Репрезентацијата на Шведска го освои олимпиското злато во скијачко трчање во штафетата 4 пати по 10 километри класичен и слободен стил. Тоа е првото олимписко злато за Шведска после 22 години.
Daniel Richardsson, Johan Olsson, Anders Soedergren и Marcus Hellner славеа со 15.9 секунди пред норвежаните
Јohnsruda Sundbyja, Odd-Bjoerna Hjelmeseta, Larsa Bergera и Pettera Northuga. Швеѓаните после првата измена беа трети, но Олсон потоа го превзема водството кое Шведска понатаму не го испушти.
Бронзата ја освоија чесите
Martin Jaks, Lukas Bauer, Jiri Magal и Martin Koukal кои зад швеѓаните заостанаа 16.5 секунди. Тоа за чесите е прв златен медал во штафетите на ЗОИ.
Многу возбудување имаше синоќа и на натпреварите од хокеарскиот турнир. Во четвртфиналното дерби, домаќинот
Канада го надигра фаворитот Русија со 7:3 (4:1, 3:2, 0:0) и сега дефинитивно е најголем фаворит за титулата.
Вистинска сензација направи репрезентацијата на
Словачка која го совлада бранителот на титулата, Шведска, и за пласман во финалето ќе игра против домаќинот Канада.
Вториот полуфинален пар го сочинуваат
САД и Финска. Американците се намачија со швајцарците и славеа со 2:0 (0:0, 0:0, 2:0), додека Финска беше поуспешна од репрезентацијата на Чешка исто така со 2:0 (0:0, 0:0, 2:0).
РЕЗУЛТАТИ:
САД - Швајцарија 2:0 (0:0, 0:0, 2:0)
Русија - Канада 3:7 (1:4, 2:3, 0:0)
Финска - Чешка 2:0 (0:0, 0:0, 2:0)
Шведска - Словачка 3:4 (0:0, 2:3, 1:1)
Полуфинални двојки
Канада - Словачка
Финска - САД