Предупредување!
Во Населба Пролет ( позади Олимпискиот базен ), општинските зонаши поставуваат табли за зонско.
Денес поминав и ги видив дека и денес иако е недела и две недели пред локалните избори „ вредно “ поставуваат табли за зонско
Со оваа се губи уште едно место каде граѓаните можеа безпари да паркираат
Инаку на интернет страницата на општинските лешинари најдов каква е улогата на сегашниот градоначалник околу ова. Ќе ни ја „ подигаат свеста “. Очигледно тие не сметаат за стока
......
Ќе се подигнува јавната свест за паркирање во центар
Во општина Центар ќе се подигне јавната свест за правилно паркирање на јавните пракинзи во општината заради подобрување на мобилноста на сообраќајот и зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот, а особено пешаците, велосипедистите, мотоциклистите и останатите корисници на пешачките патеки.
Градоначалникот на општина Центар Владимир Тодоровиќ, претседателот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата Никола Ангеловски и Маргарита Бакев, директор на ЈП за јавни паркиралишта- „Паркинзи“ на општина Центар, денеска потпишаа Меморандум за воспоставување на заеднички проект за подигнување на јавната свест за правилно паркирање на јавните паркинзи во интерес на безбедноста на учесниците во сообраќајот.
Во рамки на проектот ќе се емитуваат видео спотови, јавни пораки и флаери со кои граѓаните ќе се упатуваат на користење на регуларните места за паркирање. Проектот треба да се реализира во 2013 година, во траење од една година.
Ангеловски истакна дека сообраќајот во централното градско подрачје е најфрекфентен, тротоарите и зелените површини треба да им бидат оставени на пешаците, а возилата да се паркираат прописно.
http://www.poc.com.mk/