Земјоделството во Македонија

Член од
3 јуни 2022
Мислења
1.098
Поени од реакции
2.762
Super, ako si siguren deka e taka. Ete ti biznis idea... Prodavaj grozje vo toa sosedstvo. Cena na transport bi ti bila +/- okulu 2 denara po kgr... Ako e stvarno taka, (vikas 15 den razlika vo cena) ke se napunis pari
Prvo kvarliva roba e, vtoro ti treba poseriozna suma na pari firma licenca i sl ne e ova bucni pracka pij vino. Poentata mi bese kako na proizvoditelite tamu im se isplakja da platat takva realna cena, a nasive lopovi dzabe sakaat da go zemat

@Imtechiquemk Не 10ден за јаболка! По 10 да ти плаќаат и да не ги зимаш!
Тоа што го продаваат кај нас, е истото тоа што секоја нормална земја им го враќа назад уште од граница!
10 пати прскани со пестициди == боен отров!
Па завршуваат на нашите трпези…

Исто и со грозјето!

Се додека не се спроведе правилна фито-санитарна контрола..
Или бери си од твое, или купуј од некој дедо на пазар за кој сигурно знаеш дека не ги прска, или барем не ги прска кога ќе влезат во род!

Не е се во цените кога сите се удрени на квантитет место квалитет!
Definiraj normalna, kaj nas ako jabolkata se prskaat 12 pati a grozjeto 4 pati vo sezona toa vo Italija i Slovenija e puta 2x povekje pati poradi vrnezlivata klima. Ova ti go kazuvam od licno iskustvo ne od rekla kazala, preparatite i tamu i tuka se isti dozvoleni vo ramki na eu
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.882
Поени од реакции
80.495

Јас пак, од прилично доверливи извори знам дека прскањето кај нас и во Италија или Словенија е неспоредливо. Таму има многу помалку прскање отколку тука. Таму прскањето е строго регулирано, со дати и количини. Тука не.
 
I samite Slovenski profesori kazuvaat drugo, ama ok poznati sme kako narod sto svoeto go potcenuva a drugoto kreva vo nebo. Zatoa nikogas nema da ne bide

Но, она што сакам да го истакнам е дека во Македонија се произведува речиси органско грозје и вино. Тоа се должи на многу малата употреба на заштитни средства, што пак е овозможено од поволните климатски услови. За споредба, во Македонија грозјето се прска најмногу 4-5 пати годишно, за разлика од Словенија, од каде што доаѓам, каде што лозовите насади се прскаат и 10-15 пати годишно. Ова е многу значајна квалитативна и конкурентска предност на македонските вина, која сметам дека треба дополнително да ја искористите за уште поголем пробив на македонското вино во
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.882
Поени од реакции
80.495
На јаболката мислев првенствено.
 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.545
Поени од реакции
5.775
Prvo kvarliva roba e, vtoro ti treba poseriozna suma na pari firma licenca i sl ne e ova bucni pracka pij vino...
Da, taka e... Nie sme poznati deka sekogas imame pricina zasto nesto ne moze da napravime...
Ama isto sekogas znaeme deka ako ni dadat poveke pari, ke ni resat problem...
 
Член од
14 август 2018
Мислења
4.628
Поени од реакции
10.299

I samite Slovenski profesori kazuvaat drugo, ama ok poznati sme kako narod sto svoeto go potcenuva a drugoto kreva vo nebo. Zatoa nikogas nema da ne bide

Но, она што сакам да го истакнам е дека во Македонија се произведува речиси органско грозје и вино. Тоа се должи на многу малата употреба на заштитни средства, што пак е овозможено од поволните климатски услови. За споредба, во Македонија грозјето се прска најмногу 4-5 пати годишно, за разлика од Словенија, од каде што доаѓам, каде што лозовите насади се прскаат и 10-15 пати годишно. Ова е многу значајна квалитативна и конкурентска предност на македонските вина, која сметам дека треба дополнително да ја искористите за уште поголем пробив на македонското вино во
Друже, да бидам искрен, не знам како е во Словенија или Италија, ама знам како е тука!
Во род пред зреење се прска и грозје и јаболка, а често и во зреење!

На Запад бар имаш дати, контроли, инспекции..

А вакви “професори” за да удрат три дена семинар и дневници тука, ќе кажат што сакаш!
Утре тие истите први ќе бидат што ќе не блокираат таму ради прекумерна употреба на пестициди!

П.С. јас можда ненамерно ја одведов темава во друг правец, ама ако не можеме квантитативно да се бориме со европа, тогаш зошто да не одиме квалитативно!
Главна мантра денеска ти е здрава храна и органско производство.
 
Член од
3 јуни 2022
Мислења
1.098
Поени од реакции
2.762
На јаболката мислев првенствено.
Klimata e ista i za grozjeto i za jabolkata

Da, taka e... Nie sme poznati deka sekogas imame pricina zasto nesto ne moze da napravime...
Ama isto sekogas znaeme deka ako ni dadat poveke pari, ke ni resat problem...
Ne se potrebni pari i znaenje, potrebno e da si go potcenis svoeto taka ke se izdvois od masata i ke pokazes kako si napreden eu graganin

Od toa potcenuvanje na svoeto dojdovme vo situacija da jademe Holandski hibrid kromid od 1 evro, naklukan so eden ton hemija (vestacko gjubrivo) da bide golem ubav. Pritoa nivite nivni bez trevka (ubieni od herbicidi) dodeka nasiot sto zemjodelcite go kopaa racno i skoro bese organski vekje go nema.. oti im nudea po 5 denari za otkup
 
Последно уредено:

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.502
Поени од реакции
7.832
Имате сосема погрешни представи за квалитет.

Западот не смета за квалитет вкус, шеќерност туку долг рок на траење кој ќе му овозможи на трговецот подолго време истиот тој продукт да го продаде.

Еве ако земеме винско грозје таму пазарот им е строго планиран и регулиран во ЕУ кое и што може да се флашира и тука нема место за аутсајдери па ако сакаат и најдобар квалитет нека имаат.

Олигарсите се тие што контролираат цена кај нас, така да владата не прави ништо.

Ќе осетат и тие на своја кожа кај и да е кога ќе останат без кооперанти.
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
6.181
Поени од реакции
5.353
Македонија нема земјоделство бидејќи никој од младиве не сака да работи.

Сегашниве млади спијат до 11.00 часот, а потоа одмараат од спиењето. После одмарањето од спиењето жулат со показалецот на ајфонот или пак евентуално штракаат на тастатурата на лаптопот...

Порано немало напредна земјоделска механизација, орале со волој, ама сепак земјоделството било доста поразвиено од денес...

Работеле на нивите од прво до трето колено... И тоа комплет сите заедно. Башка и што одгледувале стока: гојда, свињи, овци, кози, петли, кокошки...

А сега да му речиш на детето свое за да работи по нива ќе ти одговори: „Ти будала си или ненормален“...
Описот: Комунист у комбо со муабетот: МлАдИтЕ ДеНеС нЕќАт Да РаБоТаТ буквално те дисквалифицира од било каков муабет натаму.

Ако младите денес неќат да работат како преживува државата пра-дедо ми умрен пред 40 години сигурно не придонесува.

Еве пошто изгледа си левичар барем така се декларираш по описот, да те прашам што има направено државата за младите да ги стимулира да работат?
3000 евра да отвориш фирма? Па нов трактор е 20 000, и тоа од тие помалите. Камионче за транспорт на роба ти е исто над 20 000 ВТОРА РАКА.
Со тие 3000 евра едвај ѓубриво ќе покриеш за поголема површина а државата ти дава 100тина евра по хектар и нешто нафта на реверс или не знам како функционираше точно. Се на се земено смешки беа "стимулсите" а сеа читам ќе ги крателе, левичарска влада крати субвенции. Купи ми мајко топ е работава.

Земјоделството никад не било поразвиено, туку само позастапено. И тоа било затоа што немало друго. Буквално било или ори копај прави нешто или умри од глад, ако не си некој трговец.

Нормално е детето твое да неќе да работи земјоделие кога во државава можам на две раце да набројам фирми кои работат земјоделство, соодветно и професионално. Инвестирај у нова опрема, силоси, хладњаци иди по саеми во странство праи пари ќе те прашам дали детето нема да сака да работи.

А да не почнам да зборам за кредити од банки. Скоро ид а е невозможно да се земат на опипливи суми со кои што можеш нешто сериозно да работиш, блокови земја големи нема, а и тие што ги има више се поделени по партиска линија ради истите субвенции а се дават на трети лица да се работат.
 
argenthessis

Highflyer
Член од
9 јуни 2011
Мислења
1.595
Поени од реакции
2.101
Има и до тоа што сега се границите се отворени и може многу полесно да се увезува се. Пред 30 години не се увезувало толку па грозјето какво такво морало да се откупи, исто и домати и кромид и сл.

Е сега се увезува, а да не се залажуваме македонското земјоделие не може да конкурира за цена па и квалитет со тоа на Италија, Холандија, сл. едноставно многу помодерно земјоделие имаат, помодерни машини, помодерни мерки, па и поплодна земја, кај нас во пелагонија просечен принос по хектар пченица е едвај два-три тона, ова е смешки да му кажеш на некој на запад. Воопшто не сади на таква земја. ќе ја нареди фотоволтаици и струја ќе продава, ќе има далеку поголем приход.

Друго платите се наголемени, и невработеноста намалена, нема луѓе воопшто тешко е да се најдат за било каква физичка работа, барем во Прилеп.

Двајца во фамилија да работат тоа ти се 50 000 мин. приход од плати...со кое земјоделие, на македонска нива, ти ќе извадиш 50 000 ден. чисти секој месец? Можда само трева ако насадиш и да ја продаваш на црно оти инаку не знам како...
 
Абе со 10-15 хектари житарки можат да се извади солидна заработувачка на крај кога ќе се продаде све, ама пак за се тоа треба механизација и спремен капитал, и пак варира од година у година. Со тек на време да кренеш на 30 хектари површина озбилно можеш да живееш од тоа. Само тоа не е инстантно и бара трпение и тешка работа, никако не е инстант заработка
 
Tesko deka ke imas solidna zarabotuvacka i dovolno za zivot so 10-15 hektari. Racunaj prosecni prinosi 3-4 tona na hektar, profit po hektar 500 evra max i toa so subvencii (bez niv uste pomalku). Znaci na 10 hektari samo 5000 evra profit, ni 500 evra mesecno a nemas ni pridonesi ni bolovanje ni nisto

Za dobar zivot se ispod 50 hektari e malku, a dali 1% od zemjodelcite kaj nas imaat 10 i povekje hektari
 
Onaka, uspat... Covek so normalna potrebna mehanizacija, sto raboti 10ha zitarici, kolku dena godisno ima rabota?
Znaci, kolku dena mu trebaat za da izora 2x godisno, kolku dena seidba, kolku prskanje, zetva... Vkupno, kolku dena za 10ha?
 
Член од
21 мај 2021
Мислења
736
Поени од реакции
1.599
Одрина,7 хектари грозје вранец да го работиш сам(а можеш комотно да го работиш сам,освен бербата),ќе имаш солиден ќар,па колку сака нека е откупот.
Ете и шпалир нека е.

Земјоделците тука се научени да кукаат.Точно дека ситуацијата не е сјајна,ама не е ни толку лоша колку што се претставува дека е.
Особено тоа што повеќето земјоделци имаат наследено земја(уште во старт ја имале таа среќа некој да им остави наследство вредно неколку десетици илјади евра).
Да не правам муабет дека во грозјето работните саати ќе бидат многу помалку отколку да работи во некоја фабрика по 8 саати дневно.
Исто повеќето имаат и механизација наследена.

Работата е тоа што имаш премногу искомплексиран народ кој не знае ниту основна математика и не е креативен,па оттука произлегува тоа дека се немало веќе пари во земјоделието.
Автоматски споено мислење:

Onaka, uspat... Covek so normalna potrebna mehanizacija, sto raboti 10ha zitarici, kolku dena godisno ima rabota?
Znaci, kolku dena mu trebaat za da izora 2x godisno, kolku dena seidba, kolku prskanje, zetva... Vkupno, kolku dena za 10ha?
Премалку работни саати имаш во житарицата во текот на една година.
Членот над тебе не го зема тоа во обзир,само парите ги рачуна.
 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.545
Поени од реакции
5.775
Премалку работни саати имаш во житарицата во текот на една година.
Членот над тебе не го зема тоа во обзир,само парите ги рачуна.
Znam, cekam samo samiot da kaze kolku saati godisno ima za tie 5000 evra... I da sporedi so kup drugi profesii vo MK
Автоматски споено мислење:

Za zal, eden od najgolemi problemi vo naseto zemjodelie - se (poveketo) zemjodelci...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom