Toa ти е исто и со припадниците на женскиот пол. Модерната цивилизација не била толку развиена во пределите каде што живееле луѓе од црната раса. Модерната цивилизација била развиена само во Европа и Северна Америка, па затоа сега може да се види дека научниците биле само од овие два континента. Во овој период толку права немале и жените, па затоа нема ни жени научници, уметници... Дури во XX век почнале да се појавуваат првите жени научници... Модерната цивилизација почнала да се развива и на другите континенти исто во XX век, така да тоа ти е одговорот на прашањето.

И мислам интелигенцијата сте ја помешале со нешто друго.
Ај да ги баталиме расите

Види вака не постојат двајца луѓе на планетава кои размислуваат подеднакво ............ дури и помеѓу самите интелигентни луѓе постојат разлики од еден до друг !
Неможе сите до еден исто да мислат и исти сфаќања и идеи да имаат ............. моето мото е почитувај го туѓото мислење, но никогаш не отстапувај, не го погазувај и не дозволувај да ти биде погазувано од другите твоето мислење !
Интелигенцијата не е 100% наследна, туку најмногу зависи од тоа во каква средина расте, учи, живее... детето(без разлика дали е машко/женско), не е исто дете што е растено во нормални услови да се споредува со дете што е растено во суб-нормални услови !
На пр. дете од нормална, културна, богата средина порастено со нинтендо, компјутер, со нормално образование и.т.н. да се споредува со дете кое е растено во некоја посиромашна средина, без образование и во суб-стандардни услови !
Поентата ми е во тоа што не дека меѓу нашиов народ нема интелигентни луѓе, проблемот е во тоа што луѓето не сакаат да размислуваат со сопствена глава, полесно им е да го прифатат мислењето од околината отколку сами да си го кажат своето мислење !
Помладиве генерации пак наместо да бидат поинтелигентни од повозрасните, тие делуваат крајно дебилно(зборам за денешниве тинејџери, не за сите секако, не генерализирам, но мнозинството се токму такви) .............. кажи ми која интелигенција ја имаат денешниве тинејџери: јадење, пиење, спиење, шетање, тепање и.т.н. само разгалени дечишта и ништо повеќе !