Земјоделството во Македонија

Член од
3 јуни 2022
Мислења
1.050
Поени од реакции
2.594
Onaka, uspat... Covek so normalna potrebna mehanizacija, sto raboti 10ha zitarici, kolku dena godisno ima rabota?
Znaci, kolku dena mu trebaat za da izora 2x godisno, kolku dena seidba, kolku prskanje, zetva... Vkupno, kolku dena za 10ha?
Me mrzi sega da ti pravam detalna matematika ama sto ti e poentata ? Dzabe ke ima slobodno vreme ako primarnata dejnost so sto se zanimavas ne ti nosi dovolno pari za normalen zivot. Toa deka ke rabotis i zemjodelie i drugo vo praksa ne funkcionira bas, imam videno eden kup neuspesni primeri okolu mene

Одрина,7 хектари грозје вранец да го работиш сам(а можеш комотно да го работиш сам,освен бербата),ќе имаш солиден ќар,па колку сака нека е откупот.
Ете и шпалир нека е.

Земјоделците тука се научени да кукаат.Точно дека ситуацијата не е сјајна,ама не е ни толку лоша колку што се претставува дека е.
Особено тоа што повеќето земјоделци имаат наследено земја(уште во старт ја имале таа среќа некој да им остави наследство вредно неколку десетици илјади евра).
Да не правам муабет дека во грозјето работните саати ќе бидат многу помалку отколку да работи во некоја фабрика по 8 саати дневно.
Исто повеќето имаат и механизација наследена.

Работата е тоа што имаш премногу искомплексиран народ кој не знае ниту основна математика и не е креативен,па оттука произлегува тоа дека се немало веќе пари во земјоделието.
Автоматски споено мислење:

Премалку работни саати имаш во житарицата во текот на една година.
Членот над тебе не го зема тоа во обзир,само парите ги рачуна.
Mnogu vesela matematika, sto ne zemes da go prodades stanot vo koj zivees i stanes zemjodelec ? Tolku odprilika ti trebaat poceten vlog za mehanizacija i oprema, ako ti vrsi drug usluga so mehanizacija ke imas za tie 7 hektari da gi podignes. Pola Makedonija e obrasnata od trnja problem nema za da zemes zemja samo potrebno e zelba
Vo veselata matematika dodaj i sekoja 3 godina deka ke imas nevreme i ke rabotis bez profit, sekoja 4 ke otide stecaj vinarija i ke ostanes bez parite od prodazbata

Taa zemja nasledena e kupena so pari ne e padnata od nebo, za nea nekoj da ja kupi zrtvuval drugi raboti cesto pati i decata sto ja nasledile bile uskrateni od mnogu raboti
 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.534
Поени од реакции
5.722
Me mrzi sega da ti pravam detalna matematika ama sto ti e poentata ? Dzabe ke ima slobodno vreme ako primarnata dejnost so sto se zanimavas ne ti nosi dovolno pari za normalen zivot. Toa deka ke rabotis i zemjodelie i drugo vo praksa ne funkcionira bas, imam videno eden kup neuspesni primeri okolu mene
Koj ti bara detalna matematika?
Prijatel, orientaciono kazi kolku dena godisno mu trebaat za site operacii za 10 ha zitarici...
Ako veke kazuvate deka moze da zaraboti max 5000 evra (znaci, cca 25.000 denari /mesecno) I kukate deka e malku... Kazi kolku rabota ima 1 covek za toa?
Poveke od 30 dena ili pomalku?
 
Seriozen si so prasanjevo deka imas pomalku od 30 rabotni dena za 10 hektari ? Samo golemite zemjodelci sto imaat oprema nekolku stotici iljadi evra moze da imaat tolku malku rabotni denovi..

Imam vo familija zemjodelci pa zatoa me nervira koga tolku gi uprostuvate rabotite a realno vo poslednive 10 godini imaat 2-3 nevreminja (grad) i racunaj taa godina ne samo sto nemas kjar tuku odis i vo minus, vo 2 od tie 10 godini im propadnaa firmite (stecaj) kade sto gi prodadoa svoite proizvodi i pak vlozile a nisto ne dobivaat nazad

25k mesecno ama pridonesi kako za minimalna penzija, nemas bolovanje, i pak dobar del od profitot go reinvestiras vo mehanizacija za rabota oti ili odis nagore ili pagas nadole - treto nema
 
igor00000000

I find your lack of faith disturbing
Член од
17 октомври 2022
Мислења
76
Поени од реакции
67
се теоретски земјоделци тука упм, одма израчунаа колку профит ќе има, само уште да го реализираат тоа ;)
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
6.162
Поени од реакции
5.330
се теоретски земјоделци тука упм, одма израчунаа колку профит ќе има, само уште да го реализираат тоа ;)
За другите не знам, у врска со мојот коментар кажувам детали од прва рака затоа што луѓе од поширока фамилија работат со тоа баш на таа површина од прилика затоа и ја земав за репер, а во близок круг го имам пријателот што работи со огромна површина и ги гледам директно и двете страни од причата како е кога си индивидуалец и како е кога си "гигант" барем за наши услови. Ма да у интернационални рамки нашиве гиганти се мали фирми ама тоа е друга тема.

У принцип може да се извадат околу 5-6000 евра у зависност од приносот на земјата и цената на житарките со површина од 10-15 хектари. Не знам во Пелагонија може и повише бидејќи земјата мислам таму е и поплодна, плус е рамница.
 
Член од
21 мај 2021
Мислења
725
Поени од реакции
1.572
Me mrzi sega da ti pravam detalna matematika ama sto ti e poentata ? Dzabe ke ima slobodno vreme ako primarnata dejnost so sto se zanimavas ne ti nosi dovolno pari za normalen zivot. Toa deka ke rabotis i zemjodelie i drugo vo praksa ne funkcionira bas, imam videno eden kup neuspesni primeri okolu mene

Mnogu vesela matematika, sto ne zemes da go prodades stanot vo koj zivees i stanes zemjodelec ? Tolku odprilika ti trebaat poceten vlog za mehanizacija i oprema, ako ti vrsi drug usluga so mehanizacija ke imas za tie 7 hektari da gi podignes. Pola Makedonija e obrasnata od trnja problem nema za da zemes zemja samo potrebno e zelba
Vo veselata matematika dodaj i sekoja 3 godina deka ke imas nevreme i ke rabotis bez profit, sekoja 4 ke otide stecaj vinarija i ke ostanes bez parite od prodazbata

Taa zemja nasledena e kupena so pari ne e padnata od nebo, za nea nekoj da ja kupi zrtvuval drugi raboti cesto pati i decata sto ja nasledile bile uskrateni od mnogu raboti
Ти наведов и погоре,повеќето ја имаат механизацијата наследено.
Не е точно дека на секои три години има невреме,не ја извртувај работава.Овоа не е точно.
Град и да фати,на колку места ќе биде тоа? Јас не познавам лозар во велешко на кој градот во една сезона му уништил барем 20% од приносот.

Исто и за земјата.Добро бе мајка му стара,вечно незадоволни сте бе.
Еден мој пријател пред година дена продадоа земја во Кавадарци,внимавај,110.000 евра.
Друг човек во село Сојаклари,32.000 евра.
Уште десетина други примери можам да наведам.
Ниту трпеле како деца за јадење,ниту имале несреќно детство.Не се жалете.
Познавам и многу други луѓе кои имаат земја и по 100.000 евра вредност,ја чуваат онака,не им се работи.
Повеќе им се исплати да работат во некоја фабрика за 25-30.000,друг некој да му ја мисли да менаџира за нив.

Се нема ентузијазам за менаџирање,тука е главниот проблем.
 
Член од
3 јуни 2022
Мислења
1.050
Поени од реакции
2.594
се теоретски земјоделци тука упм, одма израчунаа колку профит ќе има, само уште да го реализираат тоа ;)
А полињата празни, обраснати со плевели спремни за вакви форумски математичари да станат богати земјоделци :D

За другите не знам, у врска со мојот коментар кажувам детали од прва рака затоа што луѓе од поширока фамилија работат со тоа баш на таа површина од прилика затоа и ја земав за репер, а во близок круг го имам пријателот што работи со огромна површина и ги гледам директно и двете страни од причата како е кога си индивидуалец и како е кога си "гигант" барем за наши услови. Ма да у интернационални рамки нашиве гиганти се мали фирми ама тоа е друга тема.

У принцип може да се извадат околу 5-6000 евра у зависност од приносот на земјата и цената на житарките со површина од 10-15 хектари. Не знам во Пелагонија може и повише бидејќи земјата мислам таму е и поплодна, плус е рамница.
Во Пелагонија сигурно се подобри приносите со тоа и профитот, имам познаници и во Свети Николско каде што последниве години на таа површина солидно заработуваат и од детелина. Ама 2 класа земјиште, целото под систем за наводнување и солиден е откупот во Арапските држави одела детелината пелетирана

Ти наведов и погоре,повеќето ја имаат механизацијата наследено.
Не е точно дека на секои три години има невреме,не ја извртувај работава.Овоа не е точно.
Град и да фати,на колку места ќе биде тоа? Јас не познавам лозар во велешко на кој градот во една сезона му уништил барем 20% од приносот.

Исто и за земјата.Добро бе мајка му стара,вечно незадоволни сте бе.
Еден мој пријател пред година дена продадоа земја во Кавадарци,внимавај,110.000 евра.
Друг човек во село Сојаклари,32.000 евра.
Уште десетина други примери можам да наведам.
Ниту трпеле како деца за јадење,ниту имале несреќно детство.Не се жалете.
Познавам и многу други луѓе кои имаат земја и по 100.000 евра вредност,ја чуваат онака,не им се работи.
Повеќе им се исплати да работат во некоја фабрика за 25-30.000,друг некој да му ја мисли да менаџира за нив.

Се нема ентузијазам за менаџирање,тука е главниот проблем.
Што ако е наследена ? Купена е од домашниот буџет тргани пари за истата, плус има амортизација после X години станува се поскапа за одржување или е неефикасна и мора да ја смениш да купиш нова. Јас сум на терен цело време баш во тој Повардарски регион и го знам многу добро бидејки фирмата каде што работам соработува со земјоделците, ете во Велешко кога го спомна и веројатно си од таму најмалку по 2 пати во последниве 5-6 години има фаќано невреме (град) во Чашка, Лозово и Градско така да очигледно малку лозари/земјоделци познаваш од тие региони. Може и на лице место да отидеме сами да ти кажат..

Тие што ја продале земјата во Кавадарци може ја продале за фотоволтаици или некоја плантажа за марихуана, за лозје житарки или праски сигурно не била купена. Исто во Сојаклари пиши кој ја купил, да не е случајно Леов кој заработи милиони на болјери па сега си прави кејфови (не зависи од тоа) во пензија со земјоделие ?

Од убавина не се откажуваат земјоделците од земјоделие, не за џабе викаат дека земјоделскиот леб е со десет кори ;)
Ама факт е дека оние што ќе успеат да опстанат кога другите 80% од земјоделците ќе се откажат, ќе живеат многу подобро ви иднина
 
Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.136
Поени од реакции
2.782
Описот: Комунист у комбо со муабетот: МлАдИтЕ ДеНеС нЕќАт Да РаБоТаТ буквално те дисквалифицира од било каков муабет натаму.

Ако младите денес неќат да работат како преживува државата пра-дедо ми умрен пред 40 години сигурно не придонесува.

Еве пошто изгледа си левичар барем така се декларираш по описот, да те прашам што има направено државата за младите да ги стимулира да работат?
3000 евра да отвориш фирма? Па нов трактор е 20 000, и тоа од тие помалите. Камионче за транспорт на роба ти е исто над 20 000 ВТОРА РАКА.
Со тие 3000 евра едвај ѓубриво ќе покриеш за поголема површина а државата ти дава 100тина евра по хектар и нешто нафта на реверс или не знам како функционираше точно. Се на се земено смешки беа "стимулсите" а сеа читам ќе ги крателе, левичарска влада крати субвенции. Купи ми мајко топ е работава.

Земјоделството никад не било поразвиено, туку само позастапено. И тоа било затоа што немало друго. Буквално било или ори копај прави нешто или умри од глад, ако не си некој трговец.

Нормално е детето твое да неќе да работи земјоделие кога во државава можам на две раце да набројам фирми кои работат земјоделство, соодветно и професионално. Инвестирај у нова опрема, силоси, хладњаци иди по саеми во странство праи пари ќе те прашам дали детето нема да сака да работи.

А да не почнам да зборам за кредити од банки. Скоро ид а е невозможно да се земат на опипливи суми со кои што можеш нешто сериозно да работиш, блокови земја големи нема, а и тие што ги има више се поделени по партиска линија ради истите субвенции а се дават на трети лица да се работат.
Новите трактори се 20.000 евра, но колку толку државата треба да го субвенционира купувањето на земјоделската механизација... И не само тоа туку и субвенции за изградба на оранжерии, стакленици, бушење за ваѓање на жива вода...

Цените на половните трактори треба со доста голем процент да паднат. Во држави со напредно земјоделство цените на половните трактори драстично паѓаат, а кај нас сеуште држат цена...

И друга работа да се намалат цените на кириите за тезгите на градските и зелените пазари, а и цените на тие што земаат „ДУЛИЕ“. Тоа Дулие ти е продал/непродал вработениот во градскиот пазар за вршење на арачи секој ден ќе ти зема по едно 300-400 денари...

И да не ги протерува инспекцијата тие летно време што идаат со камиони по другите градови од Источна Македонија. Па што ако производите ги продаваат на тротоар. Што да прават тие од тоа живеат...
 
igor00000000

I find your lack of faith disturbing
Член од
17 октомври 2022
Мислења
76
Поени од реакции
67
За другите не знам, у врска со мојот коментар кажувам детали од прва рака затоа што луѓе од поширока фамилија работат со тоа баш на таа површина од прилика затоа и ја земав за репер, а во близок круг го имам пријателот што работи со огромна површина и ги гледам директно и двете страни од причата како е кога си индивидуалец и како е кога си "гигант" барем за наши услови. Ма да у интернационални рамки нашиве гиганти се мали фирми ама тоа е друга тема.

У принцип може да се извадат околу 5-6000 евра у зависност од приносот на земјата и цената на житарките со површина од 10-15 хектари. Не знам во Пелагонија може и повише бидејќи земјата мислам таму е и поплодна, плус е рамница.
ако 5к евра ти е профит(не приход) од 10 хектари земја, подобро оди миј чаши во кафич. Се трезат зелени наголемо. Пишува тој погоре требало трактор од 20к да купиш нов :D :D :D :D :D катастрофа, имаш имт 539/533 за 3000-4000 нема смрт тој
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
6.162
Поени од реакции
5.330
Цените на половните трактори треба со доста голем процент да паднат. Во држави со напредно земјоделство цените на половните трактори драстично паѓаат, а кај нас сеуште држат цена...
Нормално е ова затоа што кај нас ретко кој има нови машини

ако 5к евра ти е профит(не приход) од 10 хектари земја, подобро оди миј чаши во кафич. Се трезат зелени наголемо. Пишува тој погоре требало трактор од 20к да купиш нов :D :D :D :D :D катастрофа, имаш имт 539/533 за 3000-4000 нема смрт тој
Оди кажи му го истиов муабет на возрасен човек 50+ години. Твојот профит од производство на житарки колку е?
 
igor00000000

I find your lack of faith disturbing
Член од
17 октомври 2022
Мислења
76
Поени од реакции
67
Нормално е ова затоа што кај нас ретко кој има нови машини

Оди кажи му го истиов муабет на возрасен човек 50+ години. Твојот профит од производство на житарки колку е?
0 ми е профитот, на југот не се занимава никој со житарици тоа е за вас скопјанишчава оставено. земи сеј си зелка, кромид... ако не ти се инвестира во машини
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
6.162
Поени од реакции
5.330
0 ми е профитот, на југот не се занимава никој со житарици тоа е за вас скопјанишчава оставено. земи сеј си зелка, кромид... ако не ти се инвестира во машини
Фактот што на производство на зелка и кромид се гледа како на нешто за кое што не се потребни машини го објаснува делот кај што дискутиравме на старт зошто Холандија е напред у земјоделство а ние сме назад
 
igor00000000

I find your lack of faith disturbing
Член од
17 октомври 2022
Мислења
76
Поени од реакции
67
Фактот што на производство на зелка и кромид се гледа како на нешто за кое што не се потребни машини го објаснува делот кај што дискутиравме на старт зошто Холандија е напред у земјоделство а ние сме назад
факт е шо ако на некој му се работи може со минимална инвестиција да почне, за разлика од житарици. И молимте не ми споредувај тука баби и жаби, јасно ми е дека не си чепнал земја во животот од тие модерните снегулки си изглеа. Машини му требало да не му паднат рацете :D :D не ви се мешам во темата веќе ај чао, раскажувајте си бајки тука :*
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
6.162
Поени од реакции
5.330
факт е шо ако на некој му се работи може со минимална инвестиција да почне, за разлика од житарици. И молимте не ми споредувај тука баби и жаби, јасно ми е дека не си чепнал земја во животот од тие модерните снегулки си изглеа. Машини му требало да не му паднат рацете :D :D не ви се мешам во темата веќе ај чао, раскажувајте си бајки тука :*
Разликата е у тоа што целта од тоа кога се работи нешто ни е различна. Ако ти е топ да си тераш со зелката и кромидот, со среќа!
 
Член од
17 мај 2023
Мислења
1
Поени од реакции
0
Здраво на сите!

Да Ви се претставиме, ние сме AgroNow и сме во процес на изработка на апликација која има за цел да ја олесни и организира работата на земјоделците преку купување и продавање на земјоделски материјали (семен и саден материјал, фитофармацевтски производи и слично). На нашата апликација ќе имате можност да пребарувате земјоделски материјали од голем број снабдувачи со цел да го најдете тоа што на Вас најмногу Ви одговара.

Доколку сте сертифициран снабдувач, ова е одлична можност да ги пласирате своите производи до голем број земјоделци кои ќе ја користат апликацијата.

Мотивирани сме да создадеме вакво решение во Македонија, па многу би ни значело Вашето мислење. Ви споделуваме анкета на која можете анонимно да одговорите и да ни помогнете да ја создадеме апликацијата онака како што Вас најмногу би Ви било од корист.

Од нас, за Вас, бидејќи вреди да се вложи во земјоделството.
Ви благодариме однапред!
 
Kajgana Shop

На врв Bottom