Религијата де факто станува се поизлитена и ирелевантна со секој изминат ден. Практичноста на нејзиното пропагирање
одамна е избледена пред експоненцијалниот наплив на репрезенти кои далеку поефикасно ја вршат нејзината работа.
Сепак, дали е крајно време целосно да биде искоренета, е прашање на
многу повеќе од лично мислење.
Училиштата и факултетите денес претставуваат усовршени и модернизирани установи за
просветителското дело кое порано црквите и манастирите
само делумно го имале овозможено.
Денес единствената "практична" цел на верските објекти е духовна, односно се користат
единствено како храмови на обожување, исповедалници и слично.
Од материјален, световен аспект, познато е дека црквите спроведуваат хуманитарни дејности
кои се од огромна помош за обичниот човек како финансирање изградба на болници, центри за деца без родители,
јавни кујни и слично.
Во овој контекст, честопати црквата ја зазема улогата како морален агент но и активен
помагач на ниската класа.
Во поглед на интелектуален развиток и општо сознание за фундаменталните принципи врз
кои се заснова функционирањето на универзумот,
религијата ни приложува навистина застарен и нерелијабилен метод за работа.
Начинот на кој религијата го информира човекот е евидентно некорисен
бидејќи ја нема ригидноста при сортирање и проценка на податоците кои ни се приложени
за разлика од научниот метод кој е создаден со токму таа цел.
Да биде ослободен од заблуди, заштитен од човечки емотивен фидбек, рационален и разумен.
Во продолжение на оваа проблематика, религијата навистина приложува решение
за најголемите човечки стравови, но тоа повторно се оние
неиздржани хипотези креаирани од архето на тој нерелијабилен метод.
Не постои објективна и цврста евиденција која оди во прилог на концептуализацијата на задгробниот живот
при било која религија.
Затоа и на сцена стапува поимот вера.
Во нашиот јазик, поимите faith и belief се нераскинливи, односно еквивалентирани. Тука станува збор за faith.
Како и многу други над мене, ќе повторам дека ова е можеби и најсилниот темел на религијата.
Стравот од бесот на Алах по смртта. Стравот од самата темнина по смртта.
Или што и да има по смртта. Самиот дефицит на информации за човекот претставува бескраен хорор.
Беше споменато контрола врз масите, и искрено освен доколку не зборуваме за радикален исламизам тогаш не се согласувам.
Точно е дека многу луѓе се водат по начелата на религијата на која и припаѓаат но сепак денес, при ваков абнормален
притисок од страна на конзумеризмот тешко дека нешто може толку добро и квалитетно да пере мозок како
добар маркетинг.
Луѓето ја надминаа слепата послушност према верските заедници и нивните објекти, префрлајќи се
во еден по-Хакслиев свет исполнет со материјална редундантност.
Презаситеноста на корпоративното владеење и те како функционира далеку поефикасно наспроти осиромашувањето кое го приредувало црковното.