Здравството кај нас

Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398
...тој здравствен работник кој навистина бил малтретиран од агресивен пациент никогаш нема да го пријави, за разлика од тие здравствени работници кои на работни места наместо совесно да даваат здравствени услуги во тој момент ќе му речат на пациентот ,,излези надвор и чекај“, а тие во тоа време или гледаат ТВ или прават бош муабети со непознати фаци, партиски, курвински, оговарачки, а пациентот со болки...чека, чекааа, чекааа!
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398
...се додека нема вистински контроли од апартиски комисии „болнички комитет“ како во јавните така и во приватните здравствени установи, здравствените услуги се тука некаде исти, наместена болничка соба, приемни простории со цвеќе и списанија, чисти тоалети и миризлива тоалетна хартија, кожни фотељи и ТВ плазма покрај насмеан и љубезен дотеран персонал не спаѓаат во здравствена услуга, да се разбереме, а пациентот првенствено од тоа е воодушевен, а што испитување, анализи и што лекови треба да си плати од сопствен џеб и тоа и што треба и што не треба не е свесен затоа што самиот не знае дали сето тоа е неопходно конкретно за негова болест.
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.232
Поени од реакции
7.039
...дали си запознат дека прилепската Општа болница и битолската Клиничка болница половина од инфузиони раствори што ги применуваат за своите болни сами си ги произведуваат, во 21 век да имаат сопствено производство ејјј, а битолската дури и сопствени онколошки лекови, тоа во германско здравство нема!

@bijons да каже од внатрешни извори како се произведуваат инфузиите!
 
Последно уредено:
Член од
5 март 2018
Мислења
14.898
Поени од реакции
16.208
Луѓе ова не е заебанција, втор случај ненадејна смрт кај деца во Битолска клиника откако примиле инфузија. Ќе одговара ли некој за овој хорор ????
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.511
Поени од реакции
9.410

До инфузијата ли е или касно е донесено детето на лекар?
 
Член од
5 март 2018
Мислења
14.898
Поени од реакции
16.208
До инфузијата ли е или касно е донесено детето на лекар?
Таткото изјавува едно лекарите друго, стандард кај нас.
Кој знае што е точно.
Според неговата изјава чупето било омалаксано, повраќало шлајм, го однесле на болница и на 9 шеќер тие му ставиле чиста гликоза.
Ова не ми е верно, али во нашата држава се е можно
 
пеперутка16

најубава
Член од
9 декември 2009
Мислења
55
Поени од реакции
19
Ужас. Македонско семејство плаќа 27.000 евра за операција на рак плус 6.000 евра за „советување“.

Член од
3 мај 2019
Мислења
17.511
Поени од реакции
9.410
Ужас. Македонско семејство плаќа 27.000 евра за операција на рак плус 6.000 евра за „советување“.

Зошто е ужасно?
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398
@bijons да каже од внатрешни извори како се произведуваат инфузиите!
... да се почека извештајот од судска медицина, да не се шпекулира.

Дехидратацијата е еден од најголемите ризик-фактори за електролитен дисбаланс.

...инаку кој доктор, ете и педијатар нека е, дава чист раствор на гликоза на дехидрирано шестгодишно дете и тоа истечено 500 мл, па дополнително ставиле уште 500мл, кога веќе постои хипоглусал раствор кој е комбинација на физиолошки и гликоза, а девојчето со покачена гликемија во крвта?

...мајките се едуцирани уште од раѓање на бебето дека при дехидратација на бебето од било која причина се дава прашок за рехидратација кој ќе го растворат во вода давајќи капка по капка како идеален баланс помеѓу декстроза и соли (електролити), кои се одговорни за воспоставување на нормално ниво на базна киселина, а не само од „шеќер“ (гликоза).

Да се потсетиме:

Што се електролити и која е нивната важност за нашиот организам?
Електролитите се минерали односно позитивно и негативно наелектризирани јони и се неопходни за живот и правилно функционирање на организмот, ги регулираат нервни и мускулни функции, хидратација на телото, pH на крвта, крвниот притисок и обновување на оштетените ткива.

Во нашето тело постојат различни механизми кои ја одржуваат концентрацијата на електролити во рамнотежа неопходна за правилно функционирање на телото, мускулите и невроните зависат од движењето на електролитите помеѓу екстрацелуларната, меѓуклеточната и интрацелуларната течност (течност внатре, надвор или помеѓу клетките).

За контракција на мускулите потребни се калциум (Ca2 +), натриум (Na +) и калиум (K +). Нарушено ниво на електролити може да доведе до мускулна слабост или мускулни грчеви, срцето, мускулите и нервните клетки користат електролити за да го одржат напонот во клеточните мембрани и да ги пренесат електричните импулси до другите клетки.

elektroliti.jpg

Во нашето тело од електролити се важни:
натриум (Na +),
калиум (K +),
калциум (Ca2 +),
магнезиум (Mg2 +),
хлорид (Cl1-)
водород фосфат (HPO42-).

Натриум (Na +)
Тој е еден од најважните електролити во телото. Тоа е позитивно наелектризиран екстрацелуларен јон и е важен за одржување на волуменот на крвта и киселинско-базната рамнотежа на течности, како и функцијата на нервите и мускулите.

Калиум (К +)
За разлика од натриумот, калиумот е интрацелуларен позитивно наелектризиран јон, иако може да се најде и надвор од клетката. Учествува во преносот на нервните импулси и има улога во мускулните контракции, важен е за контролата на крвниот притисок, клеточната делба, развојот на ембрионот и друго.

Калциум (Ca2 +)
Калциумот е најзастапениот есенцијален макро минерал во нашето тело. Се наоѓа во коските и забите, а дел во лимфата и другите телесни течности. Учествува во голем број функции - од згрутчување на крвта, регулирање на отчукувањата на срцето до пренос на импулси.

Магнезиум (Mg2 +)
Исто така е суштински минерал со повеќекратна улога во телото. Се наоѓа во клетките, коските и учествува во нивната изградба, важен е во функцијата на централниот нервен систем и одржувањето на нормалниот крвен притисок.

Хлорид (Cl1-)
Хлоридот е најголемиот анјон (негативен јон) и се наоѓа во екстрацелуларната течност. Заедно со натриумот, делува на одржување на рамнотежата и притисокот на различните течности во телото. Тој е важен и за одржување на киселоста, а најмногу го добиваме (како и натриумот) од солта во исхраната.

Водород фосфат (HPO42- )
Анјонот кој е присутен во најголем процент во коските, а остатокот е внатре во клетките. Тој игра важна улога во градењето на коските и забите, производството на енергија, работата на мускулниот и нервниот систем и регенерацијата на ткивата.

Симптоми кои укажуваат на нерамнотежа
Променетите нивоа на магнезиум, натриум, калиум или калциум може да предизвикаат еден или повеќе од следниве симптоми:
  • неправилно чукање на срцето
  • слабост
  • тикови и грчеви во мускулите
  • абнормален крвен притисок
  • конфузија
  • напади
  • интоксикација
  • замор, летаргија
  • конвулзии
  • болест на коските
  • нарушувања на нервниот систем
За дијагностицирање на електролитниот дислбаланс постојат повеќе типови на тестови – проверката на електролитите во крвта, тестови на урината, а во дијагностицирањето можат да помогнат и ЕКГ и рентген снимање на бубрезите.

... едни кажуваат дека девејчето било донесено со висока температура, други дека немало температура, прашање дали во овој период било вакцинирано со програмата за задолжителна имунизација ?

img-1.png
 
Член од
3 јануари 2023
Мислења
7.059
Поени од реакции
4.551
Ужас. Македонско семејство плаќа 27.000 евра за операција на рак плус 6.000 евра за „советување“.

Пациент на приватно лекување, на пример во Австрија ако не е здравствено осигуран, плаќа само за хемотерапијата 10.000 - 20.000 евра
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.232
Поени од реакции
7.039
Таткото изјавува едно лекарите друго, стандард кај нас.
Кој знае што е точно.
Според неговата изјава чупето било омалаксано, повраќало шлајм, го однесле на болница и на 9 шеќер тие му ставиле чиста гликоза.
Ова не ми е верно, али во нашата држава се е можно
... да се почека извештајот од судска медицина, да не се шпекулира.

Дехидратацијата е еден од најголемите ризик-фактори за електролитен дисбаланс.

...инаку кој доктор, ете и педијатар нека е, дава чист раствор на гликоза на дехидрирано шестгодишно дете и тоа истечено 500 мл, па дополнително ставиле уште 500мл, кога веќе постои хипоглусал раствор кој е комбинација на физиолошки и гликоза, а девојчето со покачена гликемија во крвта?

...мајките се едуцирани уште од раѓање на бебето дека при дехидратација на бебето од било која причина се дава прашок за рехидратација кој ќе го растворат во вода давајќи капка по капка како идеален баланс помеѓу декстроза и соли (електролити), кои се одговорни за воспоставување на нормално ниво на базна киселина, а не само од „шеќер“ (гликоза).

Да се потсетиме:

Што се електролити и која е нивната важност за нашиот организам?
Електролитите се минерали односно позитивно и негативно наелектризирани јони и се неопходни за живот и правилно функционирање на организмот, ги регулираат нервни и мускулни функции, хидратација на телото, pH на крвта, крвниот притисок и обновување на оштетените ткива.

Во нашето тело постојат различни механизми кои ја одржуваат концентрацијата на електролити во рамнотежа неопходна за правилно функционирање на телото, мускулите и невроните зависат од движењето на електролитите помеѓу екстрацелуларната, меѓуклеточната и интрацелуларната течност (течност внатре, надвор или помеѓу клетките).

За контракција на мускулите потребни се калциум (Ca2 +), натриум (Na +) и калиум (K +). Нарушено ниво на електролити може да доведе до мускулна слабост или мускулни грчеви, срцето, мускулите и нервните клетки користат електролити за да го одржат напонот во клеточните мембрани и да ги пренесат електричните импулси до другите клетки.

Прегледај го приврзокот 372958

Во нашето тело од електролити се важни:
натриум (Na +),
калиум (K +),
калциум (Ca2 +),
магнезиум (Mg2 +),
хлорид (Cl1-)
водород фосфат (HPO42-).

Натриум (Na +)
Тој е еден од најважните електролити во телото. Тоа е позитивно наелектризиран екстрацелуларен јон и е важен за одржување на волуменот на крвта и киселинско-базната рамнотежа на течности, како и функцијата на нервите и мускулите.

Калиум (К +)
За разлика од натриумот, калиумот е интрацелуларен позитивно наелектризиран јон, иако може да се најде и надвор од клетката. Учествува во преносот на нервните импулси и има улога во мускулните контракции, важен е за контролата на крвниот притисок, клеточната делба, развојот на ембрионот и друго.

Калциум (Ca2 +)
Калциумот е најзастапениот есенцијален макро минерал во нашето тело. Се наоѓа во коските и забите, а дел во лимфата и другите телесни течности. Учествува во голем број функции - од згрутчување на крвта, регулирање на отчукувањата на срцето до пренос на импулси.

Магнезиум (Mg2 +)
Исто така е суштински минерал со повеќекратна улога во телото. Се наоѓа во клетките, коските и учествува во нивната изградба, важен е во функцијата на централниот нервен систем и одржувањето на нормалниот крвен притисок.

Хлорид (Cl1-)
Хлоридот е најголемиот анјон (негативен јон) и се наоѓа во екстрацелуларната течност. Заедно со натриумот, делува на одржување на рамнотежата и притисокот на различните течности во телото. Тој е важен и за одржување на киселоста, а најмногу го добиваме (како и натриумот) од солта во исхраната.

Водород фосфат (HPO42- )
Анјонот кој е присутен во најголем процент во коските, а остатокот е внатре во клетките. Тој игра важна улога во градењето на коските и забите, производството на енергија, работата на мускулниот и нервниот систем и регенерацијата на ткивата.

Симптоми кои укажуваат на нерамнотежа
Променетите нивоа на магнезиум, натриум, калиум или калциум може да предизвикаат еден или повеќе од следниве симптоми:
  • неправилно чукање на срцето
  • слабост
  • тикови и грчеви во мускулите
  • абнормален крвен притисок
  • конфузија
  • напади
  • интоксикација
  • замор, летаргија
  • конвулзии
  • болест на коските
  • нарушувања на нервниот систем
За дијагностицирање на електролитниот дислбаланс постојат повеќе типови на тестови – проверката на електролитите во крвта, тестови на урината, а во дијагностицирањето можат да помогнат и ЕКГ и рентген снимање на бубрезите.

... едни кажуваат дека девејчето било донесено со висока температура, други дека немало температура, прашање дали во овој период било вакцинирано со програмата за задолжителна имунизација ?

Прегледај го приврзокот 372959
И сега што мислиш дека бил проблемот кај девојчето вака како резиме на изнесениов пост?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom