Твое право дали веруваш или не. Кажи што од ова не е точно, ама со факти.
И јас очекував факти но добив приказна од сител.
Кога би тужел би знаел дека со тужба со извршител оди мин 1 година. Исто така кога би тужел би знаел дека ако правното лице кон кого водиш судска постапка нема средства (отворил нова фирма,префрлил се на неа, префрлил на браќа сестри роднини) извршителот нема од што да наплати туку те става на листа за наплата. Ако нема извор за наплата судските давачки, такси и извршител ќе си ги платиш ти иако си тужител.Значи за своите пари кој си ги вложил во бизнисот никој не ти гарантира во оваа држава. Наплатата ти е секогаш под знак прашалник. Побрзо оди со извршител да во право си, но теоретски. Нема метод кој ти гарантира наплата, секој може да отвори фирма да те закрпе и да замине. Нема судство, нема механизми. Чиста теорија во пракса магла.
Второ намалени даноци. Јас плаќам данок на добивка (овие две години бевме ослободени до душа), персонален данок и придонеси за вработените. Овие беа давачките порано. Сега придонесите се намалени за околу 1000 денари,значи годишно 12 000денари ме спасиле со намалувањето. Но за разлика од тоа плаќам 18 000 денари за изработка на елаборат за заштита при работа како фирма. Плаќам редовно радиодифузна такса од 130 денари месечно бидејќи е преку УЈП,а УЈП веднаш ми ја блокира сметката. Плаќам 2800 регистрација на влечно возило од кој 1500 евра одат за фонд за патишта на Р.М. Благодарение на патиштата редовно посетувам сервисер и купувам гуми која една чини 500 евра. Освен фонд за патишта плаќам и патарини од 170 денари (Петровец), 110 (Куманово) 270 денари (Велешка) итн. се разбира возам по писти.
Други давачки кој ми ги нареди државата е купување на против пожарна опрема во канцеларија која ме чинеше 3500 денари, а редовно ја сервисирам секоја година значи плус трошок. Освен во канцеларија државата ме задолжи да носам против пожарен апарат не еден туку два во самото возило по еден за влекач и едно за приколка. Кој исто така се сервисираат. Но ајде ќе речеш може да се запали робата па убаво што ми наредила да ги поставам.Да биде потрагично за таа роба во приколка плаќам ЦМР осигурање кое ме чини 1500евра годишно и каско осигурање на возилото. Значи државата ми ги дуплира давачките само со различни имиња. Додека сум кај давачките кој ми ги наметна државата со „намалување на даноците“ би ги споменала и лиценците кој ги плаќаме во министерство за транспорт и врски од 250 евра и дозволите 5 евра една, тука додени и провизии на банката. Значи ептен со новите измени ми ги намалија даноците, неможам да им се заблагодарам, особено со новиот закон кој го готват да им оставиме банкарска гаранција од 70 000евра. Ќе ги заборавев и лиценците на компјутеерите од годинава кој ме чинеа добри 500 евра.Лиценциран софтвер.
Ова е во мојот сектор, секој сектор си има свои давачки намалени нели

И казните секако се зголемени. Само што со новите „подобрувања на бизнис климата“ се казнува за се и сешто. Незнам од кај да почнам до каде да завршам дали само од мојот сектор или се на куп да ставам. Од цигари, до чистење снег, немање електронска пошта, до вересија,зошто дишеш итн.