Здравството кај нас

Член од
7 септември 2016
Мислења
21.481
Поени од реакции
37.302
Зависи што хороскоп му се погодил на пациентот за тој ден. Има тема астрологија и таа беше обработена од биџонс во некоја подтема.
Расчепкај се низ форумот малку.
...хуморот не ти е воопшто на место, посебно ако некој има починат член, па се распрашува и бара помош, тоа на курсот што си идел не ве научиле за етика и хумано однесување било реално било виртуелно мора да се запази тој критериум, барем во вакви осетливи потеми каде се пишува за здравје,па со коментарот не ми удираш мене ниски, напротив треба да и се извиниш на виолетова, ако воопшто нешто вредиш.
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.785
Поени од реакции
8.308

Извинување и должат сите вработени во македонското здравство кои работат во тој систем. Јас само и ја кажав вистината што е и етички. Неетички е да се лаже! На грешна врата тропаш биџонс.
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.064
Многу потпрашања... Верувам дека секој случај е приказна за себе.
Законот каков е?
Сешто има во законот, почнав да го читам, ама ниту е еден закон: има закон за здравствена заштита, закон за права на пациенти ... еден куп закони ми излегоа на пребарување, ама ако прашањата ги поставам на гугл пребарување, освен вести за украдено тело на починат и слично, нема никаде конкретни одговори.
Ниту на страницата на болниците нема вакви информации.

Веројатно некој од лично искуство што го поминал ова може да ми каже низ каква постапка поминал, па да споредам.

Зависи што хороскоп му се погодил на пациентот за тој ден
Завршивме со хороскопот, сега ме интересираат процедурите. И процедурите завршија, ама излезе дека имало неправилности, па сакам да дознаам од чија страна.
 
Член од
3 јануари 2023
Мислења
8.873
Поени од реакции
5.691
Сешто има во законот, почнав да го читам, ама ниту е еден закон: има закон за здравствена заштита, закон за права...
Веројатно некој од лично искуство што го поминал ова може да ми каже низ каква постапка поминал, па да споредам.
Јас сепак мислам дека секој ќе ти раскаже различна, своја, прикаска за неговите патешествија, низ ходниците на македонските здравствени институции. Дури е можно, да телото на упокоениот не биде предадено на фамилијата (заразни болести, судски постапки... ). И, кај што фамилијата претрпела загуба, сега мора уште и со институции да се расправа. Само смиреност и без брзоплети реакции...
Од лично искуство, не би можел да споделам мислење или совет за пациент починат во болница, но претпоставувам дека процедурата за пријавување на починатиот е слична (иста) како и за починат во домашни услови.
За останатото... Има премногу "ако" за да би се добил точниот одговор.
Мал пример, од "покултурна" земја...
Починала, со дијагноза "корона", во болница, во Линц... Сопругот и синовите сакаа да го превземат телото од болница и да го транспортираат за Турција. Не им беше предадено, со објаснување дека е зараза. Почнаа да тепат и кршат по приемното, па беше повикана полиција да ги смири и собере.
Е, сега може човек да си замисли, што би се случило во "некултурна" земја.
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.064
претпоставувам дека процедурата за пријавување на починатиот е слична (иста) како и за починат во домашни услови.
ОК, фала ти што се потруди да појасниш нешто. Инаку јас не барам процедура за пријавување, туку за преземање од болница.
Ние го добивме телото и ни беше речено дека не треба да се плати ништо (поради некои дијагнози заради кои пациентот е ослободен од партиципација) и да дојдеме по 7 дена за оригиналниот документ со кој треба во матична служба да одиме, и тука настана проблемот:
администрацијата на болницата тврди дека должиме две илјади евра, и не ни го дава документот, дури велат дека и телото не сме смееле да го добиеме додека не се платело.

Не можам да најдам по интернет ниту кои дијагнози се ослободени и зошто според една канцеларија нашиот починат е ослободен, а според друга должиме 2000 евра!

Никаде ништо не е јасно кажано, затоа си реков дел по дел да соберам информации од туѓо искуство, па да си споредам со моето.
Автоматски споено мислење:

Друго прашање што ме мачи е дали некој од болницата е должен да го извести семејството ако пациентот (примен во несвесна состојба) нема активно здравствено осигурување, или не?
 
Последно уредено:
Член од
28 ноември 2022
Мислења
330
Поени од реакции
538
При прием во болница на пациент кој е во несвесна состојба, каква е процедурата од страна на болницата?
(не можам да најдам по интернет)
Пример:
Некој треба да потпише согласност дека ќе плати партиципација ?
Некому од роднините треба да му јават дали лицето има активно осигурување или не?
Некој треба да потпише согласност за медицинските процедури?
За операција, на пример?
За исклучување од апарати, на пример?

И ова ме интересира (а не можам да најдам по интернет):
Каква е процедурата за преземање на телото на починат во болница?
Priem na pacient vo itna sostojba transporitran so sanitetsko vozilo ,,procedurata,, CELTA e edinstveno da mu se spasi zivotot //vo zavisnost od sostojbata//. Brza procena na dezuren tim, prv pregled, po potreba resutacija i ponatamosno itno deluvanje //vtor pregled, Dg. evaluacija, tretiranje//.
Vo slucaj kade se ustanovi deka pacientot ne e kontaktibilen, nema potpisi soglasnosti, proverki za bilo sto //FZO, indentitet velam IMAME ITEN SLUCAJ!//. Kratko i narodski kazano, se borime da spasime zivot ne da brkame administracija, administracijata ke poceka.
Semejstvoto se kontaktira //dokolku identitetot na pacientot e poznat, nekogas i so pomos asistencija na MVR// vo tekot na itnoto lekuvanje, vo oderedeni slucaevi i duri po konstatacija na smrt. Dokolku nastane smrt, se izgotvuva umrenica od strana na medicinskiot tim i dezuren lekar koj izvrsil iten priem na pacientot. Teloto po procena na med. tim se predava na obdukcija ili na semejstvoto na pocinatiot.
Автоматски споено мислење:

Друго прашање што ме мачи е дали некој од болницата е должен да го извести семејството ако пациентот (примен во несвесна состојба) нема активно здравствено осигурување, или не?
Ne dodeka se vrsi itnoto lekuvanje. Po zavrsuvanje na istoto //pacientot e vo stabilna sostojba// ili po konstatacija na smrt se kontaktira semejstvo.
Автоматски споено мислење:

ОК, фала ти што се потруди да појасниш нешто. Инаку јас не барам процедура за пријавување, туку за преземање од болница.
Ние го добивме телото и ни беше речено дека не треба да се плати ништо (поради некои дијагнози заради кои пациентот е ослободен од партиципација) и да дојдеме по 7 дена за оригиналниот документ со кој треба во матична служба да одиме, и тука настана проблемот:
администрацијата на болницата тврди дека должиме две илјади евра, и не ни го дава документот, дури велат дека и телото не сме смееле да го добиеме додека не се платело.
Vo slucaj pacientot da nema zdr osiguruvanje ili participacijata ne e podmirena, teloto ne se predava dodeka ne se podmirat dolgovite kon klinikata. Umrenicata ja dobivate pri predavanje na teloto. Poveke okolu ova prasanje informirajte se vo administracija, ovoj del ne e rabota na medicinskiot tim. Primete socustvo.
 
Последно уредено:

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.785
Поени од реакции
8.308
Значи македонското здравство има капацитет реално да згрижува околу 500 000 жители.

500 000 жители се надвор од државата што значи дека останатите 1 000 000 жители се оставени на астрологија, спортска среќа, а тие со животни заштеди или роднини во странство со можност да се лечат во приватниве (не знам како да ги наречам)

Сега шиптaрите донесиле одлука да косоварите се лечат во маледонакото здравство како да се македонски граѓани на приватно (сума која е дааалеку помала него ли странец да се лечи во МК)

Сега сметајте дека и тој умрен капацитет од 500 000 жители едни добри 80% ќе биде зафатен од косовари кои не плаќаат даноци и немаат никаква врска со државата.

Зарем не гледа македончето дека останува без здравствена заштита во сопствената држава и е на ниво 4 класа граѓанин?

Следен ќе биде и пензискиот систем, така да си знаете, пошто здравството, армијата, полицијата, судството веќе е дадено. Македонци и онака не смеете да се наречете!

Седете си на фејсбук и чракајте си TikTok!

На здравје!
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.064
Всушност, ми стана јасно зошто луѓето од администрација во болницата се однесуваа чудно, поради што и се посомневав дека во процедурите имало грешка:

Се работи за брат ми, дента кога почина, ми јавија, отидовме со мајка ми да видиме за документите и телото, рекоа дека немаме ништо за плаќање, да договориме погребално со лиценца да го земе. Заврши погребот, поминаа 10 дена (сега се веќе 16 дена) и во администрација сега велат дека кажале оти нема здравствено, ама ние не сме реагирале да одиме до Фондот да го поднесеме барањето (невработен беше последниве 2 ипол месеци), па сега да си платиме 2 илјади евра. Излегува дека бараат да си платиме заради нивна грешка.

Брат ми бил однесен со брза помош, во несвесна состојба, и после операција не се ни разбудил, и на крај почина, па и не можел да каже некому дека два-три месеци еве од последното вработување не поднел барање во Фондот да биде осигуран како невработен.

Јас го однесов барањето во Фондот пред некој ден, ама не верувам дека за толку наназад ќе биде реализирано осигурување, а врски немам во фондот за да ми заврши некој работа.
Да кажеа од администрацијата во болницата како што тврдат дека кажале, ќе го однесев барањето уште тогаш со време, и ќе се завршеше сè досега.
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.064
прими сочуство, што му се случило?
Фала.
Аневризма, рекоа.
Автоматски споено мислење:

Фала и за спојлерот, најдов нешто корисно :)
 
Последно уредено:
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.481
Поени од реакции
37.302
...после дожд ќе огрее силно сонце, најприлагодено време да излезат змиите од своите скривалишта, па да не изненадат и уплашат што ќе следи нивно закачување на своите ,,заби,, каде од жлездите ќе ни пуштат непосакувана токсична супстанца на нивна одбрана која може да биде и отровна зависно од видот на змијата, но за тоа постои серум противотров и човекот нема гајле.

... но, денес, во моментов, ако не' касне змија нема каде да го најдеме серумот против змијскиот отров, оти не се продава, а ниедна болничка институција изгледа ја немаат, затоа што екс министерот за здравство БС, овие кои ги унапредил и им даде функција со повисоки плати, очигледно без обврска и одговорност за новоименовата функција, не направиле никаква стратегија и план за дозволи и увоз на антивиперинум серум, како што нема веќе две години вакцина против кучешко (рабиес) беснило, па се аплицира само серум.
...ама, како ќе биде сега кога пациент ,,апнат,, од змија и донесен во болнички услови да му кажат нема противотров (антидот)?
... ај што се назначени, ај што земаат плати високи, ама да се нема национална стратегија за овие два против змјиски отров серум и вакцина против кучешко беснило, не знам, немам коментар, само би ги прашала овие во спојлер што работаат? :toe:

Ако јас те прашав зашто нема антидот, а ти го немаше постирано ова, ќе ми одговореше дека немало потреба пошто змии во МК не касале. Сега дали ти е јасно зашто сме на ова дереџе?
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.481
Поени од реакции
37.302

ice_screenshot_20230715-183129.jpeg

...праксата од претходните години, ви е всушност праксата од пандемија да се откажуваат операциите „кои можат да почекаат“ нели оправдана состојба на пандемија со коронавирусот, сега причина кобајаги била „годишните одмори“, санким претходните месеци се истуриле од оперирање.

...не знам зошто пак пациентите „запнале“ да се оперираат на 40 степени кога можат да си седат дома, нели, кога може „да се почека“ и која ситуација за обичен смртник пациент би била „да почека“, кога цел живот чека, дали во матичен термин, дали за мој термин, дали за специјалистичка консултација, дали за лабораториски термин, дали за оперативен термин.

... не само што немате во Штип медицински соодветен медицински персонал зошто се вработува тој што не треба во клинички болници, туку и никогаш не сте искрени да си ја кажете вистината, ама толку сте смешни да понатака си ја кажете несвесно дека причината која би била една:

ice_screenshot_20230715-183247.jpeg

па како воопшто ќе се оперира кога пациентот не може да се дијагностицира, па било „меѓувреме вон функција“, тоа „меѓувреме“ колку временски ви трае, година, две три?

... јас лично кога ќе се спомне директорот, д-р Ален Георгијев, на Клиничка болница Штип пред мои очи излегува еден трагичен момент кога пациентка пишувајќи преку мсн со ќерката молела за кислород, а немало ниеден медицински персонал Х време во нејзината болничка соба за време на пандемијата, пациентка си почина, а дежурниот лекар не бил присутен (поради партиски состанок), а кој бил дежурен? кхммм кхммм!

ice_screenshot_20230715-182117.jpeg

...така да помалку лажење и повеќе искреност сака здравството, така не се менаџира со здравјето на пациентите, не знам зошто воопшто не прават малоумни, поради годишните одмори...леле кое дебилно оправдување :facepalm: !
 
Последно уредено:
Член од
3 мај 2019
Мислења
19.003
Поени од реакции
10.118
„...Овој и наредниот месец се откажуваат операциите во КБ Штип кои може да почекаат. Ова е пракса и од претходните години летниот период во месеците јули и август да се оглагаат операции кои може да почекаат...“

...праксата уште од пандемија си беше да се откажуваат операциите „кои можат да почекаат“ нели оправдана состојба на пандемија со коронавирусот, сега причина кобајаги бил „годишните одмори“, санким претходните месеци се истуриле од оперирање.

...не знам зошто пак пациентите „запнале“ да се оперираат на 40 степени кога можат да си седат дома, нели, кога може „да се почека“ и која ситуација за обичен смртник пациент би била „да почека“, кога цел живот чека, дали во матичен термин, дали за мој термин, дали за специјалистичка консултација, дали за лабораториски термин, дали за оперативен термин.

... не само што немате во Штип медицински соодветен медицински персонал зошто се вработува тој што не треба во клинички болници, туку и никогаш не сте искрени да си ја кажете вистината, ама толку сте смешни да понатака си ја кажете несвесно дека причината која би била една:
„...Во меѓувреме апаратот за магнетна резонанца и рентген апартот се надвор од функција во КБ Штип ...“
па како воопшто ќе се оперира кога пациентот не може да се дијагностицира, па било „меѓувреме вон функција“, тоа „меѓувреме“ колку временски ви трае, година, две три?

... јас лично кога ќе се спомне директорот, д-р Ален Георгијев, на Клиничка болница Штип пред мои очи излегува еден трагичен момент кога пациентка пишувајќи преку мсн со ќерката молела за кислород, а немало ниеден медицински персонал Х време во нејзината болничка соба за време на пандемијата, пациентка си почина, а дежурниот лекар не бил присутен (поради партиски состанок), а кој бил дежурен? кхммм кхммм!

Прегледај го приврзокот 384466

...така да помалку лажење и повеќе искреност сака здравството, така не се менаџира со здравјето на пациентите, не знам зошто воопшто не прават малоумни, поради годишните одмори...леле кое дебилно оправдување :facepalm: !
Се додека се ставаат на раководни места партиски некомпетентни луѓе, нема добро здравство.
Двата компјутера во ГОБ 8ми септември така стојат, собираат прашина, никако да профункционираат, нема персонал обучен....битно министерот со директорот се изнасликаа.
Говеда
 
Kajgana Shop

На врв Bottom