Зимска опрема

ragazza

Adorable
Член од
3 јуни 2005
Мислења
2.870
Поени од реакции
29
Uff mrazam stud mnogu sum zimorliva ama pa zato vo zima izgledam ko snesko sal obavezno i narakvici mislam nosam od okt do mart .
A za suknite kolku ste smesni so vrska ima dali e sukna ili pantolon ? Sukna , visoki cizmi isto toplat kakoi pantaloni ....( i ne zboram za sukna od 7 cm dolzina sega :))
 

ThA-BiTcH

~*~Blonde Bitch With a Brain~*~
Член од
23 септември 2005
Мислења
4.338
Поени од реакции
61






Си се облакам најнормално и во зима, капи не носам, шалче ретко ако е ептен ладно,пошо ме гуши и не можам да носам и да сакам, ракавици носам пошо ако пушам цигара у двор ќе ми смрзнат рацете, а и општо си носам уствари за да не ми се исушат и испукаат на ладново, чизмички обавезно носам, јакничка некоја подебела, и блузички обични како на сликата погоре. Џемпери носам ретко затоа што не можам да го поднесам материјалот... Секогаш носам боди затоа што блузичките не се некои до колена, па вака кичмата не ми е гола...:wink:
 

Yugo

Law rules
Член од
12 декември 2005
Мислења
8.251
Поени од реакции
28
Zimska oprema e ok.Ama za toa ne e za mene.
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Zimska oprema, za malku posle postov na Bobo ke pocnev da pisuvam za lanci za sneg, lopata, velence...
No, sepak, se sepnav. Inaku, bez soodvetno obleklo za polarni uslovi ne izleguvam nikade, osobeno sega, koga kamen puka od ladno ovde kaj mene vo zabitov planinski.
 

ThA-BiTcH

~*~Blonde Bitch With a Brain~*~
Член од
23 септември 2005
Мислења
4.338
Поени од реакции
61
Зимска Мода

Капи, ракавици и шалови
Ефикасен штит од студот

Редно е да ги извадите вашите топли шалчиња, ракавици и капи и да се маскирате, секако со стил или, ако сакате, со вкус. Ако ги употребите вака, тогаш веројатно ќе постигнете двоен ефект. Ќе се стоплите и ќе имате убава рамка за вашиот лик






Ниските температури го "активираат" задолжителниот комплет за затоплување - капа, шал и ракавици. Време е да побарате нешто меко, нежно и бушаво. Плетените работи се во тренд годинава, па затоа може да си побарате некој плетен сет од ангора во розова, сина и зелена боја. Мултиколоритните шари исто така се актуелни, па така може да ви дојдат како весел моден додаток во еднобојниот стајлинг. Старите класични плетки се на висока цена сезонава. Дизајнерите ангажирале ефикасна плетачка машинерија за да го постигнат ефектот на класична плетка и може да се видат најразлични "кончести" креации од долги висечки шалови, необични капи и ракавици, фустани и мантили. Топлата елеганција што ја носат овие ткаени креации ни донесуваат нова енергија и враќање кон природата во изгледот. Ваше е да се одлучите како да ги носите тие парчиња а да ја избегнете нивната вообичаена употреба, како топлинки и "штитници" од налетот на студот. За да го постигнете тоа, може да си одберете интересен начин на кој ќе го носите шалот, да ја погодите бојата или, пак, да го украсите со некој впечатлив брош. Ова последново може да биде многу забележливо и да внесе жичка на софистицираност во вашата целокупна појава. Може да вкрстите две бои што се компатибилни, да ги испреплетете и да ги поврзете со некоја сатенска лента или голема украсна школка. Обидете се со сино-виолетова, кафеаво-портокалова, зелено-розова или црно-бела комбинација со соодветна капа и ракавици. Во богатата понуда имате модели со извезени цветови, овошни плодови, разни апликации и микс од различни плетки. Широките волнени марами се уште една добра и топла алтернатива. Извезени со многу ситни мониста, парички, свила, реси и бисери, тие може да ви ја обезбедат бараната елеганција и драматичност и да направат да се чувствувате многу раскошно и моќно. Ваквото вкрстување на неопходните зимски модни додатоци може да биде многу моќно и да покаже дека не сте лаици во начинот на кој ги комбинирате нештата и дека ги следите доминантните трендови.



КОЖЕНИ РАКАВИЦИ

Кожените ракавици се дел од комплетот што мора да го имате оваа сезона, иако мора да се спомене дека тие влегуваат во листата на нешта со вонвременска употреба. Во сите бои и дизајни, со прсти или без прсти, "моторџиски" варијанти и вообичаени дамски примероци. Ваквиот секогаш впечатлив моден додаток може да го носите со некое ретро-јакниче или елегантен капут за малку позагадочен изглед. Ако пак навистина сакате да се стоплите, побарајте ракавици од овча кожа и крзно, што одговараат на моментниот тренд на земјени бои - кафена, црна и беж. Најдете модел што ќе биде вреден и функционален барем за во неколку пригоди и ќе ви траат подолго. Ако сте расположени да прифатите мали препораки, тогаш нашата сугестија би била да изберете ракавици во окер-жолта, темнозелена и сина, розова или бордо боја, со дискретни додатоци и карирана постава, плишени долги ракавици за вечерна тоалета, или ракавици од кашмир. Кожените ракавици може да се поврзат и со тренди крзното или, пак, со панделки и отвори. Во колоритот гледајте да одберете контрастни комбинации за да го привлечете вниманието додека гестикулирате.



ГОДИНА НА ШУБАРИТЕ

Пекарските капи и баретките повторно се искачија на врвот на тренди листата. Кожени, платнени, волнени или направени од твид или, пак, ткаени според древната традиција на народите од Јужна Америка и италијанската семејна препознатливост на брендот Мисони. Цикцак-плетки, модели во шарени дезени, леопардски и разни други мачкесто дизајнирани текстури, карирано платно и капи од плиш, кадифе, антилоп.

Манијата за шапки исто така нема да престане никогаш, па и таму може да си најдете соодветна зимска варијанта со свилена лента, украсен брош, кожени додатоци. Крзнените капи, т.н. руски шубари се полн погодок за зимскиот стајлинг. Кафено, црно и бело, по можност вештачко крзно, може да биде украс за вашата глава, а истото може да се примени и за некаква си крзнена грива, но никако во вид на лисица, верверичка или некое друго животинче со скапоцено крзно.

Црвените, сивите и кремави баретки се совршен начин да го уловите парискиот моден момент и софистицираниот шик за кој зборуваат сите, а за секојдневните активности може да си купите некое не толку обично плетено капче со хоризонтални и вертикални линии или, пак, некое симпатично капче со пуфка или со крзнено топче на врвот.



МАЖИТЕ И МОДНИТЕ ДОДАТОЦИ

Да не ги заборавиме и мажите, зашто и ним им треба соодветна тренди заштита од студот. Кај нив може да се примени истата филозофија во облекувањето. Разликата што е уочлива во оваа сезона е што мажите ги носат шаловите, капите и ракавиците како што треба. Завиткани како да доаѓаат од Сибир, со топли капи, долги плетени шалови, платнени марами и плата со крзнени јаки и, секако, топлинки за рацете. Тоа што преовладува се класичните бејзбол-капчиња направени од потопли материјали како кадифе, плиш и карирано платно,топли пекарски капчиња и авијатичарски модели. Крзнените капи се дел од имиџот на мажите што се скоцкани од глава до пети, а туку може да се вбројат и моделите од кашмир и твид. Плетените капчиња, шалови и капи во сина, зелена, сива, црвена и во црна боја.Оние малку поекстравагантните може да си носат шапка со афро-принтови како леопардски и зебра-шари.
 

Emma

Supergirl.
Член од
7 јуни 2006
Мислења
3.045
Поени од реакции
157
Шал од мода, ракавици пошто не поднесувам кожа оштетена од студ, а капа за да не ми рикнат синусите. На планина само трака. Капа ми смета на цвикерите.

Од остало, џемпери обожавам. Кошула + џемпер комбинација мислам во болест дека ми преоѓа. И зашо па да не би носела сукњи? Све си носам. :pipi:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom