При прием во болница на пациент кој е во несвесна состојба, каква е процедурата од страна на болницата?
(не можам да најдам по интернет)
Пример:
Некој треба да потпише согласност дека ќе плати партиципација ?
Некому од роднините треба да му јават дали лицето има активно осигурување или не?
Некој треба да потпише согласност за медицинските процедури?
За операција, на пример?
За исклучување од апарати, на пример?
И ова ме интересира (а не можам да најдам по интернет):
Каква е процедурата за преземање на телото на починат во болница?
Хипократовата заклетва:
„Кога ќе се приклучам на лекарската професија,
свечено се обврзувам дека ќе го посветам мојот живот во служба на човештвото...
Својата професија ќе ја работам совесно и достоинствено...
Ќе го почитувам секој човечки живот...“.
...
Но, ти прашуваш за „реалноста“, а таа е секаде различна,
верувам дека во Македонија е уште поразлична,
и зато ќе премолчам
...
Многу потпрашања... Верувам дека секој случај е приказна за себе.
Законот каков е?
Кој може да донесе одлука за исклучување од апарат, најблизок со согласност на доктор???
Дали има закон за биолошки тестамент, можеби пациентот веќе напишал!!!
...
Доколку смртта настапила во болница или старечки дом, мровецот ќе го прегледа лекар.
Раководството на соодветната институција е должно да ја пријави смртта во матичната служба,
и да ги извести роднините.
Во повеќето случаи, погребалното претпријатие исто така може да се погрижи за ова.
Образец „Известување за умирање“ и „Смртен лист“ се користат за упис во книгата на умрени во матичната служба и погребникот за извршување на погребот.
...
Ќе нагласам, дека е ова процедура вон Македонија.