...наместо да вработат државни специјализанти, каде државата ги троши средствата од заедничкиот буџет на сите нас, ќе вработуваат приватни специјализанти кои куј знае каде завршиле специјализација и на кој начин, барем нека кажат какви специјализации имаат и каде тоа завршиле, за да ни бидат работите појасни кого тоа вработувааат!
Вработува приватни бидејќи не им е решен статусот, државните специјализанти се веќе вработени со загарантирано место во државно. Е сега тоа што неплански се давале стотина приватни специјализации, па успеало такви специјализации да добие и шуто и рогато, тоа е друг муабет.
Пишав за овој проблем пред месец, два во темава. По кој метод ќе вработи приватни специјализанти на неопределено време и ќе им трансформира приватни во државни специјализации, стварно не знам. Не постои законски метод според кој тоа може да се изведе. Специјализантите излегоа пред една недела и кажаа дека Таравари им ветил дека ќе има јавни огласи во болниците на кои ќе смееле да се пријават само специјализантите:
Што е комплетно противзаконски,бидејќи на јавен оглас може да се пријави било кој лекар од државата, а не стриктно специјализанти. Многу лоша и недоволно промислена методологија. Јас моментално како матичен можам да кажам дека скоро и да нема огласи за матични лекари,излегуваат еден до два огласи месечно, сите места се пополнети во ПЗУ. Доколку вработи само специјализанти во болниците, ќе предизвика огромен револт кај идни лекари кои се шеста, петта година моментално, бидејќи нема да можат да се вработат ниту во ПЗУ , ниту во ЈЗУ. Наместо да се задржат кадри, уште повеќе ќе се иселуваат од овие идни млади лекари.
А реално,тешко да си му во чевлите на Таравари,катастрофална состојба е во здравството. Буквално дваесет и кусурот години долгото непланско издавање на специјализации конечно си го зема данокот. Ќе кулминира со епски колапс. Потребни се драконски мерки, за почеток драстично намалување на бројот на примени студенти на медицинските факултети. Најдобро укинување на факултетите во Штип и Тетово.
