тоа тие да даваат придонес за општеството во рамки на нивните способности и нормално да бидат свесни и да имаат само контрола на тоа кое што имаат потреба да го земаат за да можат да го даваат тој свој придонес кон општеството. Нормално тука треба да се има и на ум дека со ексесивна потреба од големи луксузи всушност повеќе му наштетуваат на општеството. Нормално тука не би имало стриктни правила за тоа на кој колкав луксуз му е дозволен туку едноставно би се имало создавање на некое определно искутво за создавање за свест колку претставува непотребен луксуз.
Во ваквото општество и тие што се бават со наука и тие што чистат улици би биле подеднакво важни за функционирање на економијата.
И да ова во основа влече корени од марксовото секој според потребите секој според можностите, но сепак е на друго ниво односно не е контролирано според некој закон или авторитет туку е контролирано од самата единка.
Од друга страна пак десно ориентираната политичка опција основата за економијата ја гледа во целта на создавање на што е можно поголем капитал. И тоа тривијално гледано не е лошо, бидејќи колку повеќе луѓе има со капитал кој во основа ги надминува нивните потреби толку повеќе луѓе ќе стануваат свесни за она што и маркс станал свесен кога создал капитал поголем од тој што му бил потребен за да ги исполни своите потреби. Со други зборови таа еволуција на општествената свест за тоа колку се има потерба и колку се може е процес кој е веќе започнат. Ова значи дека во основа за да може да се развие таа економија без платежни средства каде единките би биле свесни за својата улога и позиција во општеството (лево-ориентирано опција) потребано е она што десно ориентираната опција го подржува да го постигне својот максимум.
Јас инаку сметам дека погрешно е кога се поистоветува десно ориентирана позиција со малку многу богати луѓе, и сметам дека десно ориентираната опција има за цел што е можно повеќеќ единки да имаат пто е можно повеќе капитал. Нормално тука сеуште ефикасноста на општеството (која пак зависи повторно од општествената свест) е далеку од нивото за да може барем поголем дел од единките да можат да создата капитал кој би ги надминал нивните потреби.
И токму поради овие горенаведени причини иако мене би ми било најдраго кога сите би биле свесни за нивната улога во општеството и за важноста за нивниот придонес и свеста за тоа колку навистниа имаат потреба да земаат за нивното добар и среќен живот за да можат принесат максимален придонес, и би живеел во општество каде токму поради тоа ниво на општествена свест би немало платежни средства, јас сум свесен дека поширокото општество односно светот во моментот функционира и е на ниво на капиталистичката економија. И токму затоа стојам на ставот дека треба ние како држава економски да се придржуваме на таа десна ориентација односно капиталистичка за да може да создадеме што е можно повеќќе капитал за што е можно повеќеќ единки од општеството единствно со цел за да може што е можно побрзо нашето општество да биде спремно да еволуира. Освен тоа со оглед на тоа воколку нашатадржавна економска политика се прдржува до таа капиталистичка економија ние би биле полесно профатени од поширокото општество (светот) и полесно би можеле да создадем функционална економија која би била потоа спремна полека да се трансформирта горенаведениот иден модел на економија која е застапувана од лево ориентираната струја.
Е сега знам дека вогалвно ова досега не е баш тотален контекст на она што сакаше да го истакне Братот ама како што спомнав бидејќи економскиот аспект е блиску врзан до општествениот морав да го елаборирам пред да ги изложам моите погледни на тоа што јас го гледам како десно односно лево ориентирана општествена политика.
Тука повеќе ќе се концентрирам на дел од политичко-општествниот модел (значи тука станува збор за перцепција,интерпретација и став по однос на одредени нематеријални нешта). Тој дел во согласност е поимите и нештата наречени патриотизам и национализам и како и колк различно десните односно левите ги перцпеираат и разбираат истите нешта.
За да не дојде до некои забуни јас под поимот патриотизам подразбирам љубов кон татковината односно кон потесното место на потекло. Кога вика потесно сакам да кажам дека тука се подразбира територија со големина на држава или региона ама не и поголеми географски површини. И во сонва оваа основна дефиниција е иста и кај десно и кај лево ориентираните. Разликата е во тоа како едните односно другите тоа го интерпретираат и како соодветствено го искажуваат тој патриотизам. Левите немаат причина да не бидат патриоти бидејќи љубовта кон татковината не е ништо лошо, разликата е во тоа што патриотите немаат никаков проблем да ја делат татковината да ја сметаа како своја материјална споственост туку повеќе како индивидуална одлика преку која би се идентификувале. За разлика од нив десно ориентираните на татковината повеќе гледаат како лична споственост и повеќе сакаат да се гордеат со неа бидејќи е нивна и да ја чуваат поради тоа постои и кај нив страв дека некој ќе има ја одземе. Ова е причинето токму поради нивните политичко-економски позиции за поседување на што е можно повеќе личен капитал и лична сопственост. Е сега поради тоа што како што погоре спомнав денеска поширокото општество (светот) функционира врз десно ориентираните основи стравовите на десно ориентираните се оправдани бидејќи останатите единки од поширокото општество сакаат да имаат што е можно поуспешан и поголема и со подобра репутација татковина аналогно на капиталот.
Второто нешто кое ќе го обраеботам тука е нациоанлизмот, како и погоре прво ќе дадам една дефиниција за национализмот, а тоа е љубовта кон популацијата единки со кои се дели истиот јазик, култура, историја односно национален идентитет. И како што е и за патротизмот и национализмот е својство кое е застапено кај лево ориентираните исто како и кај десно ориентираните. Разликата е во тоа како тие го перцепираат. Според мене лево ориентираните немаат никаков проблем со национализмот односно љубовта кон нацијата, но како и кај патриотизмот тие го гледаат како нивна лична одлика што ги прави различни од другите и преку која можат попрецизно себеси да се идентификуваат. Но лево ориентираните преку националозмот само сакаат што е можно повеќе да придонесат до поширокот општество со придобивките од нивната нација која според нив е исто толку важна колку и секоја друга на светов. Од друга страна пак десно ориентираните повторно поради горенаведенитее причини како за патриотизмот и за национализмот завземаат повеќе протекционистички став и се обидуваат со национализмот односно нивните национални одлики да се издигнат погоре од другите нации. Ова го има истакнато и самиот Гоце Делчев на малку метафориучен начин, имено : „јас го разбирам светото како поле за натпревар помеѓу народите.“ Нормално тука доаѓа и заштитничкиот однос на десно ориентираните кон националниот идентитет кој аналогно со тоа што сакаат да го издигнат над другите нации истовремено и стравуваат и од другите национални идентитети кои ја имаат истата цел. Со други зборови постои стравот кај десно ориентираните да не биде нивниот национален идентитет уништен од страна на другите ради нивната цел за издигнување на нивниот национален идентитет над другите. И тука пак морам да кажам дека живееме во едно пошироко општество во кое сепак има натпревар помеѓу националните идентитети и има потреба до некаде почитување и умерено држење до ставовите на десноореинтираните со цел да преживее нашиот национален идентитет. Бидејќи преживувањето на нашиот национален идентитет е исто толку важен и за лево ориентираните.
Сепка тука е многу важно да се напомене дека во тој протекционистички став кон татковината и натпреварот за големина на нациите може многу лесно да се предизвика штета на другите токму поради она од што се има страв дека други можат истот да го причинат на споствената нација, односно појавата на национал-шовинизмот.
Инаку тука се повторува она што важи и за општествно-економските позиции во однос на она како јас го гледам светот и неговата иднина. Имено тоа дека е многу важно да се сочува националната разноликост во светото се до моментот додека општествената свест не дојде на едно ново ниво.Ниво на кое постои разбирање за потребата на разноликоста како основа за повеќе и попродуктивни решенија за разчични проблеми на човековиот опстанок и развој, и следствено меѓусебно почитување. Тоа би значело прекин на натпреварот за тоа кој е подобар и почеток на заедничка работа каде сите би имале допринос токму поради нивната различност. Со ова пак се повторува тоа дека моментално поради нивото на кое се наоѓа поширокот општество (светот) е битно да го почитуваме заштитничкиот однос на десно ориентираните се додека не дојде до еволуција на општествената свест во светот па со појавата на почит и толеранција и свеста за зачувување на разноликоста односно со прекин на натпреварот помеѓу националните идентитети нема да има потерба повеќе од десно ориентираните позиции по овие две нематеријални нешта и општеството би можело да функционира врз база на начинот на кој лево ориентираните ги интерпретираат поимите национализам и патриотизам.