Зонско-револтирани граѓани (ваши искуства со Зонското паркирање)

Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Многу популарниот портал Шеталиште, воодушевено пишува за големите успеси на зонското во Прилеп
http://setaliste.com.mk/top-vesti/makedonija/се-регулира-зонското-паркирање-во-при/


„ На барање на граѓаните зонското паркирање во Прилеп функционира добро, а исто така тие се задоволни дека конечно се создава ред во секојдневниот сообраќај со што ќе се подигни сообраќајната и безбедносната култура. “

А и ќе поскапело:

„ Имено од следната недела ќе има промени на цените на паркинзите за кој што ќе биде најавено подетално. “

Прочитавте - зонско е воведено по барање на Прилепчани кои се задоволни и сега им се подига сообраќајната култураа, Затоа ќе поскапи - не е ефтина културата
Јас мислам дека им се подига „ косата на главата “, ама кој ги прашува
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Популарното Шеталиште извести дека зонското во Прилеп е 20 денари на саат и дека со тоа им е овозможено на граѓаните....„Со воведувањето на временската наплата ќе му се овозможи на граѓаните да ги искористат услугите на паркинзите во Прилеп. “
Да немаше зонско, кој знае кој ќе МУ овозможеше...?
http://setaliste.com.mk/top-vesti/makedonija/нови-цени-на-зонското-паркирање-во-при/
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Во Тетово се подготвуваат за зонско
http://lokalno.mk/во-тетово-се-воведува-зонско-паркирањ/

Во написот се вели:
„ Општина Тетово апелира граѓаните да бидат кооперативни и одговорни, придонесувајќи за што побрза реализација на овој проект, “

А ние апелираме - спротивно
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
За 30,8% зголемен бројот на паркинг места во 2014 година
http://www.build.mk/?p=44508

Ако имате време за губење - можете да прочитате каква математика користат зонашите
Немојте да се чудите. Да беа тие паметни не ќе беа зонаши
 
Член од
15 јануари 2014
Мислења
2.706
Поени од реакции
1.619
За 30,8% зголемен бројот на паркинг места во 2014 година
http://www.build.mk/?p=44508

Ако имате време за губење - можете да прочитате каква математика користат зонашите
Немојте да се чудите. Да беа тие паметни не ќе беа зонаши
дај организирај да поставиме шатори пред некој паркинг со зонско паркирање,не иде веќе вака !
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
Поскап паркинг во Охрид од Јуни.
http://ohrigani.com/poskap-parking-za-turistite-ohrid-gi-zgolemuva-tsenite-na-parking/

-Основна цел на покачување на цената за паркирање во централното градско подрачје во летниот период од годината е регулирање на сообраќајот. Во овој контекст ЈП „Билјанини извори“ сигурно дека спроведува финансиска стратегија која што ќе резултира со зголемување на приходите во летните месеци од годината. Според договорот за исплата на ратите од заостанатиот и наследен долг по основ на електрична енергија, ЈП „Билјанини извори“ во тие три месеци од годината: јуни, јули и август, плаќа рати чија висина е многу поголема во однос на останатите месеци од годината. Од тие причини ние сме сигурни дека тоа покачување на цената за паркирање возила во лето во центарот на Охрид ќе вроди со зголемување на приходите на претпријатието и тоа најмалку за 30 отсто во месец јуни и од 50 до 100 отсто во месеците јули и август, во зависност од бројот на туристи кои ќе престојуваат на охридската ривиера, рече градоначалникот Бакрачески.

Не се сигурни која е целта, регулирање на сообраќајот или ратите за струја да ги покриваме во лето? Ама сигурно е за наше добро...
Во зависност од бројот на туристи...ако продолжите со вакви генијални реформи е дури тогаш ќе имат туристи.
На друга страна прочитав мерката е со намера за намалување на сообраќајниот хаос во летниот период :tapp:

Исто како и лани.http://www.ohridtimes.mk/ohrid/vo-ohrid-poskap-parking-bez-odluka-na-sovetot

Секое лето по 10 денари.Не е проблем, се надевам и платите ќе ги распределат според овие промени


Мала рекапитулација:
Бакрачески ќе гради катни гаражи во Охрид
МАКЕДОНИЈА | 15.03.2013 15:56

– Најодговорно ја преземам одговорноста за овие непочнати и незавршени проекти. Еден од нив е секако изградба на катна гаража. Ви ветувам на сите овде и на охриѓани дека на ова место ќе никне една современа катна гаража – вети Бакрачески.
.
http://sitel.com.mk/bakracheski-najavi-izgradba-na-sovremena-katna-garazha-kaj-gradskiot-pazar-vo-ohrid

11.07.2013
http://www.sky.mk/republika/21003-bakracheski-najavi-zatvoren-bazen-i-katna-garazha-vo-ohrid


Поштовам луѓе од збор како градоначалников.После прекинување на договорот за паркинзи од старата гарда, најавија бесплатен паркинг.Добивме проширена паркинг зона до Билјанини Извори.Следно беше проширена и надградена - ценовно.
 
Последно уредено:
Член од
5 август 2008
Мислења
6.012
Поени од реакции
5.333
денес зонсково паркирање е бесплатно така ?
 

Silvio

Strength And Honor
Член од
21 јануари 2009
Мислења
311
Поени од реакции
167
Само кај нас може да се дрви како Скопје нема места за паркирање и за тоа се прават катни гаражи (барокни и тоа!!!) за да се реши проблемот и на крај ги креваат цените на паркингот низ градот....
Која е логиката што го поскапеа паркингот спроти Хопидеј Ин за да се усогласи со цената на паркингот на новата катна гаража спроти него?!?! Зашто не ја усогласиле цената за паркирање во новата гаража со стариот постоечки паркинг па да се поттикнат луѓето да се паркираат и таму.

Во Охрид го тапеше овој како ќе правел катни гаражи, како минатиот градоначалник крадел со паркинзите, и сеа пред сезона оп ќе поскапел паркингот, да се зголемеле приходите на градот. Колку расходи имаат они за водење на паркинг мене ме интересира..
Нацртани линии на улица (што веќе и не се гледаат) и 10 души да наплаќаат паркинг, ич пари не ги кошта и малце им било 30 денари саат.
Толку да не ги бива за привлекување на туристи тоа едно чудо. За инат би идел у Грција.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Додека вниманието на граѓаните е свртено кон политиката зонишите засилено „ стопанисуваат и поштено заработуваат “. Тие знаат дека и кој да дојде на власт за нив „ леб ќе има ’
Според Вечер пајаците дигнале 68 возила
http://vecer.mk/skopska/osumnaeset-soobrakjajki-za-samo-eden-den
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Во Штип 2000 граѓани потпишале петиција да се укине зонско

Арно ама локалната „ независна и објективна телевизија “ веднаш, кон оваа вест, донесува анкета во која се сликани Штипјани кој се одушевени од зонско. Плус кон оваа „ независната и објективна телевизија “ известува дека со парите од зонско се поправале улиците.
Погледајте и насмејте се:
http://kanalplus.mk/заврши-петицијата-за-укинување-на-нап/
 

Kajgana Shop

На врв Bottom