Не знаеме.
Ретки се оние кои знаат.
Ќе тргнам од најраната возраст. Родителите се повеќе и повеќе ги воспитуваат сопствените деца според некој замислен начин, кој гласи "пружи му на детето колку што е можно поголема слобода за потоа да не биде како излезено од кафез" што е погрешно. Уште во петто одделение сите имаат неограничен излез, секој прави што сака. Ако на дете на кое цел живот се му било пружено, не било запознаето со реалноста и не видело дека животот е суров, доколку му дадеш толкава слобода, при самото излегување на улица ќе направи глупост. Ќе мисли дека се е исто како што било дома, и ќе се направи некаква беља.
Проблемот во нашето општество е што сите деца прерано растат и во седмо одделение веќе излегуваат, пијат алкохол, се однесуваат како возрасни, не се враќаат дома со денови, мувањето одамна е досадно па преминуваат на секс, а домашните мислат дека така треба па не покажуваат никаков интерес кога е во прашање нивното дете.
Работите за кратко време стануваат досадни. Од моја гледна точка, не познавам некој од моето друштво што не пие алкохол. Ретки се оние кои не се пијанчат секој викенд. Не познавам ниту таков кој нема пробано марихуана. Се повеќе и повеќе се губи невиност. И нас не сметаат за заостанати во споредба со помладите генерации.
Еден ден сето тоа станува досадно. Алкохолот останува во конзумација, марихуаната е заменета со разни срања, луѓето уживаат да си го уништуваат животот мислејќи дека сето тоа е океј. И еден ден и врвот на пороци станува досаден па немајќи што да прават на 20 стапуваат во брак, и одма раѓаат деца, за по неколку години да им дојде паметот и да сфатат дека им е рано и животот е пред нив и се разведуваат, па на 25 се понашаат како пубертетлии.
Нема еден или два вакви случаи. Ретки се оние кои не завршуваат вака. Наместо се да иде постепено, се се случува нагло и доаѓа еден ден кога се станува досадно. Затоа гледам, лично за себеси, да не бидам она што не сум и да се однесувам зависно од возраста. Има време за искачања по клубови, штикли, шминка, секс, алкохол.