Најчесто кај окултизмот НЕ е синоним на змијата од стариот завет, асоцирајќи ја "светлината" и НЕ Е интелектот кој Луцифер им ја дава на луѓето!
Ова ќе морам да го повторувам милион пати. Иако ќе биде бескорисно.
Lucifer во окултизмот НЕ Е од римско потекло, не е ниту од грчко и нивните мистерии. Води потекло од сосема друг правец. Именката(дали е именка е дискутабилно) Луцифер означува нешто, а не на Бог, посебно пак не на Змијата од Стариот Завет. Змијата од Стариот Завет крие други тајни.
Сето тоа е замачкано и додадено(искривено) за време на 1000 годишниот мрак на христијанството, а претходно од Рим и неговата алчност и извештаченост.
Затоа и велам дека преводите не вредат ништо. Оригинали, се има нешто зачувано, но она што денес се цитира и се коментира е од IV век преводи. Така да, ако сакаш да допреш до окултното значење на овој твој Луцифер, паметно е да го бараш во други филзофски и мистични школи.
Дали значи Венера овој збор הֵילֵל, или нешто друго, нема да го дискутирам. Дека Утринска Ѕвезда се однесува на Венера, тоа да, а што значи и како се употребува тој симбол и кога, е тоа е вистинското прашање кое неиницираните го велат окултно. На нет има за ова томови. Но кажавме, книгите се лушпи. Без клуч, ќе се добие сосема нешто трето, повеќе да збуни, отколку да просветли.
Кажав, за некои е Утринска, но на другиот крај на светот е друго...
Ако гледаш според римската или грчката митологија, Луцифер е секогаш Втор
И ќе биде втор засекогаш...
И никако како Втор не може да го замени Првиот и Последниот
П.С. И да, нема врска Луцифер со Сатаната од Библијата. И да не мислиш Луцифер, Син на Аурора, што сепак значи Зора?