Зошто да бидам патриот?

  • Креатор на темата mRnO
  • Време на започнување

B. Boop

Princ: Најозбилна...
Член од
19 мај 2006
Мислења
1.302
Поени од реакции
263
JASMIN напиша:
Завчера беше Св. Кирил и Методиј, сега државен празник, гордост за Македонија, за јазикот кој го прави човека човек, и еден народ народ. Како се прослави тој ден во Македонија? Како се чувствуваме по тоа прашање, се израдувавме ли дента, се разбудивме ли со возбуда во срцето?
3 теми се отворија на форумов по тоа прашање, со 2-3 одговори или прегледи.
За вработувањето....имам пријател, пушти оглас за работа во агенција за недвижнини. 4 месеци стоеше огласот во весник, со цели 2 интересирања за местото.
Го почитуваме ли законот за непушење во институција како болница, школо/факултет, театар итн?
Фрламе ли ѓубре на улица?
Што направивме да ги поддржиме Љубе и Јохан во Хаг, гинат за Македонија?
Запленувањето на хероинот на српска граница беше опишан како, Грујо се прчи.

На крајот, и не е поентата да си ги раскажуваме бајкиве, јасно ни е на сите какви смешки ни е политикава и како ни ги одредила животите. И јас сум да критикуваме. Ама ако си бескичмењак, немаш право да критикуваш, туку ќе си ќутиш.
Браво!

Она што е евидентно во Македонија е изразената индивидуална свест. Многу нормално, бидејќи луѓето се доведени до работ на основната егзистенција. Сите сме свесни дека животот во државава не е ок, дека нема некоја перспектива, посебно за младите... и да не набројувам, кажани се проблемите во претходните постови. Она што јас се прашувам е што се случува со колективната свест? Во секое општество постои и е еден од двигателите на истото. Значи, ги препознава, ги истакнува проблемите, насочува кон излез од некоја ситуација. Мене некако ми е бледа оваа нашава колективна свест, скоро и да ми ја нема.
Проблемот е до Владата и политичарите? Аха, Е. И толку. И ќе ги исплукаме, изнавредиме и ќе отидеме дотаму што ќе си ја погазиме и сопствената држава. Кого плукаме? Кого негираме? Самите.
Не можеш да не го сакаш тлото од кое ти се предците, не можеш да ја негираш почвата што те храни.
Прифаќањето и сакањето на родната земја ти е приближно како и љубовта кон најблиските. Тие ти се, лоши - добри, успешни-неуспешни, од нивното семе си зачнат и едноставно ги сакаш.

Не мудрувам и не бистрам политики, едноставно сакам да си ја сакаме државата и да размислиме кој е и колкав може да биде нашиот придонес за подобрување на целава ситуација. :toe:
 
Член од
5 мај 2005
Мислења
4.454
Поени од реакции
178
Betty Boop напиша:
Се согласувам до некој степен, ама сепак мислам дека ние самите си ја носиме вината и никој друг. Добро бе мајку му стара, мислите дека државата е крива што ние (народот) сме мрзи? Зарем постои владеачка гарнитура која што ќе го натера народот да почне да си ги свати должностите како народ?

Растеме тутун, државата е крива.
Паѓаме на испит (ме бутна оти сум албанец, или па бараше да му платам).
Не казнува цајкан. (ама и тој пред мене беше на црвено, не знам зашо мене ме казни).
Неаме пари за аранжман, па тешко до виза (визниот режим е тиња, државата е крива).

Епа дечки дај отворете очи малце...во истава држава, има луѓе кои чесно си ја добиваат паричката...ретки се, ама ги има...кој рано рани, сепак не го заебал петелот. Ете мене од испит ме имаат бутнато..7 пати, ама не сум луд па да бидам упорен...упорен само ебе, испит не поминува, си сменив факултетот, моето си го терав. Цајкан нема шо да ме казни дека си се потам на семафори. Визи си добивам дека аранжмани плаќам. Дворот ми е чист дека си го чистам сам, не пцујам комунална хигиена. И пред врата ми е чисто, ќе пуштам и пред врата едно црево. И дај боже да профункционира законот за јавен ред и мир..иако не ми се допаѓа, ама важно нека почнат да фрчат казни на сите страни, па ќе видите колку само после ќе си ја сакаме државата...кога ќе почнеме на улица да наликуваме на луѓе, да поминеме улица глава наведната, а не да добацуваме "шкц женска, добар гз".

Сами сме криви, баш дека не сме патриоти. Не е патриот само да "Сакаш". И ја сакам Порше ...ама немааааааааааааааааааа ...

За патриотизам може слободно да дискутирам со некој кој си станува рано на сабајле, си иде на работа, си зима плата, и си ја чува фамилијата, во рамки на истава држава...други кои седат пред монитор, јадат бурек ова не чинело тоа не чинело, а не превземаат нешто...па и не звучат баш патриотски...нали?
 

B. Boop

Princ: Најозбилна...
Член од
19 мај 2006
Мислења
1.302
Поени од реакции
263
Rymz, со она што го напишав претходно точно сакав да кажам дека треба да си го расчистиме прво сопствениот двор, па потоа да го критикуваме оној на комшијата.

А во врска со "сакањето", не мислев на таква љубов што би била инспирација да се напише пост во "Во врска со љубовта...", туку мислев на чувството на припадност.

Убаво рекле дека на волкот му е дебел вратот оти сам си брка работа.
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Ghost напиша:
хехехе, зборите за времиња кои биле порано, авторот на темата сосема убаво ве праша, што денеска??? Дали ја сакате државата која ги отпушти вашите родители??? Дали ја сакате државата која не може да ви обезбеди работа (а тоа се случува затоа што инвеститорите не сакаат да им платат мито за нивната фирма, па овие не ги земаат у предвид како инвестициони партнери)??? Дали студентите имаат удобни студентски домови??? Да продолжам ли понатака???
Државата не еобврзана за тоа некој да си најде работа, освен тоа работата не доаѓа само со инвестиции од странство, за да пркне економијата и општиот стандард со тоа треба да почне да се размислува за создавање на домашни фирми, бидејќи со фирми само од надвор ништо не правиме, до кога ќе чекаме од друг да ни најде работа, се додека чекаме друг да ни најде работа, дали тоа била власта или странските инвеститори нигдека нема да можеме да мрднеме. Трабе да се запалат мозоците малку да се загрее газот и да се нејде нешто профитабилно за работа а не да се седи дома и да се квичи: Леле ова е криво она е криво, оној е крив овој е крив , за тоа што нема работа. Барањето работа не е бајка никаде во ЕУ сегдека луѓето се борат за да најадат работа и не губат време во цимолење како овој што го цитирав. Ако се има желба и нерви се постигнува се.
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
rymz..da ne te bolat nesto ramenicite vo posledno vreme????
De be covek neznam dali samo podlazuvas ili te izbrkale od rajot ovde vo Makedonskava vukojebina.....za vizi aranzmani turisticki plakas..,a???
 
Член од
5 мај 2005
Мислења
4.454
Поени од реакции
178
concrete напиша:
rymz..da ne te bolat nesto ramenicite vo posledno vreme????
De be covek neznam dali samo podlazuvas ili te izbrkale od rajot ovde vo Makedonskava vukojebina.....za vizi aranzmani turisticki plakas..,a???
Што ти е прашањето? Сите знаат дека преку туристичка агенција, со платен аранжман, со хотел, повратна карта ама баш секој ќе ти даде виза. Не гледам причина да ме болат рамениците со тоа што сум ја прифатил реалноста дека треба да го мрднам гзот и да работам за да имам за живеење.

Ако имаш нешто за прашање, бујрум ќе ти одговорам, иначе да веќе поставеното...Не, раменици не ме болат, и ДА, визи добивам...
 

Kvendolin

чупе од бурдите
Член од
24 март 2007
Мислења
1.003
Поени од реакции
75
ABC напиша:
Mislish li deka vo SAD mozesh da vlezesh vo sekoja drzavna institucija i da "vrnesh" so karanje po cel den?Tamu nema ni da se priberesh do instituciite osobeno dokolku karash.Sepak toa ne gi pravi Amerikancite pomali patrioti otkolku drugite.Za edno GETO i ovaa sloboda shto ja imame e mnogu no sepak ne treba da zastaneme tuka,tuku da rabotime i da ja napravime sposobna ovaa zemja da ni vrati barem malku od ona shto sme napravile za nea.
Patriotite rabotat za svojata zemja ne ocekuvaki nishto za vozvrat ama dokolku zemjata im vrati samo mal procent za zaslugite tie se preblagodarni.
Братче, јас не карам по институции туку ко ќе си дојдам дома, ме слушат само мама и тато, е тоа ми е проблемот, и тоа е и проблемот со нас ќутливите и трпеливите патриоти!
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.587
Ghost напиша:
хехехе, зборите за времиња кои биле порано, авторот на темата сосема убаво ве праша, што денеска??? ...
Pa upravo toa go kazhuvame, krajno nefer situacija e, i ne e od denes. Nekoj debelo se nafatira na osnova na unishtuvanje na drzhavata i vrz grbot na narodot, a "kolateralna shteta" na toj grabezh sme povekjketo nie.

Zatoa te prashuvam konkretno, denes, shto ti nedostasuva i shto ne mozhes da postignesh kako rezultat na takvata situacija za nie drugite da ti pomogneme kolku shto mozheme?! Nacijata svati ja kako edna proshirena familija: site sme brakja na nekoj nachin i imame moralen dolg da se pomagame za da opstaneme kako celo.
 
Член од
22 мај 2006
Мислења
400
Поени од реакции
4
1. Последиците од турското „ропство” т.е. окупација оставиле негативни последици до денес во културата, развојот и напредокот во сите полиња кај народот.
2. Комунизмот остави други последици кај народот, како што се неагилноста, некритичност, индивидуална пасивност, завист спрема успешните, космполотиско воспитување во духот братство и единство помеѓу народите и народностите...
3. Во Македонија нема патриотска интилигенција, т.е. патриотска елита, доколку ја има таа е малобројна, слаба, неорганизирана, некординирана, разочарана, а и нема подршка од „патриотската” (се чукам во гради) масата, која не е созреана да ја препознае и истурка на површина. Другиот дел од масата, онаа ме боли к. за судбината на државата станува од ден на ден помногубројна...
4. Во Р. Македонија не постои национален интерес, национален конзенсус, национален дух.
5. Р. Македонија не е национална држава создадена од македонскиот народ (така по уставот и новото уредување после рамковниот „договор”)
6. Р. Македонија има проблем со албанското малцинство.
7. Р. Македонија има проблеми со сите соседи.
8. Р. Македонија има релативно мал број на жители, мал пазар, 50% живее, работи, се изучува итн.. во Скопје, низок наталитет на македонскиот народ, катастрофална инфраструктура, висока невработеност, малку инвестиции, нема излез на море, неповолна геостратешка позиција (ве лажеа во школо дека била добра), итн. итн.
9. Западните држави не се наклонети кон национал-економските интереси на македонскиот народ, сметам дека воопшто кон славјанските народи.

Сума сумарум,

според мене, веќе е касно нешто да се стори, за да се стигнат другите кои галопираат на Балканот, а камоли во Европа. Од кај попрво да се почне....? , вреди да се проба, ама капацитет за жал се нема, т.е. тој е истоштен, потрошен и прокоцкан, а и времето не јаде... А од страна никој нема интерес да дојде и да не оправи, иако многу лесно може да го стори, бидејќи сме една шака јадници... Едноставно во светот владее неповолен баланс на светските сили во корист на Македонија.

(ПС. За една Западна Германија беше создаден после 2. светска војна од УСА еден така наречен Маршал-план, кој толку голема и многубројна нација, руинирана држава, ја помогна да денес израсне во економска, но и политичка сила. Но да не беа Германците, какви што се (туку како нас), џабе ќе им беше и Маршал планот.)
 
Член од
29 март 2007
Мислења
94
Поени од реакции
0
Ubavo e da si patriot. Losho e da si ultra-nacionalist. Nacionalistite vinagi se bili robi na politicki eksploatatori.

Makedoncite mora da mislite za vashiot prosperitet. Koga MK bide chlenka na EU, togas site gluposti na nacionalistite ke umrat i ke se razvivame bez problemi. MK e ubava drzhava, ima golem potencial za tourism i agriculture. No makedoncite se interesirat ot gluposti i sosedite si vmesto da razvivat turizmot i zemedelieto. Ova mora skoro da spre..
 
Член од
6 февруари 2005
Мислења
9.722
Поени од реакции
248
Кога веќе некој од вас ќе ми даде дефиниција за патриот, тогаш :

1. Ќе размислам ДАЛИ да бидам тој патриот којшто вие го дефинирате
2. Ќе кажам зошто јас СУМ патриот и кои се последиците на мојот патриотизам

Дотогаш ве оставам да си ги копате очите напразно.
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
rymz напиша:
Што ти е прашањето? Сите знаат дека преку туристичка агенција, со платен аранжман, со хотел, повратна карта ама баш секој ќе ти даде виза. Не гледам причина да ме болат рамениците со тоа што сум ја прифатил реалноста дека треба да го мрднам гзот и да работам за да имам за живеење.

Ако имаш нешто за прашање, бујрум ќе ти одговорам, иначе да веќе поставеното...Не, раменици не ме болат, и ДА, визи добивам...
Ne se luti bre odma...prasanjeto mi bese da ne ti onaka besprekoren , da ne si nekoj angel vo zemjata Makedonija????, a neznaes za toa..:):)!!!
Platen aranzman so hotel ??, povratna karta pa togas viza??.....verojatno i rengen snimka na zabite i diploma za zavrsen igraorski kurs....:):)
Nikoj ne spomnuva : dobra, azurna i precizna evidencija na gragjanite i licen dokument za toa, integralna kontrola na granicnite premini i kontrolirani nepropusni granici,readmisija, validno osiguruvanje od respektabilna osiguritelna kukja, kako i solventna kreditna karticka ............:prvoto veke 16 godini ne i odgovara na EU, vtoroto ne go saka edna gooolema grupa na "naselenieto", od tretoto vo takvi uslovi ja plasi sekoja MKD vlada, cetvrto i petto se raboti koi se podrazbiraat.....no stanuvaat nebitni vo celata papazjanija....

Vidi Macedalien: NEMA PRECIZNA DEFINICIJA !!
Toa vo osnova e sostojba na umot,...a za informacija: stom se prasuvas togas NE SI... taka da, spij mirno :):)!!!

eviltatar напиша:
Ubavo e da si patriot. Losho e da si ultra-nacionalist. Nacionalistite vinagi se bili robi na politicki eksploatatori.

................................................. No makedoncite se interesirat ot gluposti i sosedite si vmesto da razvivat turizmot i zemedelieto. Ova mora skoro da spre..
Ajde de !!! Da ne se zezas nesto ovde..............Makedoncite , pa Makedoncite...naokolu samo mirisni kitki rastat...a be totalno anacionalisticki :) !!! Milina edna Evropejska :):)!!!
 
Член од
17 јули 2006
Мислења
3.114
Поени од реакции
22
mRnO напиша:
Сигурно доста од вас некогаш сте си го поставиле прашањево,иако знам дека доста од оние што се праат македончиња у душа ке ме пцујат кога ке ја читаат темава.Не е тоа поентата ја сум горд што сум Македонец,ја ценам нацијава и минатото,но зборам за сегашноста.Што по ѓаволите направила и прави државава за мене за јас да ја сакам неа.Додека ги колнеме оние кои си ја бараат среката во странство,и студентите кои се пишуваат Бугари само за да успеат да се школуваат да си го поставиме ова прашање и да размислиме дали денес вреди да се сака државава...
:pos2: prasanje tipicno stereotipno:) bilo postavuvano ,i ponataka kese postavuva:)
 
Член од
6 февруари 2005
Мислења
9.722
Поени од реакции
248
concrete напиша:
Vidi Macedalien: NEMA PRECIZNA DEFINICIJA !!
Toa vo osnova e sostojba na umot,...a za informacija: stom se prasuvas togas NE SI... taka da, spij mirno :):)!!!
Hе знаев дека баба Ванѓа воскреснала на форумов... :pos2: :pos2:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom