Те разбирам целосно.Но,биди сигурен дека нешто што опстојало толку време има и зошто опстојало.Јас бев повеќе од четири години нихилист.И баш поради тоа,можам да кажам дека религијата не е утеха,ниту залажување на свеста.Така изгледа,затоа што е презентирана на неуки луѓе,за општата поулација да ја дефинира поинаку.Токму нештата кои не може човекот да си ги објасни укажуваат на тоа дека има Божја сила.Целта на религијата е достигнување на просветлување во рамките на човековите способности,што ретко кој ги знае поради безбројните ограничувања што ги наметнува општеството и ги модулира длабоко во потсвеста на најголемиот број од луѓето.Секогаш ќе постои некое Божјо сознание,за кое човекот нема да биде достоен.