Зимски олимписки игри - Ванкувер 2010

  • Креатор на темата Креатор на темата Plux
  • Време на започнување Време на започнување
Ванкувер мириса на марихуана

Без разлика што поседувањето марихуана во Канада е незаконско, во Ванкувер е дозволено да вирее канабис културата сè додека не предизвикува проблеми

ВАНКУВЕР, БРИТАНСКА КОЛУМБИЈА, 25 февруари (АП) - Околу полноќ прошетајте се во центарот и длабоко земете воздух, но немојте предлабоко, и ќе ја искусите неофицијалната арома на Олимписките игри во Ванкувер. А тоа не е јаворов сируп.
"Знам дека градските локални дилери никогаш немале повеќе работа", вели Марк Емери, самопрогласениот градски "Крал на марихуаната" и лидер на Партијата на марихуаната во Британска Колумбија. Ванкувер е делот од Канада наклонет на марихуаната и не можете да го промашите. Само на улица "Хејстингс" има неколку продавници во кои се продава семе за марихуана, а третиот кат од Штабот за канабис култура на Емери е вистинско дувло на пушачи на марихуана.
"Таму горе сите пушат марихуана, уживаат во тоа", вели Емери. "Горе е штабот на партијата, буквално, а излегува дека јас сум лидерот на партијата".
За време на интервјуто за "Асошиејтед прес" Емери си го извади бонгот, полн со како што рече тој "домашната трева", чкрапна со запалката и тргна. Седеше во задниот дел на првиот кат на неговата продавница, каде муштериите внимателно го разгледуваат широкиот избор на бонгови, лулиња и списанија за марихуана, маици, видеа и игри. Без разлика што поседувањето марихуана во Канада е незаконско, во Ванкувер е дозволено да вирее канабис културата сè додека не предизвикува проблеми.
"Ванкувер е толерантна област", вели Емери. "Поточно, луѓето се многу толерантни".
Навистина, иако полицијата во Ванкувер како и Интегрираната единица за безбедност за Олимписките игри презедоа чекори за контрола на пиењето алкохол на отворено по градските улици, што подразбираше и порано затварање на продавниците за алкохол, марихуаната не беше приоритетна тема на нивниот список за време на Олимписките игри. Ако некој биде забележан на хокеарски натпревар со мала доза со него, нема да биде уапсен.
"Ако се работи за значително количество, ќе реагираме", вели полицаецот Крег Даглас, портпарол на Интегрираната единица за безбедност. "Меѓутоа, кој би носел поголемо количество на трибините?".
Кога водителот на телевизиското шоу Стивен Колберт пристигна со неговата емисија на Олимписките игри минатата недела, го праша хокеарскиот херој од 1980 година Мајк Еруционе колку пати му понудиле марихуана откако е дојден во Британска Колумбија.
"Два пати", одговара Еруционе. "Синоќа и утрово кога се разбудив".
Соседен Вислер каде се одржуваат поголемиот број од натпреварите во скијање, се прослави по марихуанската култура во 1998 година, кога миленикот Рос Ребалјати доби позитиви резултати на испитувањето за присуство на марихуана во крвта на олимписките игри во Нагано и му го одзедоа златниот медал во сноубординг. Подоцна медалот му беше вратен, откако докажа дека бил на кратко изложен на чад од марихуана на домашна забава. Кога штафетата со факелот помина низ Ванкувер на денот на отварањето на Игрите, луѓето се наведнуваа низ прозорците од третиот кат на продавницата на Емери и го поздравуваа кревањето на канадското знаме со лист од марихуана на средината, наместо јаворов лист.

37844E4F85F4AB499CEAC161D48ABC31.jpg
 
USA zlatna vo zenski hockey,vecerva ke ja tepaat i mazite na Finland.
Инаку после хокејов интересно ќе биде и во женскиот слалом.Прва вожња 19,втора 22.30 ч.
 
Нема шанси Словачка да ја добие Канада. Мислам дека ќе земат две злата, жениве се многу блиску до победа со САД моментално 2:0.

Jas mislev deka nema sansi Kanada da zagubi od USA ili Slovack da ja pobedi Svedska, ama....se e mozno!
Interesno bi bilo vo sekoj slucaj.
 
Riesch прва, сестра и не доврши...Браво и за таа австријката...од 22ра заврши во први 10...И Мазе исто:pipi:
 
Хокеаркиве ќе ги казнат зошто пиеле пиво на прославата а две од тимот имале 18 години :D
 
Вечер Канада у колку саато игре...?
 
Аууууу која глупост ја направи капитенкава на Канада во карлинг. Од готово вересија си направи:nesvest:Прска утакмицава влегоа у екстра 11 енд.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom