...се сложувам со Бафра, барање износ од 150 Е отпосле извршена работа за да се почасти хирургот не може да се постави во ист кош, а со тоа и казни на ист начин со тие здравствени работници кои бараат многу повисоки износи пари (мито) пред извршена операција т.е. ја условуваат здравствената услуга со паричен износ за лично присвојување која треба да биде бесплатна, да не се навратам за време на пандемијата со коронавирусот јавна тајна е изнудување по болниците на паричен износ за да се добие болнички кревет.
Прегледај го приврзокот 441964
...хирургот треба да помине на дисциплинска со опомена, укор, па и може месечен одбиток од плата за вакво однесување, но никако осумдневен притвор на хирургот кој ја дал здравствената услуга т.е. ја оперирал пациентката без барање и условување со паричен износ, постои дисциплински постапки на лекари за чија здравствена услуга завршила со смртни последици на пациентот, па не се во притвор, како да нема мерило каква тежина има престапот и тука нешто „смрди“ во такви одлуки.
...дисциплинска постапка зависно од прекршокот на здравствениот работник во овој случај на хирургот во давање на здравствената услуга како прв дел на одговорност кој му е професионален и беспрекорен и втор дел на одговорност на негово однесување кое се однесува ПОСЛЕ ПРОФЕСИОНАЛНАТА ДАДЕНА ЗДРАВСТВЕНА УСЛУГА на пациентот со што побарува паричен износ од 150 Е за частење ПОСЛЕ обавена успешна операција на пациентката.
Прегледај го приврзокот 441927Прегледај го приврзокот 441928
...според мене мора да има некоја позадина, највероватно се работи за некоја одмазда, вербален конфликит или нешто друго, па и самото однесување на државата за ,,ваква пријава“ и „ваква одлука со притвор да не побегнел хирургот за бедните 150 Е пријава и тоа пред пензија“ институциите го губат угледот на правичност на тежината на прекршокот и тежината на дисциплинскиот престап со тоа државата го губи угледот, споредбено со другите мноооогу полоши примери на земање на мито или недокажано несоодветно однесување и (не)давање здравствена услуга со смртни последици кои ги имаше битолската болница и никој не одговараше или најмалку бил притворен на ваков начин.
Прегледај го приврзокот 441941
...таман работа за сите овие горенаведени дисциплински прекршоци бидат приведени здравствените работници во притвор, ќе останат болниците без медицински кадар, затоа што секојдневно има такви вакви прекршоци што поситни што покрупни, а најтешки се тие се кои имаат последица по здравјето на пациентот, што во овој случај не е, па да се приведе и затвори хирургот и да се прескочат другите дисциплински казни кои се соодветни според прекршокот што го направил, мене ми се сомнителни вакви одлуки од Јавното обвинителство и здравствениот работник се чувствува несигурен и незаштитен на своето работно место, поради неселектирање на тежината на дисциплински прекршоци, секој греши кој повеќе кој помалку и да не се повтори треба да се реагира соодветно со опомени и казни од тежината на стореното, а не пристрасно и несоодветни казни со 8 дневен притвор, а операцијата успешна пациентка здрава и права!
Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против едно лице поради основано сомнение дека сторило кривично дело – Примање поткуп од член 357 став 6 во врска со став 3 и став 2 од Кривичниот законик. Сомнението произлегува од фактот дека осомничениот, на 27 јануари, како лице кои...
telma.com.mk
после извршената здравствена услуга, извршената операција се побарало паричен износ за „частење“ на докторот, тоа не е „поткуп“,
Прегледај го приврзокот 441966
...поткуп е АКО СЕ ПОБАРА ПАРИЧЕН ИЗНОС ЗА ДА СЕ ЗАВРШИ НЕКОЈА РАБОТА во овој случај операцијата е извршена без да се побара паричен износ ПРЕТХОДНО , со што паѓа во вода осудата на Јавното обвинителство со делото „поткуп“ за што потоа следи казна што не е соодветна, затоа што не е ни соодветно одредениот прекршок, аман бе што обвинители имаме!??
Прегледај го приврзокот 441953
...инаку да се информираме дека постои „Законот за вработените во јавниот сектор“ каде се класифицирани работните места, видовите вработувања и нивна евиденција, каде се пропишани членови на општите права, должности, одговорности за вработените во јавниот сектор како органите во државната и локалната власт институциите кои вршат дејности од областа на образованието, науката, културата, трудот, социјалната заштита и заштитата на детето, спортот, па и во здравството.
...според член 39 од овој закон, вработените во јавниот сектор не смеат да примаат подароци поврзани со нивната работа со исклучок на протоколарни и повремени подароци од пониска вредност што не ја надминуваат вредноста од 1.000 денари или подароци добиени од иста личност чијашто вкупна вредност не надминува 3.000 денари во дадена година, се сметаат за подароци од пониска вредност.
... подароци, пак, примени од страна на службени лица или од меѓународни организации, дадени за време на посети, гостувања или во други слични околности се сметаат за протоколарни подароци.
Прегледај го приврзокот 441924
...да се однесе хирург со долгогодишно искуство, со стаж пред пензија, во осумдневен притвор поради грешката што ја направил со побарување на 150Е за да се почасти после успешно и професионално обавена работа, ме потсетува на
faktor.mk