Затоа, сметам дека МВР постапува незаконски во конкретната пракса која ја имаат во Струмица.
Фотографирав неколку такви примери по градот, и деновиве ќе напишам едно писменце до МВР за да побарам мислење од нив дали сметаат дека е тоа законски, согласно кој закон, и доколку не е по закон да престанат со таквата пракса.
Како граѓанин, секако имам право на тоа.
Браво
Ако сакаш можеме, фотографиите, писмото и нивниот одговор да ги пратиме во Стразбур.
Ти знаеш дека јас ги следам овие случувања не само кој нас туку и поширико, па ќе ти раскажам нешто бидејќи ова што се случува кај нас е „ увезено “ од Србија, најнапред во Хрватска па потоа и кај нас. Затоа јас ова го нарекувам „ југославише специјалитет “
Читав пред некое време, коментари во еден хрватски весник и еден читатетел раскажува како на некој странец во Загреб му ставиле лисици и раскажува како било.
И на тој коментар се јавува друг читател, исто Хрват, ама кој живее во Германија. И овој од Германија им вели, не кажувајте за ова, бидејќи ако разберат Германциве за ова никогаш нема да не примат....
Ама што да правиш... Иницијатива за ова и ( лисици и пајаци во Скопје ) до Уставен суд поднесов во мај 2011. Ама не го разледуваат...
За истава работа во Прилеп поднесов иницијатива... Уставниот суд одби да поведе постака Еве со кое образложение
Оспорените членови 27 и 31 од Одлуката, во себе не содржел казнување, според описот, како што предвидува Законот за безбедност на сообраќајот, од причина што можностите за блокирање на тркалата (блокатор на тркала) или преместување на возилото од паркиралиштето предвидени во оспорената Одлука, претставуваат мерки за оние корисници на јавните паркиралишта кои нема да се придржуваат до начинот и условите, јасно и прецизно утврдени од организаторот на паркирањето со цел овозможување непречено користење на јавните паркиралишта.
Тоа е Решение на Уставниот суд У. бр. 51/2011, објавено е и можеш да го погледаш на интернет страницата на Уставниот суд
Уставниот суд вели - тоа не биле казни туку „ мерки “. Искрено да ти кажам огорчен су на нив.
Во Скопје постои одлука на Советот на Градот според наместо одстранување со пајак е предвидено ставање лисици.
Ти се Правник...
За непрописно паркирање предвидени се парични казни.
За едно дело не може две казни и парична и лисици, не само кај нас туку, по ниту еден закон и во ниту една друга држава за едно дело, да се казнува двапати... губи смисол правото
Ама Уставен суд вели .... Што да речам.... Не знам како е во редовните судови, ти тоа го знаеш .... но од овие .... од нив ништо не може да се очекува