Не ми се верува дека воопшто земав да одговарам на ова, ама ќе се обидам да се воздржам од саркастични коментари и да ти дадам рационален одговор:
Прво, без да навлегувам дали од кои причини си го пишал првиот болд, незнаење, предрасуди итн... Хомосексуалност може да преферира само хомосексуалец.
Хетеросексуалците можат да ја одобруваат, да не ја одобруваат, или да немаат мислење за хомосексуалноста. Одобрувањето/прифаќањето на хомосексуалноста не е својствено само за атеистите. Јас имам доста пријатели верници кои немаат против хомосексуалноста, и пријатели атеисти на кои им пречи.
Второ, дете може да се посвои (што може да е комплицирано заради законски регулативи претпоставувам, можеби и невозможно кај нас), а може да се искористи сурогат мајка (и ова мислам дека е незаконски кај нас, сеуште). Луѓето што така решиле да живеат, или такви се од раѓање, како год да е вистината, ги имаат овие опции на располагање, и ако ним им одговара, не гледам зошто ние би имале против.
Да резимирам: прашањето ти е за хомосексуалноста, не за атеизмот. Сеуште до крај имам проблеми да разберам прашање кое гласи: зошто сите луѓе се раѓаат, зошто некои не се делат??? Веројатно најдиректен одговор е дека законите на природата се исти за сите. Не е забележан закон со кој природата би детектирала кој е атеист... и сеуште не ми се верува дека одговарам на ова...
Се надевам дека е појасно. Навистина се надевам.