Здравството кај нас

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.648
Поени од реакции
22.380
Случајов и настанов би зел со резерва. Да видиме за година две како се развивале работите. На страна стручноста ама ваков помпезен пречек е малце над потребното.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.792
Поени од реакции
37.792
...наместо да вработат државни специјализанти, каде државата ги троши средствата од заедничкиот буџет на сите нас, ќе вработуваат приватни специјализанти кои куј знае каде завршиле специјализација и на кој начин, барем нека кажат какви специјализации имаат и каде тоа завршиле, за да ни бидат работите појасни кого тоа вработувааат!


...па нормално дека вработувањето на специјализанти нема да биде по етничка припадност, зошто сите се по партиска припадност, кој обичен смртник специјализант овие последниве три, четири години склучил договор на дело со државните здравствени институции, а да не се членови на претходната власт т.е. од СДСМ и ДУИ и нормално од Алијанса на Таравари кога беше како коалиционен партнер со СДСМ и ДУИ и ги извлече, па остана уште една година на властда ја дотолчат Македонија, па сега ќе ги вработува нивните кадри, завршени во брза постапка нис дисперзирани универзитети, па и од Косово.


taravari-kukja-960x494.png Screenshot 02-25-2025 18.01.50.png


... не знам како овој мој народ брзо заборава кој е тој А.Таравари и колку му држи зборот, кој со само 6 месеци екс Министер за здравство во власта со СДСМ се откажа за подобра позиција за градоначалник во Гостивар, па не пасиме трева, инаку како е куќата што ја купил за беспари од член на ДУИ, карши негов екс Министер за здравство Фатмир Меџити, а денешниов премиер Х.Мицковски, нели инсиситирал да биде Министер за здравство токму А.Таравари кој одамна го изгубил кредибилитетот, доволно да се види експрсијата на лицето на човекот и да се заклучи за каков карактер станува збор, ама има време ќе си го покаже вистинскио лик!
 
Последно уредено:

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
7.268
Поени од реакции
9.050
...наместо да вработат државни специјализанти, каде државата ги троши средствата од заедничкиот буџет на сите нас, ќе вработуваат приватни специјализанти кои куј знае каде завршиле специјализација и на кој начин, барем нека кажат какви специјализации имаат и каде тоа завршиле, за да ни бидат работите појасни кого тоа вработувааат!
Каде завршил овој специјализација ма биџонсице? :icon_mrgr: И приватна ли е? Државна ли е? :ROFLMAO:
 
Член од
9 август 2014
Мислења
544
Поени од реакции
1.818
...наместо да вработат државни специјализанти, каде државата ги троши средствата од заедничкиот буџет на сите нас, ќе вработуваат приватни специјализанти кои куј знае каде завршиле специјализација и на кој начин, барем нека кажат какви специјализации имаат и каде тоа завршиле, за да ни бидат работите појасни кого тоа вработувааат!
Вработува приватни бидејќи не им е решен статусот, државните специјализанти се веќе вработени со загарантирано место во државно. Е сега тоа што неплански се давале стотина приватни специјализации, па успеало такви специјализации да добие и шуто и рогато, тоа е друг муабет.
Пишав за овој проблем пред месец, два во темава. По кој метод ќе вработи приватни специјализанти на неопределено време и ќе им трансформира приватни во државни специјализации, стварно не знам. Не постои законски метод според кој тоа може да се изведе. Специјализантите излегоа пред една недела и кажаа дека Таравари им ветил дека ќе има јавни огласи во болниците на кои ќе смееле да се пријават само специјализантите:
Што е комплетно противзаконски,бидејќи на јавен оглас може да се пријави било кој лекар од државата, а не стриктно специјализанти. Многу лоша и недоволно промислена методологија. Јас моментално како матичен можам да кажам дека скоро и да нема огласи за матични лекари,излегуваат еден до два огласи месечно, сите места се пополнети во ПЗУ. Доколку вработи само специјализанти во болниците, ќе предизвика огромен револт кај идни лекари кои се шеста, петта година моментално, бидејќи нема да можат да се вработат ниту во ПЗУ , ниту во ЈЗУ. Наместо да се задржат кадри, уште повеќе ќе се иселуваат од овие идни млади лекари.
А реално,тешко да си му во чевлите на Таравари,катастрофална состојба е во здравството. Буквално дваесет и кусурот години долгото непланско издавање на специјализации конечно си го зема данокот. Ќе кулминира со епски колапс. Потребни се драконски мерки, за почеток драстично намалување на бројот на примени студенти на медицинските факултети. Најдобро укинување на факултетите во Штип и Тетово.:D
 
Последно уредено:
Член од
14 ноември 2013
Мислења
7.471
Поени од реакции
23.420
 

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
7.268
Поени од реакции
9.050
А и оваа па шо го снима, сигурно цел живот живее во скУпје и не научила да зборува македонски.
 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
7.471
Поени од реакции
23.420
А и оваа па шо го снима, сигурно цел живот живее во скУпје и не научила да зборува македонски.
Онака го споделив, не знам кој е крив и не заземам страна. Можеби урологов им се испонашал без причина но можеби пациентиве му дале причина да му се спојат жиците.
 
Член од
17 ноември 2014
Мислења
5.614
Поени од реакции
8.430
А и оваа па шо го снима, сигурно цел живот живее во скУпје и не научила да зборува македонски.
I shto ake ne nauchila makedonski?
Pa pishuva deka e srbinka!
Toa so nishto ne go opravduva odnesuvanjeto. I AKO neshto mu zgreshile (makar shto ne mozham da zamislam zatoa shto vo vakva situacija vazhi praviloto, nemoj da go lutish toj shto go molish) na shto lichi ova?
Taka i kaj tebe na rabota se odnesuvaat?
 

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
7.268
Поени од реакции
9.050
I shto ake ne nauchila makedonski?
Pa pishuva deka e srbinka!
Toa so nishto ne go opravduva odnesuvanjeto. I AKO neshto mu zgreshile (makar shto ne mozham da zamislam zatoa shto vo vakva situacija vazhi praviloto, nemoj da go lutish toj shto go molish) na shto lichi ova?
Taka i kaj tebe na rabota se odnesuvaat?
Незборувањето на јазик во држава во која живееш а можеш е првиот индикатор за непочитување према тие со кои се стапува во интеракција. Можеш да правдаш сега: Што ако? Како? И пто ти ја знам, но факт си е тоа!

Сега кога некој од старт не се држи кон правилата, јасно го покажува неговиот генерален став кон секој друг аспект во општеството и живото воопшто.
 
Член од
17 ноември 2014
Мислења
5.614
Поени од реакции
8.430
Незборувањето на јазик во држава во која живееш а можеш е првиот индикатор за непочитување према тие со кои се стапува во интеракција. Можеш да правдаш сега: Што ако? Како? И пто ти ја знам, но факт си е тоа!

Сега кога некој од старт не се држи кон правилата, јасно го покажува неговиот генерален став кон секој друг аспект во општеството и живото воопшто.
Nikade ne pishuva deka devojkata zhivee vo Makedonija i deka go vladee mak. Jazik!
Mozhebi im bila na poseta na dedoto i babata. Pishuva samo deka taa bila samo so niv dvajcata tamu.
 

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
7.268
Поени од реакции
9.050
Nikade ne pishuva deka devojkata zhivee vo Makedonija i deka go vladee mak. Jazik!
Mozhebi im bila na poseta na dedoto i babata. Pishuva samo deka taa bila samo so niv dvajcata tamu.
Дури и да им била на "посета" (мада не верувам) сепак ако има баба и дедо од Македонија, нормално е да знае македонски јазик пошто 102,5% се има зборувано во фамилијата!

Што гледаш на видеото ти?
Жена која не се води од логика туку од емоции снима со телефон и зборува намерно на јазик друг од кој се зборува таму иако јас ти тврдам го владее македонскиот 102,5%.

Доктор кој очигледно не може да се разбере со дотичната и покрај тоа исфрустриран ја напушта просторијата и бара обезбедување каде се гледа дека сеуште ги контролира физичките постапки.

Па видеово што го качила е слика за неа сама по себе.

Штом намерно не сака да зборува на македонски, можеш да замислиш како му се понашала на тој таму?
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.792
Поени од реакции
37.792
А реално,тешко да си му во чевлите на Таравари,катастрофална состојба е во здравството.
...што му е тешко, жити се? си наплаќа секоја банална услуга на свои сограѓани сите шеми за вработувањето минува низ негови раце, а не пак за други во други градови, со договор на дело работаат низ здравствените установи немедицински лица како соработници, а замисли сите вработени во ЕВН, МЕПСО и други вакви фирми со над 1000 Е плата, чие работно место им е или на мирување или пак таму земаат плата, а во здравствените установи дополнително со договор уште малку парички дополнително, кој ги проверува? Никој! а ваму јавно ааааа договорци вработуваме, дајте бре со име и презиме кого вработувате и што се по струка, ама не, јавно една приказна, а на дело т.е. на терен друга приказна, кој го проверува тоа? Никој!

...ние сме држава во кое здравството е диктирано тотално од партиска гледна точка, а во партија влегуваат само неспособни, недокажани и со ниска природна интелигенција кадри на мама и тато специјалисти докажани во екс ЈУ, па неспособноста во учење ја дополнува со партиска книшка и воала работно место загарантирано.

Потребни се драконски мерки, за почеток драстично намалување на бројот на примени студенти на медицинските факултети. Најдобро укинување на факултетите во Штип и Тетово.:D
...на дисперзирани факултети кои се не се вонредни, каде студентот мора да биде присутен преку цел ден, како што е медицината, ееееее во такви „факултети“ студенти се во работен однос по болниците со средно образование како медицински сестри, техничари и со „дипломирање“ со нова висока стручна спрема тие си го добиваат новиот коефициент во платите!

...на жалост вработувањата ќе бидат тотално не на тој кадар што недостасува, туку форсирано каде има кадар, пак истиот кадар, а каде што фали...пак ќе фали, е тоа е партиска политика, а А.Таравари остај што зборува јавно, нека даде со податоци име презиме кој и како се вработува и нека ги проверат колку и каде имаат работен стаж додека студираат, све е фалс на терен!

....ах бе премиере Х.Мицковски на кого го даде здравството, такво здравство ќе имаме и што е трагикомично твои симаптизери и тие кои ве изгласаа и дојдоа на власт, еве ти гарантирам дека нема да бидат воопшто вработени во здравството затоа што сите овие години се токму членовите на СДСМ и ДУИ со договор на дело, а сите тие ќе ги вработите, а симпатизери на ВМРО ДПМНЕ, шипак!
Дури и да им била на "посета" (мада не верувам) сепак ако има баба и дедо од Македонија, нормално е да знае македонски јазик пошто 102,5% се има зборувано во фамилијата!

Што гледаш на видеото ти?
Жена која не се води од логика туку од емоции снима со телефон и зборува намерно на јазик друг од кој се зборува таму иако јас ти тврдам го владее македонскиот 102,5%.

Доктор кој очигледно не може да се разбере со дотичната и покрај тоа исфрустриран ја напушта просторијата и бара обезбедување каде се гледа дека сеуште ги контролира физичките постапки.

Па видеово што го качила е слика за неа сама по себе.

Штом намерно не сака да зборува на македонски, можеш да замислиш како му се понашала на тој таму?
...ова ти серозно што го пишуваш и истото го мислиш?


...,,почитувани граѓани" !??
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom