И по неколку дена конечно успеав да седнам на PC и да ги пренесем впечатоците од штотуку заврешената Олимпијада која иако понуди извонредни натпревари ќе остане запаметена како една од најцрните.
Канада успеа. Баш ми е драго што ги победија САД. Иако на стартот од напреварувањето започнаа слабо, по победата над Русија како да добија крила и од тогаш па се до крајот беа најдобрата репрезентација.
Во глобала беа остварени очекуваните резултати. Сепак разочаран сум од резултатите на Русија и Австија. Овие две репрезентации кои од секогаш биле велесили, на оваа Олимпијада се прикажаа во бледи изданија. Впрочем и Медведев побарал од одговорните за дебаклот на Русија да си поднесат оставка.
Секако имаше и пријатни изненадувања без кои не може да мине вакво натпреварување. Тука би ги напоменал Тина Мазе која и донесе две сребра на Словенија, потоа германката Викторија Ребенсбург и ред други кои ќе треба да потврдат дека овие резултати не се случајни.
Се на се, беше интересно да се следат најдобрите спортисти во зимските спортови на денешницата. Да се надеваме дека на наредните игри во Сочи и некој наш натпреварувач ќе има позначајна улога иако во моментов е тешко да се поверува во тоа.