Здравството кај нас

Член од
13 април 2021
Мислења
3.201
Поени од реакции
10.719
Супер, сега системот ќе е катастрофа на два јазици.
Не знам што да кажам. Јас еве не знам албански јазик, како може да издадам таков извештај кога не го говорам јазикот? :tapp:
 

Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.934
Поени од реакции
12.437
Не знам што да кажам. Јас еве не знам албански јазик, како може да издадам таков извештај кога не го говорам јазикот? :tapp:
Тоа се прашања за други, посредени држави. Во држава кај што болничар бара лажен извештај за урина, и притоа излегува на тв и не гледа нишо лошо во тоа, Ама јас само прашав момент, не ни може да се очекува поинакво сценарио.
Не прави сеа уља буља и ти :D
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.905
Поени од реакции
35.360
Цело здравство плаче за инспекции и казни, а не за зголемување плати.
...а инспекциите и тие кои ТРЕБА да казнуваат се пак истите, тоа е круг кој треба да се прекине и распарчи!
...а тоа за албанскиот јазик, не дека некој ќе го чита, тие се неписмени и за албанскиот јазик што ако прочита кога не разбира, па ни на албански тука им фали капацитет, а не јазикот дека пречи недоразбирање, а ова вака двојазично само за инат, ете да се боди очи, тој во Делчево да прочита и на албански јазик, иако синот му погина како бранител, еве ти резултатот пукни кога ни се може!
Не знам што да кажам. Јас еве не знам албански јазик, како може да издадам таков извештај кога не го говорам јазикот? :tapp:
...во западна МКД во здравствените установи веќе подолг период има двојазични формулари и секој си пишува на „своја страна' така се почна „тивко“, никој не реагираше, сега за време на избори 2024 год, се изменија и на повисоко ниво централните формулари на клиники штом на пониско ниво во здравство (Општи болници, Здравствен дом) се може што па не во Универзитетски клиники, еве сега и тие што ќутеле по клиниките кога се укажувало за вакви девијации („што ме интересира што прават во Струга“) им дојде во сопствен двор,

...да не пишувам за документите во средно, па и високо образование таму што хаос од различни титули, со три години да бидеш правник и да те постават во обвинителство што понатаму да правиме муабет, го злоупотребиле тоа „бачалор“ уверение за недипломирани кои беа генерации од 2001 год за време на УЧК кои учеле по подруми „на црно“, па ај да им се признат тие три години на ваков начин, арно ама тие си го истераа за сите генерации до денес.
...прашај ги новите генерации кои се вработени како соработници правници во здравството, а се од албанскиот етникум по овие дисперзирани факултети со колку години си ја доби титулата -Правник (три години) :facepalm:
 
Последно уредено:
Член од
30 јуни 2020
Мислења
2.556
Поени од реакции
9.607
Не знам што да кажам. Јас еве не знам албански јазик, како може да издадам таков извештај кога не го говорам јазикот? :tapp:
Ќе си научиш, според закон си обврзана.
Самите си ќутевме двојазичност и федерализација, кој ни е кабает сега.


Цело здравство плаче за инспекции и казни, а не за зголемување плати.
Е така де, ама кога почна она министерот во владата на Гурки во 3 сабајле да шета по болници и со ненајавени посети да ги фаќа од болничарки до лекари како си го држат таквото наместо да работат не чинеше.

Па башка и скандали, па го пуштија образование *(или претходно беше во образование, не се ни сеќавам веќе), па таму не им чинеше на професорите оти сакаше да им мести камери во амфитеатрите за да се види колку реално тие превадават, а не некои нивни „асистенти“ и демонстратори шо уствари појма немаат од материјата.

Сваќаш кон што целам?
Колку и да беше тоа дел популизам (не ги бранам Груевистите, пошто тоа прво ќе помислиш), сепак самите не сме склони на ригорозни казни и промени, а тоа е тоа што ни треба.

Почни да бркаш од работа уште 2 ден од мандатот, па ќе видиш како магично сама од себе ќе се оправи работата и ќе почнат да си го ценат начинот на кој го вадат лебот.

Ем сакаме да се ебиме, ем нејкиме да ни влези испаѓа муабетот.
 
Член од
28 ноември 2022
Мислења
249
Поени од реакции
388
Прегледај го приврзокот 415844

Не можам да разберам, како овој човек отсуствува по 6,7,8 месеци од клиника годишно и сеуште работи на државно?
Partiski ,,oboen,, kolega. Znae da ,,place i cimoli,, no i dobiva od aj da ne kazam kade //iako znam se//.
Imase priliki za nego da pecali cesno jaki pari vo privatni kliniki, no ne mu bilo, ne mu e, nema da mu bide ,,toj CHESEN izvor na pari,, nikogas od interes. Vaka em drzavna ,,pojacana plata,, //haha duri i za dezuestva prima hahhahaha// em ,,bonusi,, od drugi mesta. Dolga prikazna.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.905
Поени од реакции
35.360
Прегледај го приврзокот 415844

Не можам да разберам, како овој човек отсуствува по 6,7,8 месеци од клиника годишно и сеуште работи на државно?
... цела администрација во календарска година користат според Закон за работни односи три месеци неплатен одмор идејќи на сезонска работа во Хрватска или некаде во ЕУ.

...неплатен одмор (со одредбите од член 147 од Законот за работните односи) тоа значи мирување на работниот однос, поради лични причини или ако е избран или именуван за вршење некоја јавна функција и за тој временскиот период не прима плата, за него не се плаќаат придонеси за задолжително социјално осигурување, а правата и обврските од работен однос му мируваат.

kedev-2.jpeg

...д-р Кедев, највероватно како ентузијаст по планинските врвови, а можеби и обожавател на адреналински екстремен спорт си зема три месеци неплатен одмор, дополнително си го користи годишниот одмор од минатата година што би било максимум 28 работни дена според негов стаж и дополнително уште 28 работни дена годишен одмор во тековната година, кога сето тоа ќе се спои се добива 6, 7 месеци, ако се додаде и некое боловање отсуство се комплетира до 8 месеци.

Puja-ceremonija-kon-K2-1024x576.jpg

...тој барем се искачува на највисокиот врв и го закачува македонското знаме како македонски амбасадор, туку што правиме со докторите, а богами и средниот медицински и немидицински кадар (соработници) кои идат во ЕУ и работат и се враќаат со најмалку 10 000 Е спечалени на било кој основ на работа низ тие држави, додека здравството трпи и кубури со кадарот и нема кој да работи да ги замени истите, односно тие кои остануваат треба и за нив да го изработуваат денот!
 
Последно уредено:

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.379
Поени од реакции
7.499
додека здравството трпи и кубури со кадарот и нема кој да работи да ги замени истите, односно тие кои остануваат треба и за нив да го изработуваат денот!
Епа ете закачуваат и тие македонски знамиња низ ЕУ и ја представуваат државата без да се качиле на врв, плус и носат пари во државата за разлика од овој погоре. Кач пробљем? х'?
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.905
Поени од реакции
35.360
Епа ете закачуваат и тие македонски знамиња низ ЕУ и ја представуваат државата без да се качиле на врв, плус и носат пари во државата за разлика од овој погоре. Кач пробљем? х'?
...тој апсолутно не е проблем, дури и од мене ќе му дадам денови, проблем се тие од албански етнос кои се партиски вработени, пола ден дури работат во свој приватен бизнис, пола ќе прошетаат во државна администрација, а потоа по Х време земаат неплатен одмор и работат некаде во ЕУ.

....има пример, за една вработена од албански етникум запослена во 2002 година лани дојде втор пат на работа, девојка се вработи- возрасна се врати на работа, друга која преку ноќ заврши медицина во М.Речица, при завршување на пандемија со пет потписи од министри и директори на документот (со се потпис од Филипче) беше примена т.е.префрлена од приватна во државна институција, плата земаше очи не и видовме, е тие бате треба да се средат, нормално и тие кои го дозволиле тоа.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.873
Поени од реакции
15.828
Цело здравство плаче за инспекции и казни, а не за зголемување плати.
плаче за ПРИВАТИЗАЦИЈА, т.е. освен Породилните установи, Душевни болници и Ургентни центри, се друго да биде ПРИВАТНО, тие ПЗУ што ќе работат со фондот мислам дека ќе бидат и ПОЕФТИНИ од сега Државните !!, т.е. помал трошок за Фондот
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.905
Поени од реакции
35.360
плаче за ПРИВАТИЗАЦИЈА, т.е. освен Породилните установи, Душевни болници и Ургентни центри, се друго да биде ПРИВАТНО, тие ПЗУ што ќе работат со фондот мислам дека ќе бидат и ПОЕФТИНИ од сега Државните !!, т.е. помал трошок за Фондот
...грешка си, треба само да се почитуваат и спроведат законите во здравството, приватизација не носи добро на ниеден пациент, освен на сопственикот!
 
Член од
4 октомври 2019
Мислења
467
Поени од реакции
816
Brza pomos raboti frizerka bez kurs... na drugar majka mu dobiva udar doaga brza pomos za 1 i 45 minuti umira na 1: 20 so penja na usta.....kakva privatizacija kakvi bakraci...treba se od koren od temelite...
 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
6.559
Поени од реакции
21.398
плаче за ПРИВАТИЗАЦИЈА, т.е. освен Породилните установи, Душевни болници и Ургентни центри, се друго да биде ПРИВАТНО, тие ПЗУ што ќе работат со фондот мислам дека ќе бидат и ПОЕФТИНИ од сега Државните !!, т.е. помал трошок за Фондот
Екстремно лоша идеја. Народецот сега му е скапо да плаќа смешни суми за прегледи и дијагностики во јавно здравство, приватизирај го целосно па после за еден преглед кај матичен кога ќе ви опнат сметка од 500 денари+ има да биде циркузи. Да не збориме за покомплицирани специјалистичи прегледи и дијагностики, пензијата за два дена нема да стасува.

Не си ја размислил идејава баш за јавно-приватно. Првин во ј-п ПЗУ се водат според договор со ФЗОРМ и тука се утврдени цените (како и милион други работи) а тие се исти како во јавно здравство. Понатаму чим нема јавно здравство кој нормален ќе ти работи јавно-приватно кога во ј-п работат во договор со ФЗОРМ нели и нивни цени додека во приватно ќе ти наплаќа произволно цена. Ако сега пример за инјекција кетонал ти наплаќа матичниот 10 денари, тогаш ќе може да ти лупне цена 1000 денари. За РТГ се плаќа (во просек) по 100 денари од снимка, тогаш ќе треба по 1000+ денари да оставаш.

Или ова само УЦ да биде државно се друго приватно. Океј, оди човек во УЦ и треба да викнат специјалист пример од ГЕХ или кардиологија или пак еве да прави операција... човекот нема пари да плати операција и сеа што правиме, треба да вади кредит, цела животна заштеда да ја потроши или да умре? Или сметаш дека треба да го имаме американскиот систем со осигурување?

Целиот здравствен систем е трул и треба тотално да се смени од корен но целосна приватизација е луда работа.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom